fbpx
Таг: пропаганда

таг: пропаганда

Столтенберг: на пропагандата за ковид-19 најдобро се одговара со факти

Фото: НАТО
„Не верувам дека одговорот на пропагандата е пропаганда. Верувам дека најдобар начин да се одговори на пропагандата е со изнесување на фактите“, рече генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг зборувајќи за дезинформациите кои се шират за пандемијата на ковид-19, на синоќешната прес-конференција по втората сесија на состанокот на министрите за одбрана на Алијансата. - За време на пандемијата видовме многу...

Неосновано „погрчување“ на Григор Прличев и Коста Абраш(евиќ)

Грчкиот лајфстајл портал Greek City Times на англиски јазик вчера објави текст под наслов „Знаете ли кои се најголемите 100 грци од Скопје“, кој е превод на оригиналот на грчки објавен на сајтот „Infognomon Politics“, во кој на списокот на Грци се ставени и Григор Прличев и Коста Абрашевиќ. Ваквите тврдења не соодветствуваат на вистината, но тоа не е единствената...

„Мрежата“ на Вучиќ на Твитер напаѓала опозиција и твитала вести од „Ало“ и „Информер“

Повеќе од 43 милиони твитови биле споделени од мрежата Твитер профили што служела како поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ и владејачката Српска напредна партија. Најголемиот број профили од таа мрежа што компанијата Твитер ги отстранила во јануари и февруари се појавиле во средината на 2018 година, пишува српскиот сервис за проверка на фактите Istinomer.rs. Освен што ретвитнувале објави од...

ЕП: Руската пропаганда во ЕУ од јануари досега двојно поголема отколку во 2018

Странското мешање во изборите се заканува на демократските општества во Европа, а ги потпомага анти ЕУ силите, десничарските екстремисти и популистите. Русија, која е најголем извор на дезинформации, годинава двојно ги удвоила своите напори, па од почетокот на годинава досега се забележани 998 случаи на дезинформации поврзани со Русија, наспроти вкупно 434 случаи во 2018 година, предупреди денеска Европскиот...

Аудио документарец на БиБиСи: „Докторка за лажни вести“

Светскиот сервис на БиБиСи објави аудио документарец на тема сајтови за лажни вести од Велес, Северна Македонија со наслов Doctor Fake News („Докторка за лажни вести“) во кој се потсетува дека прв медиум што објави официјални разговори со сопствениците на порталите за лажни вести беше агенцијата Мета.мк. “It’s easy to manipulate passionate people.” Welcome to Veles, North Macedonia, where fake...

На полноќ завршува кампањата за референдумот и почнува молкот

Јавната пропаганда за референдумот што ќе се одржи во недела завршува вечерва на полноќ. Дотогаш треба да завршат сите активности на учесниците во кампањата и од полноќ започнува предизброниот молк. Коалицијата „Излези ЗА европска Македонија“ вечер завршен собир има во Тетово, движењето Беса во скопски Чаир, а прес-конференции најавија Алијансата на Албанците. Прес-конференција ќе одржи и координативното тело против референдумот...

ААВМУ: Се надминува максималното време за пропаганда за референдумот

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) денеска упати предупредување до радиодифузерите дека не се почитува максимално дозволеното време за јавна пропаганда, а таа се емитува во програмски содржини каде што не е дозволено. „Не се почитува дозволеното време за емитување на рекламните пораки „ЗА“ референдумот, вакви реклами се емитуваат и во програми во кои тоа не е дозволено,...

ММА: Кампањите на ЕУ по ниту еден критериум не се јавна пропаганда

Членките на Македонската медиумска асоцијација („Алсат -М“, „Алфа“, „Канал 5“, „Сител“ и „Телма“) се „непријатно изненадени“ од соопштението  издадено од Агенцијата за аудио и аудоиовизуелни медиумски услуги на Македонија во кое АВМУ ги потсетува радиодифузерите како треба да се однесуваат со содржините кои се дел од платената јавна пропаганда. „Членките на ММА се сосема свесни за начинот на кој треба да...

АВМУ: Јавната пропаганда за референдумот да се одвои од другите содржини на медиумите

Агенцијата за аудио и аудоиовизуелни медиумски услуги на Македонија (АВМУ) порача до медиумите јавната пропаганда за референдумот да се одвои од другите содржини. „Во последните неколку дена, на повеќе телевизии и радија се емитуваат реклами од кампањата „Замисли иднина заедно“ на Делегацијата на ЕУ во пресрет на референдумот. Рекламните спотови не се јасно одвоени од другите содржини на медиумите, не...

Бошњаковски: Кампањата на социјалните мрежи ќе чини 6,5 илјади евра

Владата за кампањата за референдумот ќе троши пари од сопствениот буџет и од буџетот на Генералниот секретаријат на Владата, рече портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција. Комуникацијата преку социјалните мрежи ќе се реализира со 400.000 денари (6,5 илијади евра) од тековниот буџет на Генералниот секретаријат, појасни тој. Владиниот портпарол посочи и дека Владата ќе организира и прес-конференции, интервјуа,...

