Фото: Sincerely Media, Unsplash

Организацијата ХОПС – Опции за здрав живот Скопје во партнерство со Коалиција Маргини и Националната мрежа за борба против насилството врз жените и семејното насилство, објавува јавен повик за учество на обуки за унапредување на знаењата и вештините кај медиумските професионалци во областа на родово базираното насилство и насилството врз жени и девојчиња, но и за улогата на медиумските работници во борбата и сузбивањето на насилството врз жените.

На обуките може да се пријават заинтересирани медиумски работници од Скопје (новинар(к)и, истражувачки новинари, репортери, уредници, лица од институции/организации кои работат во полето на медиумите, лица од менаџментот на медиумите како и лица кои креираат и објавуваат статии и други содржини од наведената област на различни типови медиуми).

Дополнително, ќе бидат организирани уште две регионални обуки кои ќе дадат можност и за заинтересирани медиумски работници од други градови од државата.

За време на тридневните обуки, учесниците ќе се стекнат со знаења и вештини за: Родово базираното насилство и маргинализираните групи, Националното законодаство и системот на заштита на жртвите од родово базирано насилство и семејно насилство како и за најновите податоци од истражувања и Техниките за известување за родово базираното насилство и насилството врз жени и девојчиња.

По завршувањето на обуките, постои можност за ангажман за креирање на стории поврзани со темите од обуките, за бруто паричен надомест од 3.000 денари по лице. Лицата кои ќе работат на оваа задача ќе бидат избрани по завршувањето на сите планирани обуки, согласно систем на избор од страна на експертите обучувачи.

Во првиот циклус ќе бидат спроведени вкупно две обуки во Скопје кои ќе траат по три дена. Се работи за исти обуки, но во два различни термини а учесниците може да изберат еден од наведените термини за да се пријават, и тоа:

Прва обука од 10ти до 12ти Март 2021 – линк за пријавување за овој термин тука – пријавување најдоцна до 08.03.2021, до 16.00 часот

Втора обука од 24ти до 26ти Март 2021 – линк за пријавување за овој термин тука – пријавување најдоцна до 17.03.2021, до 16.00 часот

Поради типот на обуките и начинот на изведување на истите за да се постигне квалитетот кој е планиран според специјално дизајнираните Модули, бројот на учесници е строго ограничен. Обуките ќе бидат организирани согласно сите важечки мерки и протоколи за организирање на настани за намалување на ширењето и заштитата од ковид-19.

Трошоците за присуство на обуката, оброци и освежување за време на обуката – се на товар на организаторот.

Обуките ќе бидат реализирани врз основа на специјално креирани Модули единствени од ваков тип кај нас, од познати и признати експерти во областите на: медиумите, родовата еднаквост, Националното и меѓународното законодаство и системот на заштита на жртвите на родово базирано насилство, човековите права.

Повеќе информации може да добиете на електронската адреса: [email protected] (Елена Петровска, телефонски број: 075 207 187)

Обуките се одржуваат во рамки на проектот “Different discourse better reality, media in combating gender based violence – strenghtening media literacy on gender based violence” поддржан од UNWomen во Скопје.