fbpx
Таг: Штип

таг: Штип

Затворен патот Свети Николе – Штип

Магистралниот пат Свети Николе - Штип е привремено затворен за сообраќај поради изградба на автопатот Миладиновци - Штип, кај клучката Кадрифаково. Целокупниот сообраќај е пренасочен кон регионалниот пат Р1204.

Големите загадувачи мора да го известат Министерството за животна средина

Македонското законодавство уште пред две годни пропишало донесување Национален регистер на загадувачи на животната средина и изработен е национален софтвер со географски приказ на загадувачите. Кои се, каде се наоѓаат и каков вид загадување вршат – тоа се податоците што преку интернет-страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) треба да бидат достапни до сите граѓани. Големите загадувачи...

Заев од Штип: СДСМ ќе ги води народните протести

„Злоупотребата на власта боли силно. Ќе мора да излеземе, толку беше. СДСМ ќе ги води протестите, но тоа нема да бидат партиски протести , туку протести на сплотен народ. Сите партиски симболи ќе ги тргнеме настрана. Ајде сите да си ја вратиме слободата. Протестите се неминовност. Сите што имаат порив за протест да се обединат и заедно да си ја...

Штипска „бомба“: Бонева – студентка, Захариев – бандит, а Пешевски – нечесен куп месо

Граѓаните во Штип се вклучуваат во враќањето на демократијата во Македонија. Каква била инволвираноста на штипскиот универзитет во матни зделки со власта и како бизнисмените во Штип кои не сакаат да соработуваат со власта се притискани од неа, како за вработување на Универзитетот „Гоце Делчев“ е доволно само некој да се повика на Антонио Милошоски, се дел од разговорите...

СДСМ утре со „бомба“ во Штип

Нови снимки со прислушувани разговори опозицискиот СДСМ ќе објави утре, на прес-конференција во Штип. Претседателот на општинската организација во Штип, Владимир Милошев, не даде детали за содржината на разговорите што ќе бидат објавени и ги повика граѓаните на попладневниот марш, кој ќе го предводи лидерот Зоран Заев. - Маршот ќе почне пред новата Пошта, во населбата 8 Ноември, ќе се...

Средношколците во Штип се подготвуваат за матура, бојкот нема

Во сите средни училишта во Источна Македонија редовно се изведува настава, а почнаа и активностите со матурските испити. Во тек е оценувањето на матурските задачи. Во гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип, потврдија дека математика ќе се полага и тоа во еден клас, со математичка насока. Другите шест класа нема да полагаат математика. Во училиштата сè уште има дилема дали полагањето...

Загина возач на такси во Штип

50-годишен возач на такси-возило загина во тешка сообраќајна несреќа откако на неговото возило налетал џип „бе-ем-ве“, со кој управувал студент од Турција. Во несреќата се повредени и двајца патници во такси-возилото, меѓу кои и бремена жена. Во отсуство на официјални полициски информација, дознаваме дека несреќата се случила ноќеска, кратко по полноќ, во близина на автобуската станица во Штип. Неофицијално, џипот...

СДСМ: Каде беа вчера штипјани?

Во салата „Јордан Мијалков“ во Штип, вчера беше цела Македонија, но најмалку луѓе од Штип, рече на прес-конференција општинскиот лидер на СДСМ, Владимир Милошев. Според Милошев, на вчерашниот таканаречен „сенароден собир во Штип“, ВМРО-ДПМНЕ доживеа уште едно големо фијаско. - Во градот пристигнаа четириесетина автобуси, а во салата имаше сè освен штипјани - изјави Милошев, според кого, ова е резултат на...

Груевски од Штип: Продолжуваме и никој нема да нè запре

Владејачката ВРМО-ДПМНЕ денеска го одржа народниот собир во Штип, на кој лидерот на партијата, Никола Груевски, покрај ретроспективата на реализираните инфраструктирни и економски проекти и најавата за нови, упати порака до опозицијата дека „колку и да се мачат“ со нивните сценарија за доаѓање на власт и да „одработуваат за странската служба“, тие ќе продолжат со проектите и никој нема...

ВМРО-ДПМНЕ со голем народен собир утре во Штип

ВМРО-ДПМНЕ утре во Штип, во 13 часот ќе одржи голем народен собир, како дел од карванот на собири што владејачката партија ги организира низ Македонија. Собирот ќе се одржи во спортската сала „Јордан Мијалков“, која има капацитет од 400 седишта. Според познавачите, објектот може да прими до 5.000 луѓе. Се очекува на собирот да присуствуваат партиски симпатизери, членови на ВМРО-ДПМНЕ и...

