fbpx
Таг: Reket

таг: reket

„Србија данас“ во „Рекет“ ја инволвира и Могерини – знаела, а не реагирала

Интернет порталот „Србија данас“, во текст посветен на аферата „Рекет“ во Северна Македонија, прави манипулација во насловот на текстот со што во аферата ја вовлекува и Федерика Могерини, еврокомесар за проширување во заминување и други луѓе од Европската комисија. Под наслов „Могерини знаела за криминалот на Заев и на Боки 13! Човекот кој го потресе Скопје најавува политички земјотрес“ (Mogerini...

Пендаровски: „Рекет“ не е критериум за добивање датум за преговори

Претседателот Стево Пендаровски се обрати на годишниот Амбасадорски совет кој годинава е посветен на европската перспектива на Македонија. По октомври кога очекуваме датум за почнување на преговорите со Европската унија, рече претседателот Пендаровски, почнува и долг процес на работа. „Дистрибуцијата на местата во Европскиот парламент е одлична за нас. Од 751 член, 506 се во групата проевропски сили. Таа поволна констелација...

УЈП од денеска ќе почне со контролите на фирмите и лицата поврзани со „Рекет“

Како што најави директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска УЈП од денеска почнува со контролите во фирмите на Бојан Јовановски и кај физичките и правните лица поврзани со случајот „Рекет“. - Ќе постапиме во делот кој се однесува на даноците. Ќе ги контролираме Меѓународниот сојуз, „1ТВ“, „БМЈ груп“ и сите останати даночни обврзници за кои преку анализите сме...

Српска „Политика“ опасно го врза „Рекет“ со Преспанскиот договор

Најстариот српски дневен весник „Политика“ вчера (21.08.2019) излезе со текст насловен: „Рекет“ фрла ново светло врз Преспанскиот договор („Reket” baca novo svetlo na Prespanski sporazum), во кој прави конструкција дека Договорот со Грција за решавање на спорот со името е изгласан со рекетирање . Овој влијателен весник анализирајќи ги случувањата со аферата „Рекет“, влече линкови со кои го врзува споменатиот...

Како Јанева ја дозакопа довербата во институциите во Северна Македонија

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, од хероина, чија силуета на летните маички ја носеа и младо и старо во налетот за уривање на владата на Груевски, заврши разочарувачки неславно во притвор за злоупотреба на службената должност. Личноста која требаше да биде ( а едно време и беше) лицето на борбата против длабоко корумпираната и криминализирана стара власт, заврши таму каде што...

Османи: „Рекет“ да не се злоупотребува за дневно-политички препукувања

Целосна поддршка на правосудните органи за брза, ефикасна и транспарентна постапка за расветлување на случајот „Рекет“, побара на денешната прес-конференција вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, нагласувајќи дека со тоа ќе се обезбеди враќање на довербата во институциите и владеењето на правото. Османи потенцираше дека остануваат неполни два месеца од клучните состаноци на ЕУ, на кои се очекува потврдата...

Судот ѝ одреди 30 дена притвор – Катица Јанева спроведена во истражниот затвор во Шутка

Кривичниот суд во Скопје вечерва одлучи да ѝ одреди 30 дневен притвор на спeцијалната јавна обвинителка Катица Јанева. Тоа го побара Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во врска со случајот „Рекет“, а притиворот е побаран поради „основано сомневање за злоупотреба на службената положба и овластувања и заради стекнување на лична корист“. Обвинителката Вилма Рускоска по излегувањето од Судот...

Ѓилас најави тужба за српски „Курир“ кој тврди дека и тој се офајдил од парите од „Рекет“

Српскиот портал „Курир“, продолжувајќи го серијалот манипулативни написи за случајот „Рекет“  вчера (19.08.2019) објави текст со сензационалистички наслов испишан со големи букви: „ОТКРИВАМЕ КОЈ СЕ ОФАЈДИЛ ОД АФЕРАТА „РЕКЕТ“: Боки 13 им давал пари на Вук, Ѓилас и Бошко, А СЕ ГЛЕДАЛ И СО ЧЕДО“ (OTKRIVAMO KO SE OVAJDIO OD AFERE "REKET": Boki 13 novac davao Vuku, Đilasu i Bošku! VIĐAO SE I SA ČEDOM).   Оваа објава ги обвинува лидерите на српската опозиција за вмешаност во скандалот во кој главен...

Одложено сведочењето на обвинителот Рустеми за „Рекет“

Одложено е сведочењето на Бурим Рустеми од Специјалното јавно обвинителство, Бурим Рустеми, кое требаше да се случи денеска во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК). Рустеми требаше да дава исказ за „Рекет“, но тоа е одложено поради денешното судско рочиште за случајот ТНТ, во кое Рустеми е обвинител. Одложувањето е поради неговите обврски на денешното рочиште...

Обвинителот Бурим Рустеми ќе даде исказ за „Рекет“

Обвинителот Бурим Рустем од Специјалното јавно обвинителство денеска треба да даде исказ во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, за случајот „Рекет“. Од понеделникот досега за истрагата дадоа специјалните обвинителки Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска. Стефанова, која директно е спомената и од Катица Јанева и од Боки 13 во снимките од „Рекет“ сведочеше пет часа, но потоа не...

