fbpx

Големите загадувачи мора да го известат Министерството за животна средина

-

Македонското законодавство уште пред две годни пропишало донесување Национален регистер на загадувачи на животната средина и изработен е национален софтвер со географски приказ на загадувачите. Кои се, каде се наоѓаат и каков вид загадување вршат – тоа се податоците што преку интернет-страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) треба да бидат достапни до сите граѓани. Големите загадувачи имаат обврска еднаш годишно да го известуваат Министерството за емисијата на загадување со нивното работење. Невладината „Флорозон“ од Скопје, во соработка со МЖСПП, денеска во Штип одржа работилница за полнењето со податоци на овие две алатки, со кои, според Кирил Ристовски од „Флорозон“, во секое време ќе се има преглед на состојбата со загадувањето.

– Оваа обврска произлегува од Меѓународниот протокол за регистри на испуштање и пренос на загадувачки материи на ОН, што Република Македонија го има потпишано во 2012 година. Веќе следната година е издаден правилник за водење на национален регистер на загадувачи, од каде произлегува обврската на секој голем загадувач да го известува Министерството за заштита на животната средина и просторно планирање за степенот на загадување што го врши со својата работа – изјави Ристовски.

Меѓутоа, начинот на пропишаното известување во практика се покажал како проблематичен за големите рудници во Источна Македонија. Според претставниците на „Саса“ и на „Бучим“, Македонија има неусогласени вредности на дозволено загадување со тоа на ЕУ. Поточно, тоа што за Македонија е дозволено загадување, за Европската унија е загадување штетно по околината и човековото здравје. Поради тоа, нивната забелешка беше дека македонското законодавство не е ни приближно до тоа на ЕУ, во време кога се усогласуваме со законите и со прописите на Унијата.

Претставникот на „Фени индустри“ за екологија, Оливије Дезаведави, се спротистави на навиката една инсталација веднаш да се идентификува како загадувач.

– Регистерот е добра алатка за сите и за индустријата и за животната средина, да се знае што има како емисија во државата. Ако сум на местото на министерот, пред мене на компјутер ќе имам преглед на сите податоци. Мислам дека е добра алатка, за која треба заедно да работиме за да биде уште подобра – рече Дезаведави.

Невладината „Флоразон“ планира уште две вакви работлници, од кои една за операторите, локалната власт и за граѓанскиот сектор во Западна Македонија и третата во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...