fbpx
Таг: Rusija

таг: Rusija

Манипулација: Изјава на Зеленски во која зборува за хипотетичка ситуација, извадена од контекст

Во постот што го рецензираме надвор од контекст е извлечена само една реченица од која погрешно се интерпретира она што украинскиот претседател Володимир Зеленски го кажа на прес-конференцијата на годишнината од воената инвазија на Русија врз Украина. Од целиот одговор на Зеленски на прашањето на новинарот на Еј Би Си Њуз, што би им порачал на Американците коишто сметаат...

Путин ги користи „традиционалните и семејни вредности“ како оправдување за војната во Украина

Русија сака да се наметне и да се претстави како главен светски бранител на традиционалното и религиското, а тоа можеше да се забележи и во неодамнешниот говор на Путин, кој уште еднаш нагласи дека ова е „војна за заштита на нашите деца од деградација и дегенерација“. Наративот за „загрозените вредности“ обично се користи за да ги оспори западните ставови...

Ниту потврдено, ниту одречено регрутирањето доброволци од страна на Вагнер во регионот

Вагнер групата е приватна воена компанија, со изразени врски со руската влада, чиј сопственик е Евгениј Пригожин, именуван како „готвачот на Путин“ поради бројните зделки поврзани со подготовка и продажба на храна во и околу Кремљ. Втора значајна фигура на Вагнер е Дмитриј Уткин, поранешен припадник на специјалните сили на ГРУ – руската воена разузнавачка служба. Вагнер е таму...

Не е точно дека Украина регрутира 17-годишни деца и дека ја намалила границата на 16 години

Нема никакви докази за тврдењата оти Украина испраќа деца на воениот фронт да се борат против Русите. Ваквите тврдења се произволни и неосновани. Законот за воена служба на Украина забранува регрутација на лица под 18 години. Членот 15 од Законот за воена служба на Украина вели дека единствените лица на кои ова се однесува се „Украинските граѓани чиј пол е...

Русија не го прогласи доларот за невалидно платежно средство

Се пропушта контекстот кога се тврди дека Русија го прогласила доларот за невалидно платежно средство.Во Русија има недостаток на долари во кеш, поради што го има ограничено лимитот на долари коишто може да се вадат од банките. Инаку,  во Русија и пред воената инвазија платежната валута што можеше да биде користена во платниот промет беше рубљата, односно во менувачници може...

Наративот кој има за цел да создаде анти-НАТО и анти-ЕУ расположение на Косово

Фотографија од филмот „Тврдина на војната“, во која може да се види мало девојче во близина на нејзината убиена мајка, е споделено во неколку објави на Фејсбук и Твитер, и истата се поврзува со бомбардирањето на НАТО во поранешна Југославија. Во објавите лажно се пишува дека фотографијата е направена за време на бомбардирањата на НАТО, пренесува „Вистиномер“.   Мисијата на Русија...

Членовите 106 и 107 од Повелбата на ОН не дозволуваат напад на Русија врз Украина

Текстот на Повелбата на ОН содржи сосема спротивни принципи од она што се тврди во објавата на Фејбук. Не е точно дека Русија може да ја нападне Украина и дека само треба да ги извести победничките сили од Втората светска војна за таквиот чекор. Оваа дезинформација не потекнува од С. Македонија, туку претходно се споделувала и ширела во други...

Не е точно дека Германија ја води „својата трета светска војна“ против Русија

Германија не е страна во војната којашто Русија ја започна со Украина. Тоа го потврдува интернационалното право – да се стане страна во воениот конфликт бара формална декларација за војна или директно учество во специфични борбени операции. Од германската амбасада во Москва се децидни дека „помагањето на Украина да го одржи правото на самоодбрана против руската нелегална војна и агресија...

На експлицитната фотографија не е германската министерка Бербок

Во постот неточно се тврди дека експлицитна фотографија ја прикажува германската министерка Бербок. На експлицитната фотографија е прикажна друга девојка, а оваа невистината објава се користела во поголема кампања со дезинформации насочени кон Бербок уште пред две години, кога таа беше кандидат на Зелената партија да ја наследи Ангела Меркел на функцијата канцелар, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу...

Пост на социјалните мрежи шпекулира со хеликоптерската несреќа во близина на Киев

Постот шири паушални информации за хеликоптерската несреќа во Бровари, во близина на Киев. Сè уште нема официјални податоци зошто хеликоптерот се сруши. Украинскиот претседател Володимир Зеленски информира дека е започната истрага за причините кои довеле до несреќата и штом ќе бидат добиени првични официјални информации, истите ќе бидат споделени со јавноста. Значи, сè уште е рано да се каже...