ССНМ: Македонија не смее да биде земја во која нема слобода на медиуми

„На Денот на слободата на медиумите, за жал, Македонија спаѓа во земјите во кои не постојат слободни медиуми. Тоа го покажува индексот на „Фридом хаус“ за 2017 година, според кој се мерат слободата на изразувањето и слободата на медиумите. И оваа година на скалата на „Репортери без граници“ Македонија е последна во регионот“, се вели во соопштението на Самостојниот...

Мониторинг на ИКС: „Сител“, „Канал 5“, „Алфа“ и „ТВ Нова“ се пропагандистички телевизии

Надзорот на телевизиските вести спроведен од септември 2016 до февруари 2017 година покажа дека во медиумскиот простор постојат четири комерцијални телевизии кои можат да се наречат пропагандистички, е заклучокот од денешната конференција организирана од страна на Институтот за комуникациски студии (ИКС). - Станува збор за телевизиите „Сител“, „Канал 5“, „Алфа“ и „ТВ Нова“, чии вести во целиот период на надгледување биле...

E-печалбарите од Велес што пропагираа за Трамп ги освоија светските медиуми

Македонските тинејџери од Велес станаа глобална атракција откако дел од светските медиуми тврдеа дека велешаните, преку нивните пропагандистички веб-страници со лажни вести, влијаеле на тоа републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, да седне во Белата куќа. Откако во април минатата година „Мета“ пишуваше за петтемина млади велешани, сопственици на веб-страници што пренесуваат пропагандистички, најчесто лажни вести поврзани со избраниот...

Велешаните со пропагандните веб-страници за Трамп не веруваат дека влијаеле на изборите

Младите велешани кои беа сопственици на стотината веб-страници што пропагираа во корист на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, велат дека не сметаат дека нивните „портали“ имале какво било влијание на крајниот исход од претседателските избори. Дел од нивните пропагандистичките веб-страници или не постојат или неколку месеци ништо не објавуваат. - Немам никаков коментар за победата на Доналд Трамп на...

Светски влијателниот „Базфид“ ја користи агенцијата „Мета“ како извор

Изминатата година, македонскиот град Велес со популација од 45.000 луѓе, доживеа дигитална златна треска кога негови жители отворија најмалку 140 веб-страници што ширеа пропаганда за републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, пишува американската веб-страница „Базфид“. „Базфид“ во својата опширна анализа ја цитира новинска агенција „Мета“ за текстот објавен во април, кога „Мета“ контактираше со петмина велешани, сопственици на веб-страници што пренесуваат пропагандистички вести во корист...

Зекири: Ако ДУИ победи кај Албанците, СДСМ ќе мора да коалицира со нив во владата

Владиното мнозинство го прават бројките и СДСМ нема да може да оди против волјата на гласачите ако тие повторно дадат доверба на ДУИ, вели членот на централниот одбор на СДСМ, Мухамед Зекири, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“, во одговор на прашањето дали е можна постизборна коалиција СДСМ - ДУИ. Сепак, тој додава оти не верува дека Албанците по...

Македонската влада со „Ослободување на Скопје“ врши антибугарска пропаганда, велат во Софија

Бугарија e револтирана од новиот македонски филм „Ослободување на Скопје“, на режисерот Раде Шербеџија, бидејќи Бугарите се прикажани како „лоши“ и сметаат дека филмот е дел од владината антибугарската пропаганда во Македонија. - Само во рекламниот спот за „Ослободување на Скопје“ неколкупати се забележуваат реплики како што се: „Бугарите апсат сè живо и диво“, „Бугарите ќе те убијат“, „Пазете се, идат Бугари“ - пишува...

Македонци од Велес со пропагандни портали работат во корист на Доналд Трамп

Најмалку шест веб-страници што пренесуваат пропагандистички вести во корист на потенцијалниот кандидат на Републиканската парија за претседател на САД, Доналд Трамп, се регистрирани од Македонци што живеат во Велес! Според сопствениците на овие веб-страници, Велес е преплавен со вакви и со слични „портали“ во потрага по повеќе кликнувања и по заработка. Петтемина млади велешани, со кои „Мета“ контактираше, посочуваат дека финансискиот надомест им е...

Постигнат договор помеѓу Јужна и Северна Кореја

Јужна Кореја и Сверна Кореја денеска постигнаа договор по маратонските разговори посветени на смирувањето на тензииите помеѓу двете земји. Сеул и Пјонгјанг потпишаа договор за мир на Корејскиот полуостров, после неколку кризни дена во кои двете страни употребија оружје на границата. Сверна и Јужна Кореја во саботата започнаа преговори на највисоко ниво, во обид да пронајдат решение за излегување од кризата...

Елитна единица на Европол за следење на ИД на социјалните мрежи

Европски полициски тим бил формиран за да ги следи и блокира профилите на социјалните медиуми, поврзани со терористичката организација Исламска држава (ИД), јавува „Би-Би-Си“. Според последните истражувања на САД, најмалку 46.000 сметки на „Твитер“ се поврзани со милитантна група, од кои голем дел за регрутирање нови борци на ИД. Како што пренесува „Би-Би-Си“, се проценува дека стотици илјади твитови поврзани со терористичката...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...