fbpx
Таг: родово базирано насилство

таг: родово базирано насилство

Тренчевска-Фугер: Со новите проекти за социјална заштита ќе им помогнеме на ранливите категории на граѓани

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска денеска на средбата со австрискиот аташе за интернационални и билатерални односи и прашања од социјалната политика Харалд Фугер разговараше за проекти и активности на полето на социјалната заштита. Тие разменија и искуства за услугата за поддржано вработување на ранливата категорија на граѓани, за младите во ризик и нивно враќање во образовниот и...

Nisam Tražila: Четири жени се борат против родовото насилство во Босна и Херцеговина

Иницијативата „Нисам тражила“ започна кога четири студентки по уметност од Босна и Херцеговина (БиХ) — Матеја Маврак, Асја Крсмановиќ, Ана Тиквиќ и Надина Мичиќ — реагираа на откритијата за случаи на силување во соседна Србија. Претходно, српската актерка Милена Радуловиќ и уште неколку жени го пријавија сопственикот на белградската школа за глума, Мирослав Мика Алексиќ, за силување и сексуално...

Собраниска расправа за измените во Кривичниот законик за справување со насилството врз жените

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во Собранието на РСМ денеска организираше јавна расправа по предлог законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, која што има за цел меѓу другото и справување со насилството врз жените. На расправата се обрати и министерот за правда Бојан Маричиќ, којшто ја истакна важноста од усогласувањето на домашната правна рамка со...

Грижи се машки – Вклучување на мажите во превенција на родовото насилство

Во присуство на домашни и странски говорници, вчера 9 декември, се дискутираше за советувањето и работата со сторители на родово базирано насилство, аспектот на превенција на родово базираното насилство и поголемо вклучување на мажите во борбата против оваа појава. Конференцијата во организација на Реактор – истражување во акција и ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација насловена „Грижи се машки...

Од јануари до ноември стотина жени пријавиле дека биле малтретирани

Од почетокот на пандемијата на ковид-19 е зголемено семејното насилство заради тоа што многу од семејствата останаа затворени во домовите, велат во Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство. Во пресрет на крајот на кампањата за шестнаесетдневен активизам против родово базираното насилство која завршува денеска, Мета.мк поразговара со Цветанка Камчева Златева, менаџерка на женскиот центар за поддршка на...

Првата дама: Справувањето со насилството врз жените и девојките – наша обврска и одговорност

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, учествуваше на панел дискусијата „Истанбулската конвенција и новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените – Што ќе се промени во пристапот за спречување и заштита од насилство врз жените?“ oрганизирана од Канцеларијата на УНФПА во Република Северна Македонија во соработка со Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска,...

Сите што објавуваат слики, изјави и видеа од деца треба да размислат кои се можните последици

Деновиве неколку случаи поврзани со деца станаа главна вест. А, суровоста на онлајн јавноста, без разлика дали се работи за грашок, избор на музика или сериозен случај каде девојче е жртва на родосквернавење и трговија со деца, можеа да ја видат сите корисници на социјалните мрежи. Разните пишани и видео содржини со деца во медиумите и на социјалните мрежи, дури...

Воспоставени 13 специјализирани сервиси за згрижување на жени-жртви на насилство

Во функција за поголема поддршка на жените-жртви на насилство, во изминатиов период Министерството за труд и социјална политика работеше на воспоставување на 13 специјализирани сервиси за згрижување на жени жртви на семејно насилство и родово базирано насилство во 6 плански региони. „Факт е дека пред нас имаме уште работа, пред се во унапредувањето на услугите, мултисекторскиот пристап, раната детекција, како и...

Фемицидот е скриена пандемија: Не молчи, не трај, стави крај

„Насилството врз жените, вклучително и феноменот на семејно насилство претставува најгруба форма на кршење на човековите права. Фемицидот е најекстремната форма на родово базирано насилство, односно криминал сторен од омраза“, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната презентација на Анализата на случаи фемициди во рамки на глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ - Не...

Царовска: Учениците од најрана возраст треба да научат да препознаваат и да дејствуваат против сите форми на насилство

Насилството не смееме да го премолчиме. Сите заеднички треба да дејствуваме. Затоа, со новата Концепција, кај учениците уште од најрана возраст развиваме свесност и ги учиме да ги препознаваат и гласно да зборуваат против сите форми на насилство, вклучувајќи го и насилството врз девојчињата и жените, порача министерката за образование и наука, Мила Царовска на својот Фејсбук профил, приклучувајќи...

Меѓународен ден за елиминација на насилството врз жените: Потребна е промена во досегашниот пасивен однос

Денешниот ден, 25 ноември го одбележува Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените со кој започнува и светската кампања „16 дена активизам против насилството врз жените“. Неговото одбележување за прв пат станува официјализирано во 1999 година од страна на Обединетите Нации и истиот е дефиниран од страна на „Истанбулската Конвенција“ или Конвенција на Советот на Европа за спречување и...

Денеска во Скопје се отвора изложбата „The museum I didn’t ask for“

Во просторот Art Hub (ГТЦ, 2-ри кат) денеска, со почеток од 18 часот, ќе се отвори изложбата „The museum I didn't ask for“. Оваа активност е дел од “Radical idea: EquALLity” спроведувана од Linking, Engagement, Advocacy and Development - LEAD стипендистката Сашка Стефановска, финансиски поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Изложбата ги вклучува приказните на жртвите на родово-базирано...

Објавен повик за обуки за медиумски работници за унапредување на медиумската писменост за родово базираното насилство

Организацијата ХОПС – Опции за здрав живот Скопје во партнерство со Коалиција Маргини и Националната мрежа за борба против насилството врз жените и семејното насилство, објавува јавен повик за учество на обуки за унапредување на знаењата и вештините кај медиумските професионалци во областа на родово базираното насилство и насилството врз жени и девојчиња, но и за улогата на медиумските...

Владата и граѓанските здруженија заедно против родово и сексуално насилство, „Јавна соба“ ги забрзува законските измени

Покрај законската регулатива и превентивните мерки што секоја институција во системот за заштита има обврска да ги преземе заради елиминирање на насилството врз жените и семејното насилство, посебно е важна законската обврска за брзо и ефикасно постапување на Јавното обвинителстo и на судовите во изрекувањето на итни и на привремени мерки за заштита. Обвинителството и судот треба да ја...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...