Објава на социјалните мрежи манипулира за девизните резерви на Русија

Во објавата се тврди дека за неколку дена резервите на руската Централна банка пораснале за 4,5 милијарди долари и дека таа во јануари имала девизни резерви во висина од 582 милијарди долари.  Она што е прескокнато да се каже во оваа објава е дека повеќе од половина од овие средства Русија не може да ги користи. Околу 300 милијарди...

ПРЕПИШУВАЧИ: Како некритичкото пренесување на српска и руска пропаганда влијае на македонската јавност

Според поголем број истражувања и извештаи, Србија се перципира како еден од моќните сојузници на Русија на Балканот, како држава во која има голем број медиуми кои се под руско влијание/руска сопственост и држава во која многу граѓани имаат позитивно мислење за Русија и руската политика. Во исто време, според повеќе истражувања за голем број граѓани на Македонија, Србија...

Што објавувал Македонецот Тодоровски, кого Грозев го обвини за ширење руска пропаганда во медиумите

И покрај тоа што не е афирмиран новинар во земјава, Тодоровски успеал дури трипати да биде поканет од Русија да оди на „прес тури” во Украина, од каде потоа неговите согледувања и репортажи завршиле во македонските и во бугарските медиуми. Преку неговите извештаи од разни конференции со антизападни наративи, суптилно биле пренесувани ставови коишто одат во прилог на Кремљ,...

Војната во Украина, заканите за бомби и анти-НАТО реторика – главни дезинформациски наративи во декември

Дезинформациските наративи во декември забележани во медиумскиот простор во земјава, а кои се поврзани со странски влијанија и натаму во најголем број се поврзани со агресијата на Русија врз Украина, при што новина е тезата дека енергетското уништување на украинскиот електро-енергетски систем е нужност за да се дошло побрзо до мирот. На домашниот простор, покрај стандардните дезинформации поврзани со...

Контраспин: Апасиев без аргумент спинува дека народот е проруски

Резултатите од истражувањата на јавното мислење, колку и да се со стапици, сепак остануваат еден од најрелевантните аргументи кога се искажуваат ставови за мислењата или ориентираноста на граѓаните. Од неколку анкети може да се констатира дека постојат проруски чувства во РСМ , тие не се за занемарување, но исто така, факт е дека мнозинството од граѓаните сепак се прозападно...

Пропуштен контекст: Тенденциозно и наменски се тврди дека Зеленски забранува цркви

Во постот што го рецензираме, во којшто се тврди дека украинскиот претседател забранува цркви и опозициски партии, се пропушта контекстот. Зеленски кажа дека Украина ќе ги ограничи активностите на верските организации поврзани со Русија на нејзината територија и ќе го испита статусот на Православната црква, кој зависи од Московската патријаршија. Но, во постот не се споменува  дека Украина има...

Не е сеедно кој ја дава наградата

Некритичкиот однос на индивидуи, институции и невладини организации кон доделувањето разни награди поврзани со Руската Федерација, на што се надодава и посебно неаналитичкиот, па дури и дезинформациски пристап на медиумите при споделувањето на информациите за истите, може да има долготрајни и многу сериозни последици врз перцепцијата на граѓаните на руската агресија врз Украина, меѓутоа и многу погенерално, на вредносните...

Агресијата на Русија се коси со сите три принципи на меѓународната политика, со потенцијал да го измени светот

За да разбереме зошто дојде до конфликтот мора да разгледаме три различни, но сепак поврзани концепти на кои се темели меѓународната политика – суверенитет, територијален интегритет и политичка независност. Додека другите инвазии се косеа или прекршуваа еден или два од овие концепти, агресијата на Русија се коси со сите три принципи, вели професорот-истражувач Џејмс Кер-Линдзи. Тој додава дека „ова...

Преку дезинформации, Кремљ се обидува да ја избегне вината за предизвикување на енергетската криза

Преку „чад, огледала и гас“, Кремљ се обидува да ја избегне вината за зголемувањето на цените како резултат на енергетската криза. Фразата „чад и огледала“ се однесува на илузија од 19 век што магионичарите ја користеле за да проектираат слика во воздухот. Оттогаш оваа фраза го доби значењето на измама и делузија, пишува Еувсдисинфо, пренесува Portalb.mk. Од инвазијата на Украина...

„Готвачот на Путин“ Евгениј Пригожин призна вмешување во изборите во САД

Рускиот бизнисмен Евгениј Пригожин призна вчера дека се вмешувал во изборите во САД и порача дека ќе го прави тоа и во иднина. Ова е првото признание за нешто за што Западот долго време обвинува, а доаѓа од личност што беше обвинета од официјален Вашингтон за обиди за влијание во американската политика, јави Ројтерс. Во коментарите што службата за односи...

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...