fbpx
Таг: претседател на Собрание

таг: претседател на Собрание

Провмровските медиуми и здруженија заплашуваат со „народни бригади“

Медиумите кои отворено ја поддржуваат ВМРО-ДПМНЕ, почнаа да објавуваат текстови во кои провејува воена реторика. Така, „Република“ „дознава дека граѓани самоиницијативно веќе се организираат и се прават списоци за итна мобилизација“. Во текстот се тврди дека „граѓаните самоиницијативно формираат групи кои во таква ситуација за многу кратко време би се собрале и би реагирале на секаков можен начин со сите средства“....

СДСМ: Извештајот на „Фридом хаус“ покажува зошто на Македонија итно ѝ треба нова влада

Тоа што „Фридом хаус“ во новиот извештај ја посочува Македонија како држава со најнизок степен на демократија во регионот е само потврда зашто граѓаните на Македонија избраа промени, велат од СДСМ. Поради ова, нагласуваат од партијата, итно е потребно да се овозможи формирање на нова влада, којашто ќе обезбеди демократија во Македонија и почитување на човековите права. „Македонија, според извештајот паднала...

ДС предлага деблокирање на Собранието во три седници

Демократскиот сојуз (ДС) предлага да се одржат три седници на Собранието на Република Македонија, со кои ќе се деблокира работата на законодавниот дом и ќе се изберат нов спикер и нова влада. Според предлогот на партијата на поранешниот пратеник Павле Трајанов, прво 20 пратеници треба да поднесат барање за одржување вонредна седница на Собранието со единствена точка на дневниот ред - избор...

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ си контрираат за законот за јазиците во Собранието

Пратениците на денешното второ продожение на конститутвината седница, како и вчера, наместо да дискутираат по првата точка за избор на членови и на претседател на Комисијата за избори и за именувања, најголемиот дел од дебата го поминаа во дискусија за палтформата на албанските партии и за употребата на законот за јазиците. Артан Груби од ДУИ рече дека албанската платформа не...

Денеска нова седница со стари позиции и со деловнички блокади

Конститутивната седница на Собранието, на која се расправа за избор на претседател, заменик-претседател, членови и нивни заменици на Комисијата за избори и за именувања, ќе продолжи денеска напладне. Вчера, 20 пратеници поднесоа предлог за кандидат за претседател на Собранието на Република Македонија да биде Талат Џафери. Разврската останува неизвесна, како поради бројот на пријавените пратеници за дискусија, така и поради генералната атмосфера...

Пратениците далеку од договор, седницата продолжува утре напладне

Конститутивната седница на Собранието на која се расправа за избор на претседател, заменик-претседател, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе продолжи утре напладне. Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски побара седницата да продолжи и по 18 часот, но Вељаноски не се согласи да ја продолжи седницата и нејзино продолжување закажа за утре во 12 часот. Речиси целата...

Димовски: ВМРО-ДПМНЕ не блокира, туку „од демократијата го црпи правото за дебатирање “

Работата на Комисијата за избори и именувања е беспредметна затоа што денеска поднесовме предлог од 20 пратеници за кадидат за претседател на Собранието на Република Македонија, а тоа е Талат Џафери, рече на прес-конференција пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов. - Граѓаните се сведоци кој сака да ја продолжи кризата. Реплицирањето на пратенциите на ВМРО-ДПМНЕ сами на себе е кршење на...

Груевски замина на конгрес на сестринските партии на Малта

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски од денеска па во наредните неколку дена, заедно со партиска делегација ќе присуствува на конгресот на Европската народна партија (ЕПП), што се одржува на Малта, потврди за „Мета“, директорот на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски. Посетата на Груевски на Малта и учеството на конгресот на ЕПП, доаѓа во време кога Собранието треба да...

Продолжи конститутивната седница – дипломатите седнаа на местата на новинарите

Со половина час доцнење претседателот на Собранието од претходниот состав, Трајко Вељаноски по тримесечна пауза го отвори продолжението на конститутивната седница. Седницата почна на 30 декември, минатата година, а беше прекината бидејќи немаше договорено парламентарно мнозинство и пратениците не можеа да изберат претседател на законодавниот дом. На денешното продолжени на конститутивната седница, единствени две точки на дневен ред се изборот на...

Собрание: Извесно е само дека седницата ќе почне, сè друго е до волјата за излез од кризата

Парламентарните политички партии денеска, по три месеци пауза и преговори, ќе ја продолжат конститутивната седница на Собранието, која почна на 30 декември минатата година, а беше прекината затоа што немаше договорено парламентарно мнозинство и пратениците не можеа да изберат претседател на законодавниот дом. Според агендата на денешното продолжение на конститутивната седница, кое е закажано за 12 часот, единствени две точки...

