Манчевски: Ниту еден живот, ниту една гребнатинка не е вредна за Никола Груевски

-

Времето и моментот од стратегијата за деблокирање на Собранието и за избор на спикер, ќе го зачуваме за себе за да избегнеме каква било шанса за каков било конфликт помеѓу граѓаните, изјави денеска пратеникот на СДСМ, Дамјан Манчевски, одговарајќи на новинарски прашања.

– Ниту еден живот, ниту една гребнатинка не е вредна за Никола Груевски – рече Манчевски.

Прашан за коментар на барањето за одржување нови предвремени парламентарни избори, што синоќа го соопшти граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ на протестот во Скопје, Манчевски изјави дека барањето го оценува како контрадикторно.

– Ова барање го оценувам како многу контрадикторно, затоа што, за да може да се распишат нови избори, треба да се избере претседател на Собрание. Навистина не знам на каков начин мислат да дојдат до ова. Втората работа е она што цело време го повторуваме, дека не веруваме дека во Македонија нови парламентарни избори ќе донесат решение на оваа криза – рече пратеникот на СДСМ.

На новинарско прашање дали следната недела може да се очекува избор на нов претседател на Собранието, Манчевски рече дека „секој ден може да се очекува избор на претседател на Собранието“.

Во врска со иницијативата поднесена до Уставниот суд за продолжување на мандатите на градоначалниците, тој истакна дека таа е „апсолутно неуставна“.

– Во Македонија имаме и претходна практика да се продолжува мандатот на локалните власти, а тоа било единствено само преку одлука во Собранието на Република Македонија. Така што единствен начин да излеземе од хаосот што ни следи со губењето на мандатот на локалните власти е Собранието – нагласи Манчевски.

Нетанјаху ги обвинува лидерите на Британија, Франција и Канада дека го „охрабруваат Хамас“

Бенјамин Нетанјаху ги обвини Киер Стармер, Емануел Макрон и Марк Карни дека го „охрабруваат Хамас“, откако тие повикаа на прекин на израелската воена офанзива и укинување на ограничувањата за хуманитарна помош...

Гласен молк од партиите по укинувањето на одредбите во Изборниот законик

Иако се толкува како победа на независните здруженија и иницијативи, наспроти големите политички партии, укинувањето на спорните два члена од Изборниот законик од страна на Уставниот суд остави правна празнина за...

Потврдени два случаи на мајмунски сипаници во Македонија

Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија (ИЈЗ) сношти потврди дека се регистрирани првите два лабораториски потврдени случаи на мајмунски сипаници (Monkeypox) во земјава. Пациентите биле упатени од Клиниката за кожни...

Шок на Харвард по забраната за упис на студенти од странство

Страв и конфузија завладеа на Харвард, еден од најпрестижните универзитети во светот, откако администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп објави дека повеќе нема дозвола да запишува меѓународни студенти, објави Њујорк...

Нетанјаху ги обвинува лидерите на Британија, Франција и Канада дека го „охрабруваат Хамас“

Бенјамин Нетанјаху ги обвини Киер Стармер, Емануел Макрон и Марк Карни дека го „охрабруваат Хамас“, откако тие повикаа на прекин на израелската воена офанзива и укинување на ограничувањата за...