fbpx

Столтенберг: на пропагандата за ковид-19 најдобро се одговара со факти

-

„Не верувам дека одговорот на пропагандата е пропаганда. Верувам дека најдобар начин да се одговори на пропагандата е со изнесување на фактите“, рече генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг зборувајќи за дезинформациите кои се шират за пандемијата на ковид-19, на синоќешната прес-конференција по втората сесија на состанокот на министрите за одбрана на Алијансата.

– За време на пандемијата видовме многу примери кога и државни и недржавни актери се обидоа да ја искористат кризата, да ги поделат сојузниците, да ја поткопаат довербата во нашите демократски институции. Видовме напори, обиди да се обвинат НАТО сојузниците за целата пандемија, за корона вирусот. И видовме дека тоа се прави на многу различни начини, вклучувајќи ги, секако, и социјалните мрежи – рече Столтенберг, одговорајќи на новинарско прашање.

Ова е трет пат од почетокот на пандемијата НАТО на највисоко ниво, на состанок на Северноатлантскиот совет, да дискутира како да се справи со кампањите на пропаганда и дезинформации за вирусот. Прв пат на почетокот на април, на првиот состанок на кој македонски министер учествуваше како претставник на полноправна членка, и прв преку видеоконференциска врска. Две недели подоцна, пропагандната кампања беше тема и на вонредниот состанок на министрите за одбрана.

На овој состанок, на 15 април, Столтенберг го истакна излагањето на министерката за одбрана Радмила Шекеринска како пример за борба против лажните вести и пропагандата:

– Министерката Радмила Шекеринска денеска изложи листа на сојузници кои помогнале и помошта која и ја пружиле на Северна Македонија во борба со пандемијата. Мислам дека тоа е најдобриот начин за спротивставување на секој обид за спроведување на кампања за дезинформирање, затоа што со дејствување праќаме јасна порака, нагласи тогаш Столтенберг.

Генералниот секретар синоќа нагласи дека НАТО одговора на пропагандата и дезинформациите, им помага на сојузниците да ги обезбедат фактите, а во борбата со ваквите кампањи тесно соработува со Европската унија, затоа што, како што рече, „се соочуваме со многубројни идентични типови дезинформации и пропаганда“.

– Долгорочно, вистината ќе надвладее. Силно верувам дека најдобар одговор на пропагандата и дезинформациите е да имаме слободни, независни медиуми, новинари кои си ја вршат својата работа, кои поставуваат тешки прашања, кои си ги проверуваат изворите. Со тоа, тие ги откриваат и обидите за дезинформирање и пропаганда. Затоа, слободно и независно новинарство е најдобар начин да бидеме сигурни дека добиваме точна информација, особено во време на криза – рече Столтенберг.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...