fbpx

Елитна единица на Европол за следење на ИД на социјалните мрежи

-

Европски полициски тим бил формиран за да ги следи и блокира профилите на социјалните медиуми, поврзани со терористичката организација Исламска држава (ИД), јавува „Би-Би-Си“.

Според последните истражувања на САД, најмалку 46.000 сметки на „Твитер“ се поврзани со милитантна група, од кои голем дел за регрутирање нови борци на ИД.

Како што пренесува „Би-Би-Си“, се проценува дека стотици илјади твитови поврзани со терористичката група се испраќаат секој ден. Со тоа, истовремено се зголемува и загриженоста за способноста на терористите да регрутираат нови борци од етаблираните муслимански заедници во Европа, што е и главната причина за создавање на оваа елитна полициска единица.

Единицата, која е формирана од Европол, ќе соработува со социјалните медиуми и ќе ги надгледува сметките и профилите за да ги идентификува младите луѓе за кои постои ризик да бидат регрутирани од ИД.

Целта е, исто така, да се најдат и отстранат профилите преку кои милитантната група ја дистрибуира својата пропаганда.

Според процените на Европол, околу 5.000 граѓани на Европската унија во моментот се борат на страната на ИД во Ирак и во Сирија.

Надежите се дека новата единица, која треба да почне со работа следниот месец, ќе ја смени оваа состојба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...