fbpx
Таг: САД

таг: САД

САД: Снимката на Ал Каеда за нападот на „Шарли ебдо“ е автентична

САД сметаат дека е автентична видеоснимката на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров, на која организацијата ја презема одговорноста за нападот на францускиот магазин „Шарли ебдо“, соопшти американскиот Стејт департмент. Портпаролката на Стејт департментот, Мари Харф, изјави дека американските претставници веруваат дека видеоснимката е автентична, но дека се утврдуваат специфичните аспекти на тврдењата на групата кои се изнесуваат во снимката. - Веруваме...

Уапсен Американец кој подготвувал напад на Конгресот

Маж од Охајо, кој тврди дека е симпатизер на Исламска држава, е уапсен синоќа поради напад на Капитол хил, стои во судските документи. Дваесетгодишниот Кристофер Корнет проучувал како се прават импровизирани направи, купил полуавтоматска пушка и 600 парчиња муниција и планирал да отпатува во Вашингтон и таму да го спроведе планот за напад. Корнел на „Твитер“ напишал дека ја поддржува Исламска...

САД ѝ доставија податоци на Франција за терористите

Американските тајни служби му доставија податоци на официјален Париз за движењето на лица кои се поврзани со минатонеделните терористички напади. Како што соопшти портпаролот на Белата куќа, Џош Ернес, податоците за историјата на патувањето на овие лица треба да помогнат во расветлување на настанот и да откријат кој сè е поврзан со него.

Мичиген: Еден загинат во верижен судир на 123 возила

Еден лице загина, а дваесетина се повредени при верижен судир на 123 возила во американската сојузна држава Мичиген. Како што јавуваат американските медиуми, едно од возилата е камион што превезувал пиротехнички средства. По судирот тој се запалил, додека друг камион што превезувал хемикалии, исто така, се превртел. Причина за несреќата се снегот и маглата кои придонеле за намалена видливост. https://www.youtube.com/watch?v=W9fI5M6_XVk

Новиот состав на американскиот Конгрес со рекорден број малцинства и жени

Новиот состав на американскиот Конгрес, кој денеска првпат ќе заседава, има рекорден број малцинства и жени, но, сепак, најголем дел од претставниците се бели мажи. Во двата дома на Конгресот, од вкупно 535 национални претставници, има 104 жени, а за првпат Афроамериканци од двата пола ги претставуваат двете најголеми американски партии - Демократската и Републиканската. Во Конгресот нема задолжителни квоти за...

Застрелани двајца полицајци во Бронкс

Двајца полицајци синоќа се ранети во њујоршкото предградие Бронкс, откако добиле дојава за грабеж. Полицијата трага по најмалку двајца напаѓачи, за кои се верува дека стрелале од возило во движење. Ранетите полицајци се хоспитализирани и се надвор од животна опасност, а полицијата почна истрага за наводниот грабеж.

Иран спречил агенти на Мосад да убијат нуклеарен научник

Елитните сили на иранската Револуционерна гарда изминатите две години успеале да ги спречат обидите на израелската разузнавачка агенција Мосад да убијат еден од водечките ирански нуклеарни научници, изјавил претставник на Ревулуционерната гарда, во извештаите на иранската новинска агенција „Фарс“, што ги пренесуваат израелските медиуми. „Во последните две години, ционистичкиот непријател (Израел) силно се обидуваше да убие еден ирански нуклеарен научник,...

Северна Кореја: Воведувањето санкции е контрапродуктивно

Севернокорејското министерство за надворешни работи соопшти дека воведувањето санкции од САД против Северна Кореја е контрапродуктивно и нема да предизвика слабеење на земјата. „Политиката на САД е насочена кон притисок и кон неосновано ширење негативни чувства кон Северна Кореја, а притоа само ја јакне нејзината решителност да го штити сопствениот суверенитет и достоинството на нацијата“, стои во соопштението. Американската администрација воведе...

Двајца полицајци ранети во Вирџинија

Двајца полицајци се повредени при престрелка во Вирџинија, која изби откако полицијата запре товарно возило и камион во кои имало две безживотни тела. Возачот на камионот отворил оган, при што ги повредил полицајците, но едниот од нов успеал да возврати и да го рани возачот во нога. Возачот на товарното возило побегнал, но подоцна се предал, соопшти полицијата. При претрес на возилата,...

Сент Луис: Полицијата со солзавец ги растерува разбеснетите демонстранти

Двајца полицајци се повредени, а четворица демонстранти се уапсени во немирите што избија во Сент Луис, откако полицаец, белец, застрела Афроамериканец, соопшти денеска полицијата. Allow me to revisit this pic to illustrate something else. The cop is holding the spray the same way. #AntonioMartin pic.twitter.com/ei4URmNGLZ — Dr. Cornel Fresh (@WyzeChef) December 25, 2014 Група демонстранти вчеравечер околу 45 минути го блокираа сообраќајот во предградието...

САД: Ѓоковиќ е спортист на годината!

