fbpx

ЈО: Новите снимки не излегоа од кај нас

-

Јавното обвинителство денеска официјално соопшти дека снимките што деновиве ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“, кои одекнаа во јавноста во земјава, не се произлезени од кај нив, но и дека биле дел од доказниот материјал за случајот „Рекет“.

„Јавното обвинителство ја известува јавноста дека снимките објавени во еден италијански медиум поврзани со предметот „Рекет“ не се добиени од обвинителството. Станува збор за аудио и видео материјали кои се дел од доказната постапка во предметот и кои до јавното обвинителство беа доставени од сведок во предметот“, се вели во соопштението.

ЈО вели дека во случајот „Рекет“ се постапува професионално и неселективно, дека се спроведува истрагата за да се обезбедат доказите и да се утврди фактичката состојба.

„Доколку во текот на истрагата бидат утврдени елементи на други кривични дела или други сторители, постапката ќе биде проширена, а јавноста за тоа веднаш ќе биде известена. По целосно завршување на истрагата ќе биде донесена јавнообвинителска одлука. Притоа, нагласуваме дека годишните одмори не се одразуваат на водењето на истрагата. Во периодот кога дел од јавните обвинители користат годишен одмор назначени се обвинители кои ги заменуваат, како и истражители кои секојдневно активно работат на предметот“, се вели во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...