fbpx

Иран спречил агенти на Мосад да убијат нуклеарен научник

-

Елитните сили на иранската Револуционерна гарда изминатите две години успеале да ги спречат обидите на израелската разузнавачка агенција Мосад да убијат еден од водечките ирански нуклеарни научници, изјавил претставник на Ревулуционерната гарда, во извештаите на иранската новинска агенција „Фарс“, што ги пренесуваат израелските медиуми.

„Во последните две години, ционистичкиот непријател (Израел) силно се обидуваше да убие еден ирански нуклеарен научник, но благодарение на навремената реакција на безбедносните сили, беше спречена оваа терористичка операција“, изјавил за агенцијата полковникот Јакуб Бакери, заменик на главниот офицер за врски на водзухопловните сили на Иран.

Во јуни 2012 година, Иран објави дека биле уапсени „сите елементи“ вмешани во убиствата на пет ирански нуклеарни научници, кои се случиле во предходните две години. Од агенцијата додаваат дека пред апсењето, иранската разузнавачка служба открила бази на Мосад „на територијата на еден од западните соседи на Иран“, кои ги обучувале и им помагале на убијците.

Израел никогаш официјално не даде коментар за убиствата, но западните медиуми, повикувајќи се на израелските разузнавачки извори, му ги припишаа ликвидациите на Мосад. Во март минатата година, американската ТВ-мрежа „Си-Би-Ес“ извести дека администрацијата на претседателот на САД, Барак Обама, вршела притисок на Израел да ги прекине убиствата.

„Целта им беше да се забави напредокот што го постигна Иран, а за кој Израел со сигурност смета дека е насочен на производство на нуклеарно оружје и да ги заплаши обучените и образовани Иранци да не се придружуваат на нуклеарната програма на земјата“, било наведено во извештајот на „Си-Би-Ес“. Равив известил дека се убиени најмалку петмина нуклеарни научници, најчесто во експлозии на автомобил-бомби.

„Неверојатно е израелските убијци досега да не бидат фатени, очигледно поради добро воспоставените сигурносни куќи на територијата на Иран, иако е можно неколку Иранци што му помагале на Мосад да биле уапсени и погубени“, се додава во извештајот на ТВ-мрежата.

Во извештаите се наведува дека израелскот премиер, Бенјамин Нетанјаху, дури и пред да дојде притисокот на администрацијата на Обама, му наредил на Мосад да престане со убиствата бидејќи не сакал да ризикува агентите да бидат фатени и обесени, пренесува израелскиот весник „Хаарец“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бислимоски: Изненадување е и за мене дека ЕСМ ќе ја продава струјата за 60 евра за мегават час

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски изјави дека за него е „изненадување“ дека Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), почнувајќи од 1 јули, ќе ја продава струјата...