ЕУ размислува за нови санкции кон Северна Кореја

Европската Унија соопшти дека размислува за проширување на санкциите кон Северна Кореја поради првото тестирање на интерконтинентални балистички ракети.

ЕУ во соопштението го осуди сверенокорејското тестирање, нарекувајќи го „сериозна закана за меѓународниот мир и безбедност“ и повика на запирање на таквите постапки.

Заедно со постојните санкции, ЕУ ќе „размислува и за понатамошни одговори во координација со партнерите и со Обединетите нации.

ЕУ исто така ги поддржа напорите на Јужна Кореја да преговара со Северна Кореја.

Јужна Кореја претходно денеска ја повика Северна Кореја на разговори за да се смират тензиите на полуостровот.