fbpx

Почнаа седницата и блокадите за разрешувањето на Марко Зврлевски во Собранието

-

Во Собранието на Република Македонија пред малку почна шестата седница, па прекина набргу, откако еден од координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ побара пауза.

Во своето четврто продолжение, на оваа седница денеска се дискутира за предлогот на Владата за разрешување на јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски. Во собраниската сала беше и Зврлевски.

Откако ги прочита имињата на пратениците што најавиле дека нема да присуствуваат, претседателот на Собранието, Талат Џафери, му даде збор на заменик- министерот за правда, Оливер Ристовски, кој во име на предлагачот, односно Владата, го образложи барањето за разрешување.

– Јавниот обвинител од јануари 2013 година досега непрофесионално и несовесно ја вршел фунцијата и не го почитува законот. Јавното обвинителство се претвори во инструмент на власта, што е констатирано од ОБСЕ и од сите релевантни меѓународни институции. Марко Зврлевски потфрли во својата улога во името на Никола Груевски и наместо да се грижи за човековите права, преземаше дејства со молчење, односно непреземање дејства – рече, меѓу другото, заменик-министерот за правда.

По неговото кусо обраќање настана џагор, па Џафери побара пратениците да се смират, а потоа почна да прашува кој пратеник за што се јавил – за реплика или за процедурална забелешка. Откако констатираше дека процедурална забелешка има само пратеникот Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ, му даде збор, а Данев побара пауза од еден час и до пратениците да се достави стенограм од обраќањето на Оливер Ристовски.

Џафери потоа прогласи пауза од еден час.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...