Еден, два, три, десет или сто предлози за нов спикер на утрешната седница на Собранието

Парламентарните политички партии утре, по три месеци пауза и преговори, ќе ја продолжат конститутивната седница на Собранието, која почна на 30 декември минатата година, а беше прекината затоа што партиите немаа договорено парламентарно мнозинство и не можеа да изберат претседател на законодавниот дом. Според собраниската агенда, за утре во 12 часот е закажано продолжението на конститутивната седница, а како единствени...

Беса нема да го поддржи Џафери, ќе предложи свој кандидат за претседател на Собрание

Раководството на Движењето Беса нема да го поддржи кандидатот на ДУИ за претседател на Собранието, Талат Џафери, и одлучи да предложи свој кандидат за собраниски спикер, објави „Tелевизија 21“. Портпаролот на оваа партија, Орхан Муртезани, не открива имиња, но според неофицијални информации на партијата, станува збор за Африм Гаши или Фадил Зендели. - Движењето Беса не донесе одлука за поддршка на...

Претседателот на Комисијата за избори и за именувања ќе биде од ВМРО-ДПМНЕ

Парламентарните политички партии на денешната координација во Собранието договориле претседателот на Комисијата за избори и за именување да биде од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а конститутивната седница на Собранието да продолжи в понеделник. Kоординаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, рече дека името на претседателот на Комисијата ќе се знае во текот на денот. Сепак, извори од ВМРО-ДПМНЕ, за дел од...

Утре нова координација за избор на претседател на Комисијата за избори и за именувања

Ниту по паузата парламентарните политички партии денеска не постигнаа договор за претседател на собраниската Комисија за избори и за именување и ја одложија координацијата за утре во во 12 часот. Изборот на претседател на Комисијата е основа за закажување на продолжението на конститутивната седница на Собранието, на која треба да биде избран претседател на законодавниот дом. Вчера партиите се договорија само...

Чавков: Пратениците утре ќе имаат непречен пристап во Собранието

Утре пратениците ќе имаат безбеден и непречен пристап во парламентот, вели за „Дојче веле“ директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Митко Чавков. Утре, во 12 часот, во Собранието треба да се одржи координација на парламентарните политички партии за формирање на Комисијата за избори и за именување, како основа за продолжување на конститутивната седница за избор на претседател на Собранието. Утре напладне...

СДСМ: Иванов ќе добие писмено известување дека мора да му го даде мандатот на Заев

Со денешното интервју Иванов самиот се разобличи во намерата да го поддржува Никола Груевски во неговата цел за продлабочување на политичката криза, се вели во реакцијата на СДСМ на интервјуто на претседателот на државата за унгарскиот весник „Маѓар хирлап“. Од партијата порачуваат дека ќе има конститутувна седница и избор на нов претседател на Собранието, од кој Иванов писмено ќе биде...

СДСМ денеска ќе поднесе иницијатива за свикување на Собранието

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска во 10.30 часот ќе поднесе во Собранието на Република Македонија иницијатива за продолжување на конститутивната седница на Собранието, на која, според најавите, треба да биде избран претседател на законодавниот дом, соопштија од СДСМ. Веднаш по поднесувањето на иницијативата, во прес-центарот на Собранието, изјава за медиумите ќе даде пратеникот и генерален секретар на СДСМ, Оливер Спасовски. Како...

Ахмети го информирал Јазбец за седницата за избор на претседател на Собранието

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на денешната средба го информирал амбасадорот на Словенија во земјава, Милан Јазбец, за разговорите на ДУИ со „главните парламентарни партии за иницирање на парламентарна координација“, за избор на претседател на Собранието. На средбата, како што стои во соопштението од ДУИ, Ахмети и Јазбец разговарале за политичките случувања во Македонија и за начинот за излез од...

Трајко Вељаноски денеска се сретнал со претседателот на ПССЕ, Педро Аграмунт

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, денеска во рамките на Европската конференција на претседатели на парламенти што се одржува во Стразбур, се сретнал со претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Педро Аграмунт. Од кабинетот на Вељаноски информираа дека двајцата соговорници се согласиле дека сите предизвици може да се надминат со смирен пристап и со дијалог, заради добросостојба на сите граѓани и...

Демерџиев: Не дојдовме овде да правиме провокации, туку да му оддадеме почит на Гоце Делчев

Денеска, овие мерки за сигурност се неопходни, а сигурноста значи, сите што сакаат да искажат почит за Гоце Делчев, тоа слободно да дојдат да го сторат, изјави пред малку...