fbpx
Таг: пратеници

таг: пратеници

Серија закони во Собранието: За слободен пристап до информации, за ОТА, за абортус …

На седници на собраниски комисии, како и на пленарна седница на Собранието, денеска ќе се најдат еден куп закони, од кои дел се со европско знаменце, односно во забрзана постапка. Така, на дневен ред се измените на законот за абортус. Со предлог-законот за прекинување на бременоста, се олеснува достапот до абортус на жените, што досега беше многу долга и сложена...

Хајредини: ДУИ и осумтемина „одметнати“ ќе ги деактивираат и СЈО и бомбите

Владиниот коалициски партнер ДУИ е непремостива пречка за постоењето на Специјалното јавно обвинителство и понатамошното објавување на „бомбите“, смета аналитичарот и колумнист Џевдет Хајредини, кој додава дека судбината на СЈО ја запечатуваат и осумтемина пратеници „одметнати“ од ВМРО-ДПМНЕ. Власта, нагласува Хајредини, ниту без едните, ниту без другите нема да може да спроведе ниедна реформа за која е потребно двотретинско мнозинство...

„Србија данас“ ги помеша лончињата со платата на Груевски

Српската информативна веб-страница „Србија данас“ завчера вечерта на веста за укинувањето на пратеничката плата и другите бенефиции како пратеник на поранешниот македонски премиер Никола Груевски стави наслов што е клеветнички и не ги претставува фактите. Имено, пишувајќи „ ЗАЕВ НАСИЛНО ГРАБА ПАРИ: Со овој потег Македонија ја вовлече раката во џебот на поранешниот премиер Груевски“, информативната страница ги обвини и...

Собранието му ја укина пратеничката плата на Груевски

Со 53 гласа „за“ и 3 „воздржани“ се изгласа дополнувањето на Законот за пратеници со кој се предвидува пратениците кои ќе имаат казна затвор од 6 месеци, да го изгубат правото на пратеничка плата, надоместоци, патни трошоци, како и сите останати бенефиции. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, гласаше воздржано. -Не сум убеден во решението на Законот и затоа сум воздржан, но...

Пратениците од СДСМ ќе гласаат против зголемување на платите на вицепремиерите

Пратениците од СДСМ ќе гласаат против зголемувањето на платите на вицепремиерите, кога точката ќе дојде на дневен ред, порача Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Собранието. Прашан зошто се спротивставиле на предлогот точката целосно да се исфрли, тој рече оти тоа го направиле за да имаат можност да гласаат против Предлог-законот за...

Заев: Честитки пријателе Ципрас, заедно со нашите народи испишавме историска победа

Честито мој пријателе Алексис Ципрас, заедно со нашите народи испишавме историска победа, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук-профил, по повод ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот парламент. „Нека е вечен Договорот од Преспа, нека се вечни мирот и прогресот на Балканот и во Европа“, пишува Заев во честитката. Грчкиот парламент попладнево со 153 пратеници „за“ го ратификуваше Договорот од...

Грчкиот парламент во жешка атмосфера попладнево гласа за договорот за името

Иако во грчкиот парламент требаше да се гласа ноќеска за ратификација на Преспанскиот договор, постапката се развлече поради огромниот број пријавени пратеници за збор, поради што најверојатно за ратификацијата ќе се гласа денеска околу 14.30 часот по локално време. Сè уште е неизвесно каков ќе биде исходот, оти последните анкети во Грција покажуваат сериозна предност на опозициската Нова Демократија, која...

Меј го преживеа гласањето недоверба во парламентот

Британската премиерка Тереза Меј синоќа доби доверба за продолжување на мандатот од пратениците  во британскиот парламент, еден ден откако нејзиниот договор за Брегзит претрпи тежок пораз. Владата на Меј доби 325 гласови, наспроти 306 кои беа против. По овој крупен чекор, Меј ќе разговара со сите парламентарни партии во обид да се изнајде решение за проблемот. Излегувањето на Велика Британија од ЕУ,...

По договорот вчера, пратениците денеска ќе гласаат за законот за Антикорупциска

Собранието денеска во 16 часот треба да гласа за Предлог на закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси, по скратена постапка, односно за законот за ново уредување и ингеренции на Државната комисија за спречување корупција (Антикорупциска). Проблемот околу давањето директен увид во сметките на носителите на јавни функции е затворено, откако владиното мнозинство и опозицијата вчера се усогласија, па...

Ќе се гласа за доверба на владата на Ципрас

Во парламентот на Грција денеска треба да продолжи  седницата на која ќе се гласа за доверба на владата на Алексис Ципрас. Гласањето би требало да се одржи попладнево. На вчерашното прво продолжение на седницата, имаше тензична атмосфера и жестока дискусија. