fbpx
Таг: Северна Кореја

таг: Северна Кореја

Пјонгјанг испали три балистички ракети во Јапонското Море

Американската војска соопшти дека Северна Кореја испукала од покраината Гвангвон три балистички проектили со краток домет кои летале 250 километри и паднале во Јапонското Море. По минатомесечното испукување интерконтинентални балистички ракети, Пјонгјанг се закани дека ќе ги насочи своите проектили кон американскиот остров Гуам, но најновите нуклеарни тестови не се закана ниту за САД, ниту за островот, соопшти американската војска. -...

Американците го поставиле системот „Патриот“ во Јужна Кореја

Американската војска го поставила во Јужна Кореја противвоздушниот систем „Патриот“ за да одговори на заканите за ракетен напад од Северна Кореја. Како што се наведува, 35-та бригада на американската војска во моментов ја обучува јужнокорејската војска како да ракува со системот. Покрај „Патриот“, бригадата веќе поседува 13 ракетни системи, меѓу кои ПАК-2 со четири ракети и ПАК-3 со 16 ракети и...

Кина го прекинува увозот од Северна Кореја

За три недели Кина ќе престане да увезува севернокорејски јаглен, риба и друга стока предвидена со санкциите кои Обединетите нации ги воведено кон Северна Кореја поради нејзината нуклеарна програма. Царинската служба на Кина најави дека од 5 септември на полноќ ќе престанат процедурите што се однесуваат на увоз на стока од Северна Кореја. „После тоа, увозот на стока ќе биде забранет“,...

Кина бара од Вашингтон и од Пјонгјанг да се воздржат од запалива реторика и акции

Кинескиот претседател Кси Џинпинг денеска ги повика Вашингтон и Пјонгјанг да се воздржат од „запаливата реторика и акции“ кои можат да ги зголемат тензиите на Корејскиот полуостров, јавуваат светските медиумите. Кси Џинпинг во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп рекол дека Пекинг и Вашингтон се заинтересирани за запирање на нуклеарната програма на Северна Кореја. „Релеватните страни мора да се...

Повеќе од три милиони севернокорејци се пријавиле во војска, тврди Пјонгјанг

Северна Кореја денеска соопштила дека речиси три и пол милиони работници, членови на партијата и војници доброволно се пријавиле во народната војска за да пружат отпор на новите санкции на Обединетите нации и за да се борат против САД, како резултат на актуелните тензии помеѓу Пјонгјанг и Вашингтон, јавуваат светските агенции. Официјалниот весник на Северна Кореја, „Родонг Синмун“ пишува дека...

Војната со Северна Кореја би била катастрофална, смета Матис

Министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис, предупреди дека војната со Северна Кореја би била катастрофална. Тој наведе дека односот на двете држави треба да се реши по дипломатски пат. Матис изјави дека трудот на САД се канализира по дипломатски пат и акција и дека на тој начин се добиваат резултати. - Трагедијата на војната на сите им е позната – рече...

ЕУ ги прошири санкциите кон Северна Кореја

Европската Унија денеска ги прошири сакнциите кон Северна Кореја, додавјќи на црната листа неколкумина севернокорејски функционери и фирми, јавуваат светските агенции. Ваквата одлука на ЕУ следи по заострувањето на реториката меѓу Северна Кореја и САД поради нуклеарните проби и тестирањата на балистички ракети што ги врши Пјонгјанг. На списокот, како што пренесуваат агенциите, се додадени девет лица и четири фирми....

Тилерсон: Нема непосредна опасност од Северна Кореја

Американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон, непосредно пред слетувањето во Гуам, изјави дека не верува дека постои непосредна закана од Северна Кореја и дека Американците не треба да бидат загрижени. - Претседателот испрати силна порака и тоа на јазикот што Ким Јонг-ун единствено го разбира – рече Тилерсон. Претходно Пјонгјанг предупреди дека може да испука ракети во насока кон американскиот остров Гуам во...

Трамп бара цврста и одлучна реакција кон Северна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп им заблагодари на државите што се приклучија кон санкциите за Северна Кореја поради нејзината нуклеарна програма. Пјонгјанг во јули тестираше две интерконтинентални балистички ракети. „По многу неуспех, конечно одлучивме заедно да реагираме на опасноста што ја претставува Северна Кореја. Мораме да бидеме цврсти и одлучни“, напиша Трамп на „Твитер“. https://twitter.com/realDonaldTrump/status/894880193839497216 Советот за безбедност на ОН во саботата донесе нова резолуција за...

Доналд Трамп стави потпис на санкциите за Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша законот со кој се воведуваат санкции за Русија поради мешање во минатогодишните американски избори, а санкции се предвидени и за Иран и за Северна Кореја. Членовите на Конгресот речиси едногласно се изјаснија за легислативата, што им овозможи да отстранат секаква шанса за вето од претседателот. Законот поставува нови ограничувања за американските компании што работат со руски енергетски...