Промоција на документарци на студенти по режија

Првата генерација студенти на Факултетот за филмска режија од Штип, во класата на Антонио Митриќески, вечерва ќе прикаже краткометражни документарни филмови. Ова ќе биде и прво претставување на филмови на студенти по филмска режија, како дел од испитни активности. Ќе бидат прикажани осум филмови, на тема автопортрет. Филмовите на студентите Викторија Витанова, Ѓорѓи Лазов, Тања Симоновска, Александра Донева, Зоран Лазаров, Никола...

Саботиран маршот на штипските средношколци

Штипските средношколци денеска не го одржаа најавениот протест против екстерното тестирање и реформите во средното образование, бидејќи, според тврдењата на триесетината средношколци кои, сепак, се собраа, некој телефонски се јавил и кажал дека се одложуваат протестите во сите градови. Учениците беа збунети и не знаеја точно да кажат кој им ја протурил информацијата. Триесетината средношколци кои, сепак, се собраа, го искажаа...

Тринаесетта плата за административците

Административците ќе добијат тринаесетта плата, но, само мал дел од нив. Со тринаесетта плата ќе бидат наградени пет отсто од најдобрите во администрацијата, според оцените што ќе ги добијат од граѓаните и од нивните претпоставени. Ова се законските новини што ги претстави министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски. - Дополнително, во однос на напредокот на кариерата за вработените, се...

Ивановски во посета на Штип

Mинистерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денеска ќе одржи работен состанок со претставници на институции во Штип. На средбата ќе се дискутира за спроведувањето на новите закони за администрација, Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор. Настанот ќе се одржи во просториите на Општина Штип.

Отворени 100 работни места во новата фабрика „Актива аутомотив“ во Штип

Сто нови работни места се отворени во новата фабрика „Актива аутомотив“ во индустриската зона во Штип, која беше пуштена во употреба денеска. Планираната изградба на нови погони, според најавите, треба да овозможи дополнителни 200 вработувања. Во фабриката се произведуваат заварени склопени елементи за шасии за автобуси за потребите на белгиската „Ванхул“, која има производни капацитети во ТИРЗ „Бунарџик“ во Скопје. Според...

Покрената донаторска акција да се транспортира тело на покоен штипјанец

Семејството на 33-годишниот штипјанец Сашо Коцев не може да го пренесе телото на својот покоен син, кој бил прегазен во Шпанија. Коцев, кој во Шпанија живеел веќе неколку години, бил прегазен од својот другар, кој управувал камион кој се движел наназад. Семејството Коцеви е во контакт со македонската амбасада во Шпанија, меѓутоа не може да обезбеди доволно средства за транспорт...

29-годишник полово нападнал две деца во Штип

Во средата попладне, во штипската полиција, татко го донел својот 13-годишен син, со тврдење дека бил полово нападнат од возрасен маж. Кога полицијата тргнала со истрагата, бил откриен уште еден случај на силување. Во 24 часа, 29-годишен штипјанец полово злоупотребил уште едно малолетно момче. Се работи за 16-годишник со пречки во развојот. Нападот го извршил во понеделникот вечерта, во...

Во Штип исчезнала 17-годишна девојка

Вчера во полициската станица во Штип, било пријавено исчезнување на 17-годишната Н.М. од страна на нејзиниот татко. Девојката исчезнала откако отишла да се прошета, по што не се вратила. Од МВР информираат дека преземаат мерки за да се пронајде лицето.

Штип од поплавите претрпе шета од 700.000 евра

Само 12 семејства од Источна Македонија се на листата за владина помош по големите поплави од почетокот на годината. Овие семејства ќе добијат меѓу 14.000 и 120.000 денари, во зависнот од процените на претрпените штети. Од друга страна, околу 700.000 евра изнесуваат пријавените штети на штипјани. Општинската комисија за процена на штетите го комплетира извештајот, според кој, најголеми штети...

Втора поплава во Лакавичко за еден месец

Триесетина семејни и викенд-куќи се поплавени изминатиот викенд во лакавичкото поле кај Штип. Врнежите не беа многу интензивни, меѓутоа, испуштањето на водата од браната Мантово придонесе за втора поплава во еден месец во овој крај. Жителите низ солзи раскажуваат дека водата надошла сред ноќ, додека спиеле. - Се разбудив ноќта околу два часот и што да видам. Водата дошла до...

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...