fbpx
Таг: разрешување

таг: разрешување

Почнаа седницата и блокадите за разрешувањето на Марко Зврлевски во Собранието

Во Собранието на Република Македонија пред малку почна шестата седница, па прекина набргу, откако еден од координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ побара пауза. Во своето четврто продолжение, на оваа седница денеска се дискутира за предлогот на Владата за разрешување на јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски. Во собраниската сала беше и Зврлевски. Откако ги прочита имињата на пратениците што...

Собранието денеска ќе почне да расправа за разрешувањето на Зврлевски

Предлогот на Владата да биде разрешен јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски, денеска е првата точка на четвртото продолжение на шестата седница на Собранието на Република Македонија. По претходните продолженија, кои ги одбележаа долги и не многу содржајни расправи од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од нејзината коалиција, се очекува во 11 часот денеска да почне расправата за владиниот предлог...

Разрешувањето на Зврлевски стигна на дневен ред – утре ќе почне расправата

Точката за разрешувањето на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски дојде на дневен ред пред пратениците, но претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја прекина седницата и продолжението го закажа за утре во 11 часот. Откако со 91 гласа „за“, и без ниту еден против и воздржан беше усвоена одлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител, Џафери ја отвори...

Денеска нов обид во Собранието да почне расправата за разрешувањето на Зврлевски

Во Собранието денеска продолжува шестата седница, на која меѓу другите точки на дневниот ред е и разрешувањето на јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски. Второто продолжение на оваа седница заврши вчера пред 19 часот. Собранието е заглавено на четвртата точка - расправа за одлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител. Пред завршувањето на седницата, пратеничката група на...

Пратениците на СДСМ ја напуштија собраниската сала додека зборуваше Мукоски

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, неколку минути пред 19 часот го прекина второто продолжение на шестата седница и третото продолжение го закажа за утре напладне, кога ќе треба да се расправа за одлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител. Следна точка на дневниот ред на шестата седница е разрешувањето на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски. Пред завршувањето на седницата,...

Продолжува собраниската седница за разрешување на Марко Зврлевски

Седницата на Собранието на Република Македонија на која треба да се расправа за разрешување на републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски, ќе продолжи денеска во 11 часот. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во четвртокот ја прекина оваа седница откако двајца од координаторите побараа пауза и го најави нејзиното продолжение за петокот, но тоа не се одржа. Денешното продолжение би требало да...

ВМРО-ДПМНЕ побара јавниот обвинител да го предлага опозицијата

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараат во иднина државниот јавен обвинител да го предлага опозицијата. Ова денеска на прес-конференција во Собранието на Република Македонија го истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, непосредно пред собраниската седница на која треба да се разгледува и да се одлучува за барањето за разрешување на актуелниот државен јавен обвинител, Марко Зврлевски. Како што рече Димовски, опозицијата до...

Разрешувањето на Зврлевски денеска на дневен ред на Собранието

Собранието на Република Македонија на денешната 6. седница треба да расправа и да одлучува по барањето на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, од функцијата. Разрешувањето на Зврлевски е 30. точка на дневниот ред на седницата, но според најавите, можно е таа да биде поместена и да биде една од првите за кои ќе одлучуваат пратениците. За разрешување...

Разрешувањето на Зврлевски, на седница на Собранието на 3 јули

Предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, е на дневен ред на шестата седница на Собранието на Република Македонија, која е закажана за 3 јули. Како што може да се види од агендата за седницата, објавена на интернет-страницата на Собранието, разрешувањето на Зврлевски е последна, односно 30. точка од дневниот ред. „...Предлогот за разрешување на Марко Зврлевски...

Предлогот за разрешување на Зврлевски тргна од Влада кон Собрание

Предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски денеска бил потпишан од генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, и испратен во Собранието на Република Македонија. Откако ќе го добие, Собранието треба да закаже седница на која пратениците треба да го разгледаат и да гласаат за разрешувањето на Зврлевски. За разрешување на државниот јавен обвинител е потребно просто...