Спортската академија на САД го прогласи српскиот тенисер Нова Ѓоковиќ за спортист на годината, со што тој се најде пред великаните како што се Лионел Меси, Флојд Мејведер, Рафаел Надал, Роро Мекилрој, Пејтон Менинг... Во изборот можеа да учествуваат љубителите на спортот од цел свет, но повеќето гласачи беа од САД. Во најтесниот круг влегоа 12 кандидати, најдобрите во своите...

САД: ИД не го урна јорданскиот Ф16

Вашингтон денеска негираше дека припадниците на сунитското екстремистичко движење Исламска држава успеале во источниот дел на Сирија да го соборат јорданскиот авион Ф-16, кој бил дел на меѓународната коалиција предводена од САД. Според САД, доказите укажуваат дека ИД не го соборила авионот, но не ги откри причините за падот. Сепак, американските воени власти потврдија дека припадниците на ИД успеале да...

Наскоро дронови ќе летаат во затворени простории

Американската воена истражувачка единица ДАРПА работи на развој на мали беспилотни летала кои би се користеле во затворени простории и кои би развивале брзина до 70 километри на час. Проектот кој го носи името „Програма за брза и лесна автономија“, посветен е на развој на поприлично застрашувачки дронови, а инспирацијата доаѓа од природата и тоа од еден вид јастреб. ДАРПА на...

Американската војска почна истрага против убиецот на Бин Ладен

Пентагон денеска почна истрага против претставник на поранешната елитната американска воена единица „Фоки“, поради јавното признавање дека тој лично во 2011 година го ликвидирал Осама бин Ладен. Како што соопшти портпаролот на американската морнарица, воените истражители засега ги разгледуваат обвиненијата против Роберт О’Нил за издавање доверливи информации на лица кои немаат овластувања за пристап до такви информации. Триесет и осумгодишниот О’Нил...

САД: Четворица загинати во торнадо во Мисисипи

Најмалку четири лица загинаа во торнадото што ја погоди сојузната американска држава Мисисипи. Како што јавуваат американските медиуми, најтешко погодено е гратчето Колумбија, во округот Мерион, каде бурата со себе носела автомобили и покриви од куќи. Според првичните извештаи, многумина се повредени, но засега не се знае точната бројка. https://www.youtube.com/watch?v=5ThYjzi85hk

Полицаец уби афроамерикански тинејџер во Сент Луис

Полицаец уби 18-годишен Афроамериканец на бензинска пумпа во Сент Луис, јавуваат американските медиуми. Жртвата е идентификувана како Антонио Мартин. Корисниците на социјалните мрежи се преплавени со фотографии и со видеозаписи од местото на инцидентот, а на некои од нив се гледа и расплаканата мајка на убиениот тинејџер. Scene where #antoniomartin's 18 year old body has been laying for 2 hours. pic.twitter.com/dUm7nwSXPQ —...

Рекорд: Венчален фустан тежок 17 килограми

Работниците на една американско-мексиканска компанија успеаја да го направат највеличествениот фустан на светот, за кој не е потрошен ниту еден сантиметар ткаенина. Венчалниот фустан, тежок 17 килограми, е изработен од 989.000 мониста, а за нивното нижење е потрошен најлонски конец во должина од седум километри. Монистите стигале од сите страни на светот, од Америка, Јапонија, Австралија, Кина, Чешка... А самиот заден...

Шведски програмер ја купи најскапата куќа во Беверли Хилс

Маркус Персон, основачот на компанијата што стои зад компјутерската игричка „мајнкрафт“, од неодамна ја поседува најскапата куќа во Беверли Хилс. Куќата, која вреди 70 милиони долари, се протега на површина од 2.136 квадратни метри, поседува осум спални соби и пет бањи, кино со 18 седишта, фонтана која може да се контролира преку „ајпад“, барови за вотка и за текила, како и „соба за...

Северна Кореја се закани со напад врз Белата куќа и врз Пeнтагон

Северна Кореја бара извинување од САД за „безобѕирното“ ширење неиздржани обвинувања дека Пјонгјанг стои зад хакерскиот напад на „Сони“, притоа заканувајќи се со „пропорционален одговор“ доколку претседателот Барак Обама не одговори на нивните барања. Според официјален Пјонгјанг, извештајот на ФБИ за хакерскиот напад на „Сони пикчрс ентертејмент“ се темели на „промислени обвинувања, а не на научни докази“ за вмешаноста на...

Русија ги оцени санкциите од САД како бескорисни

Русија ги оцени американските санкции како бескорисни и додава дека ќе возврати на мерките, но не прецизираше како. Москва во денешното соопштение вели дека ќе чека колку што е потребно САД да ѝ го признае историското право на полуостровот Крим, кој оваа година се отцепи од Украина и се припои кон Русија. Руското министерство за внатрешни работи денеска изрази жалење поради...

Пет илјади ученици полагаат тестови за меѓународната студија ТИМСС

Вкупно 5.000 ученици од 150 училишта во државата деновиве се тестираат за потребите на ТИМСС меѓународната студија. Како што информира Билјана Михајловска, директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ), децата...