понеделник, 18 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: разрешување | 131 резултати

Владата почнa постапка за разрешување на Зврлевски

јуни 6, 2017

Новата Влада на својата втора седница, што се одржа денеска, донела одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски. Одлуката за разрешување на Зврлевски, како што соопштија попладнево од Владата, била донесена поради незаконско и ненавремено извршување на функцијата, а предлогот, се додава во соопштението, ќе биде доставен до Советот на […]

Нухиу поднел барање до Владата да се разреши Митко Чавков од БЈБ

мај 3, 2017

Враќање назад нема, работите мора да се расчистат докрај и секој ќе одговора за своите постапки, порача министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, на денешната прес-конференција во МВР, на која соопшти дека до Владата поднел барање да се разреши Митко Чавков од функцијата директор на Бирото за јавна безбедност, и порача дека формирал оперативен штаб што […]

Шчербак: Одлука наметната однадвор не може да обезбеди стабилна држава

февруари 10, 2017

„Само одлуката на граѓаните на Македонија може да придонесе за долгорочно решение на кризата и никаква одлука наметната однадвор не може да обезбеди стабилна држава. Затоа треба самите да решаваат за себе“, изјави денеска амбасадорот на Русија во Македонија, Олег Шчербак, одговарајќи на новинарски прашања по одбележувањето на Денот на руската дипломатија во Битола. Тој истакна дека […]

Собранието на Венецуела гласаше за разрешување на Мадуро

јануари 10, 2017

Парламентот на Венецуела вчера гласал против претседателот на земјата Николас Мадуро поради прекршување на должностите, односно поради одговорност за „кризата без преседан“ во која се наоѓа земјата, јавуваат светските агенции. Според текстот на одлуката на венецуелскиот парламент, „Мадуро предизвикал криза без преседан во Венецуела“ и „занемарувајќи го Уставот“, предизвикал „економска стагнација“, „уривање на уставниот поредок“ […]

МВР ги разреши актерите од провокацијата кај амбасадата на САД и од случајот „Трезор“

септември 29, 2016

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, разреши 11 раководители во повеќе сектори на МВР. Високи извори од МВР за „Мета“ потврдуваат дека некои од нив се разрешени поради инцидентот со вежбата на „алфите“ во близина на Амбасадата на САД во Скопје и поради истрагата на Специјалното јавно обвинителство „Трезор“. Помеѓу разрешените е и Небојша Стајковиќ, за […]

ДУИ: Разрешувањето на Исмаили е непринципиелно

февруари 4, 2015

Од ДУИ сметаат дека разрешување на заменик-директорот на Агенцијата за разузнавање, Мухамед Исмаили, е непринципиелен чекор. Од партијата соопштуваат дека оваа одлука ја одразува кризата на легитимитет што ја има претседателот и ја засилува нивната идеја за консензуален претседател. „За ДУИ, оваа одлука, исто како и одлуката за именување членови на Советот за национална безбедност пред неколку […]

СДСМ во Центар ќе бара разрешување на директорката на основното училиште „11 Октомври“

јануари 23, 2015

Советничката група на СДСМ и на коалицијата, денеска во Советот на Општина Центар ќе предложи заклучок за разрешување на директорката на основното училиште „11 Октомври“, која, според советничката група на социјалдемократите, била незаконски поставена на функцијата. – До градоначалникот беше доставен предлог за избор на директор од двајца кандидати за коишто членовите на училишниот одбор […]

Страна 7 од 7