По пет часа распит, Стефанова не откри детали за исказот во Обвинителството

Обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Лиле Стефанова, денеска, излегувајќи од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) по пет часа распит, не соопшти детали за нејзиниот исказ пред колегите за случајот „Рекет“. Поради „Рекет“ во притвор се Бојан Јовановски - Боки 13, Зоран Милевски - Кичеец, а италијанскиот весник „Ла Верита“ објавува снимки од примопредавање пари и...

Пендаровски бил разочаран од тоа што го слушнал, повикува на брза и темелна истрага

Лично, како човек, разочаран сум, одговори претседателот Стево Пендаровски на новинарско прашање дали е разочаран од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Шефот на државата денеска напладне одржа прес-конференција за случајот „Рекет“, на која повика на брза и темелна истрага, обвиненија против сите инволвирани и политичка одговорност на сите кои било како се поврзани со случајот. - Јас, јавно, уште на самите...

Српски медиуми повторно во напад врз Заев, иако го нема во „Рекет“

Дел од српските медиуми блиски до тамошната власт и во вчерашните написи за аферата „Рекет“ и новите објавени снимки од италијанскиот весник „Ла Верита“, продолжија со тактиката директно да го врзуваат премиерот Зоран Заев со овој скандал. Впечаток е дека овие медиуми оркестрирано излегоа со сензационалистички наслови во кои јасно се препознава намерата да се дискредитира актуелната македонска Влада...

ЈО: Новите снимки не излегоа од кај нас

Јавното обвинителство денеска официјално соопшти дека снимките што деновиве ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“, кои одекнаа во јавноста во земјава, не се произлезени од кај нив, но и дека биле дел од доказниот материјал за случајот „Рекет“. „Јавното обвинителство ја известува јавноста дека снимките објавени во еден италијански медиум поврзани со предметот „Рекет“ не се добиени од обвинителството. Станува...

Јанева: Обврска ми е да комуницирам со осомничени, но не сум тргувала со влијание

Првиот човек на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Катица Јанева (во оставка) денеска преку изјава објавена на веб-страницата на СЈО, порача дека имала многу разговори со осомничени, ама никогаш не го прекршила законот. Вели дека имала оправдана причина да му каже „не се секирај за ништо, сè ќе биде ок“ на осомничениот во случајот „Империја“ Јордан Камчев, како што можеше...

Стефанова: Панделески и Камчев се обидоа да вршат влијание врз истрагата за случајот „Империја“

Обвинителката Лиле Стефанова од СЈО, реагираше јавно по објавата на новите снимки во италијанскиот десничарски медиум „Ла Верита“. Таа вели дека во август минатата година, осомничените Цветан Панделески и Јордан Камчев во случајот „Империја“, се обиделе да влијаат на предистрагата на Специјалното јавно обвинителство. „Во месец август 2018 година, осомничените Јордан Камчев и Цветан Панделески се обидоа да извршат влијание...

Ла Верита со нови аудио снимки за „Рекет“ – тврди дека се слуша и Катица Јанева

Италијанскиот дневен весник „Ла Верита“, кој вчера на својата веб-страница го објави видеото на кое се гледа како Боки 13 заминува откај Орце Камчев со „Луј Витон“ чанта во која наводно има огромно количество евра, денеска објави нови аудио снимки од разговори и дружење на Боки 13, Орце Камчев и Зоки Кичеец, а според весникот, во еден момент се...

Милион евра во „Луи Витон“ – објавени видео и аудио снимки поврзани со случајот „Рекет“

Италијанскиот весник „Ла Верита“ (Вистината) на своето онлајн издание објави делови од видео и аудио снимки кои се поврзуваат со случајот „Рекет“ во Македонија, во кој Бојан Јовановски - „Боки 13“ и Зоран Милевски - „Кичеец“ се сомничат дека изнудувале пари за да влијаат врз случајот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство, односно за одредена сума на пари да го...

Бугарски портал со тендециозно тврдење дека Јанева зела поткуп

Со прилично тенденциозен и манипулативен наслов: „Травестит и обвинител земаат милиони од рекет во Скопје“, бугарскиот портал „bgdnes.bg“  на 17.07.2019 година објави поширок напис за скандалот „Рекет“ придружен со повеќе фотографии од специјалната обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски - Боки 13 (кој во текстот се нарекува „травестит“). Барем засега (18.07.2019) официјално не е соопштено  дека „ и обвинител земал „рушвет“ во истрагата која на 15.07.2019...

Како македонската Моника Маковеј од симбол на правдата стана „случај“ во афера за милионски рекет

Специјалната обвинителка на Северна Македонија Катица Јанева, од персонификација на борбата против деценискиот режим на Никола Груевски изразена во крикот „нема правда нема мир“, преку еден буквално неверојатен сплет на случувања, се трансформираше во предмет на јавен линч и потсмев исполнет со повици за нејзино апсење и безброј шпекулации и дезинформации околу целиот случај. Јавноста, сè уште во шок од...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...