fbpx

Тринаесетта плата за административците

-

Административците ќе добијат тринаесетта плата, но, само мал дел од нив. Со тринаесетта плата ќе бидат наградени пет отсто од најдобрите во администрацијата, според оцените што ќе ги добијат од граѓаните и од нивните претпоставени. Ова се законските новини што ги претстави министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.

– Дополнително, во однос на напредокот на кариерата за вработените, се поставуваат на почетокот на годината објективни индикатори од претпоставените и врз база на тие индикатори ќе се мери успешноста на вработениот. Оценувањето ќе биде многу пообјективно од она што денес го има во Република Македонија, каде ќе оценуваат тие што се ваши колеги, од граѓаните и од тие што се над и под вас и, се разбира, најдобрите пет проценти од вработените ќе добијат тринаесетта плата – вели Ивановски.

Со новата систематизација што ја подготвуаат во државните и во општинските инститиции, нема да може да се вработуваат повеќе од 50 отсто од бројот на веќе вработените. Ова се законските измени кои важат во државната, општинската и во јавната администрација.

Министерот Ивановски не кажа каде се вклопуваат оние 3.000 луѓе со привремени договори, на кои ќе им биде трансформиран работниот однос.

Неколку синдикати минатата недела ги критикуваа законските измени, особено во делот на покажување на скапиот сертифакт за познавање јазик, кој на секои две години ќе треба сами да си го плаќаат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(АНАЛИЗА) Наплата на даноци и трошоци за плати и комуналии во 2023: Струга, Тетово, Чаир и Скопје

„Договорни услуги“ во износ од стотици илјади евра, платите и придонесите доминантна трошковна ставка во буџетите на локалните власти. Во второто продолжение на „Анализа“ се претставуваат податоци за приходите...