Трамп е подготвен за војна со Северна Кореја, тврди сенаторот Грејем

Американскиот сенатор Линдзи Грејем изјави дека претседателот Доналд Трамп е подготвен за војна со Северна Кореја доколку Пјонгјанг продолжи да се обидува да ги погоди САД со нуклеарни проектили. - Претседателот Трамп рече: „Нема да ви дозволам да направите интерконтинентална балистичка ракета со боева глава за да ја погодите Америка“. Тие се движат во една насока и нема да ја...

Американскиот Сенат усвои нови санкции за Русија

Американскиот Сенат речиси едногласно ги усвои новите санкции кон Русија. Документот сега треба да оди на потпис кај претседателот Доналд Трамп, кој има право на вето. Рускиот претседател Владимир Путин, кој повеќепати негираше дека Москва се мешала во претседателските избори во САД и користела нелегални кибернетички методи, се закани со контрамерки доколку предлог-законот биде потврден. Сенатот со 98 гласа „за“ и...

Претставничкиот дом на САД усвои нови санкции за Русија, Иран и за Северна Кореја

Со 419 гласови „за“ и само три „против“, Претставничкиот дом на американскиот Конгрес синоќа го усвои предлог-законoт за воведување дополнителни санкции кон Русија, Иран и кон Северна Кореја. Законот го поддржаа и републиканците и демократите, и покрај противењето на американскиот претседател Доналд Трамп. Законот сега треба да оди на гласање во Сенатот, по што треба да биде одобрен и од...

ЕУ размислува за нови санкции кон Северна Кореја

Европската Унија соопшти дека размислува за проширување на санкциите кон Северна Кореја поради првото тестирање на интерконтинентални балистички ракети. ЕУ во соопштението го осуди сверенокорејското тестирање, нарекувајќи го „сериозна закана за меѓународниот мир и безбедност“ и повика на запирање на таквите постапки. Заедно со постојните санкции, ЕУ ќе „размислува и за понатамошни одговори во координација со партнерите и со Обединетите нации. ЕУ исто така ги...

Северна Кореја успешно тестирала интерконтинентална балистичка ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека извршила успешно тестирање на интерконтинентална балистичка ракета, јавуваат светските агенции. Лансирањето на ракетата „хвасонг-14“ го следел и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, кој го наредил тестирањето, било наведено во специјалната емисија на севернокорејската телевизија. „Тестирањето на интерконтиненталната ракета е голем успех во историјата на нашата Република. Северна Кореја е јака нуклеарна сила која може да...

Северна Кореја се закани дека ќе ја погуби поранешната претседателка на Јужна Кореја

Северна Кореја соопшти дека се обврзува да ги погуби поранешната претседателка на Јужна Кореја, Парк Геун-хје, и шефот на разузнавачката служба кој на позицијата бил за време на нејзината власт. Пјонгјанг ги обвинува за планирање на убиство на врховниот севернокорејски лидер, Ким Јонг-ун. Официјалната новинска агенција на Северна Кореја КЦНА објави дека Северна Кореја бара од Јужна Кореја да ги предаде Парк...

Северна Кореја тестирала нов ракетен мотор

Северна Кореја тестирала нов ракетен мотор кој би можел да се користи за интерконтинентална балистичка ракета, изјавил доцна синоќа неименуван американски функционер, јавуваат светските агенции. „Ракетниот мотор е тестиран во четвртокот“, рекол за агенциите функционерот, но не изнел други детали. Шефот на американската дипломатија, Рекс Тилерсон, побарал во средата од Кина, која е единстевниот сојузник на Северна Кореја, да изврши дополнителен...

Русија: Амбициите на Северна Кореја се директна закана за Москва

Заменик-министерот за одбрана на Русија, Александар Фомин, денеска изјави дека амбициите на Северна Кореја во поглед на нуклеарните оружја се „директна закана“ за Русија, јавуваат светските агенции. „Тоа не е само систем за противракетна одбрана, туку има конкретна цел. Затоа претставува вознемирувачка и директна закана за Русија. Наш принципиелен став е дека на тој начин се зголемува напнатоста во регионот“, рекол...

Северна Кореја е непосредна воена закана, смета министерот за одбрана на САД

Северна Кореја забрзано развива ракета со нуклеарна боева глава која може да претставува закана за Соединетите Американски Држави и за други земји, изјави денеска американскиот министер за одбрана, Џејмс Матис, говорејќи на меѓународна конференција во Сингапур. Министерот за одбрана на САД ја нарекол Северна Кореја „непосредна воена закана“, јавуваат светските агенции. Матис истакнал дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп...

Северна Кореја изврши трета проба за три недели

Северна Кореја утринава истрела уште една балистичка ракета која паднала во Јапонското Море, пред да прелета 450 километри. Ова е трета проба што Северна Кореја ја врши во период од три недели. Јужнокорејската војска соопшти дека „неидентификувана балистичка ракета е истрелана во 5.09 часот по локално време, од место во близина на пограничниот севернокорејски град Вонсана, во правец на исток“. „Ракетата, веројатно...

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...