Покрај Чавков и Атанасовски, Владата разреши и други директори

На седницата вчеравечер, покрај донесувањето одлука до Собранието да се достави предлог за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски и за избор на новите директори на Бирото за јавна безбедност и на Управата за безбедност и контраразузнавање, Владата направи уште неколку смени на директори и на управни одбори и донесе мерки за одредени ситуации. Владата на вчерашната седница постави нови...

Предлогот за разрешување на Зврлевски допрва на Влада, па потоа во Собрание

Предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, Владата сè уште не го доставила до Собранието на Република Македонија. Како што дознаваме неофицијално од Владата, предлогот со сите потребни документи првин треба да биде разгледан и усвоен на седница на Владата, по што ќе биде испратен во законодавниот дом. Според информациите, Владата и формално треба да го усвои предлогот...

Зврлевски останува со ингеренции на прв обвинител сè до одлуката на Собранието

Додека не биде разрешен од Собранието на Република Македонија, јавниот обвинител Марко Зврлевски останува на функцијата целосно, вели проф. д-р Гордан Калајџиев. - Собранието го разрешува, така што до тој момент де факто е на функција - вели Калајџиев. Тој објаснува и дека упатно е Зврлевски во периодот од денеска, кога Советот на јавните обвинители го поддржа предлогот на Владата за...

Советот за јавни обвинители го прифати предлогот за разрешување на Зврлевски

Советот на јавни обвинители на денешна седница со мнозинство гласови го прифати предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски. - На денешната седница членовите на Советот со мнозинство гласови позитивно се изјаснија по предлогот на Владата за разрешување на јавниот обвинител на Македонија. Ние уште денеска ќе го доставиме мислењето до Владата заедно со краткото образложение...

Почна седницата на Советот на јавни обвинители за разрешување на Зврлевски

Почна седницата на Советот на јавни обвинители на која се расправа по предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски. Според Законот за јавни обвинители, Советот треба да даде мислење - позитивно или негативно, за разрешувањето на Зврлевски. Зврлевски, кој е член на Советот по службена должност, според законот, нема право и не присуствува на денешната седница. Тој, во...

Владата денеска треба да ги разреши Чавков и Атанасовски и да именува нови директори на УБК и на БЈБ

Новата Влада денеска треба да одржи седница на која, според најавите, на дневен ред ќе биде разрешувањето на актуелните директори на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Владимир Атанасовски и Митко Чавков. Ќе се расправа и за состојбите и напредокот во процесот на европска интеграција, користењето на фондовите од ЕУ, како и за...

Аневски го добил предлогот за разрешување на Зврлевски и ќе закаже седница

Советот на јавни обвинители денеска го добоил предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, потврди за „Мета“ претседателот на Советот, Петар Аневски. Предлогот во Советот на јавни обвинители пристигнал денеска во 11.30 часот, а како што ни изјави Аневски, Советот дополнително ќе утврди термин кога ќе се одржи седницата на која ќе се одлучува за него. Советот, според...

Аневски: Зврлевски беше перфектен, не сме го добиле предлогот за разрешување

Советот на јавни обвинители сè уште не го добил предлогот на новата Влада за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, изјави денеска Петар Аневски, претседател на Советот, кој треба да даде мислење по барањето за разрешување. Аневски, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека секако ќе одговорат во првите 15 дена од рокот во кој треба да го дадат мислењето. Тој...

Колку може Зврлевски да остане на функцијата – роковите велат уште најмногу 30 дена

Новата Влада на вчерашната седница поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, која, според законските решенија, може да трае неколку дена, но и подолго од еден месец. Владата, како што беше соопштено вчера, бара разрешување на Зврлевски поради незаконско и ненавремено извршување на функцијата. Сепак, пред предлогот да се најде пред пратениците во Собранието, кое одлучува за...

ВМРО-ДПМНЕ: На Заев највисок приоритет му е да се спаси од кривичен прогон

Трагично за државата е што СДС на своите први седници на Влада наместо да донесе одлука за зголемување плати и пензии, зголемување на субвенции, мерки и проекти за отворање нови работни места или донесување нови инвестиции, носи одлука за разрешување на републичкиот јавен обвинител, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на иницијативата на Владата за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски. „Заев е исплашен од...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...