fbpx

Одложено сведочењето на обвинителот Рустеми за „Рекет“

-

Одложено е сведочењето на Бурим Рустеми од Специјалното јавно обвинителство, Бурим Рустеми, кое требаше да се случи денеска во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК). Рустеми требаше да дава исказ за „Рекет“, но тоа е одложено поради денешното судско рочиште за случајот ТНТ, во кое Рустеми е обвинител.

Одложувањето е поради неговите обврски на денешното рочиште за случајот „ТНТ“. Распитот за „Рекет“ веројатно ќе се случи утре.

Од понеделникот досега за истрагата дадоа специјалните обвинителки Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска. Стефанова, која директно е спомената и од Катица Јанева и од Боки 13 во снимките од „Рекет“ сведочеше пет часа, но потоа не сакаше да изнесе детали.

Снимките ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“, а во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“. Од ЈО засега не откриваат дали и кога ќе биде повикана и Јанева.

Истрагата за „Рекет“ во Јавното обвинителство ја води шефицата на организиран криминал Вилма Рускоска.

Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец вчера добија ново продолжување на притворот, односно уште 30 денови зад решетки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...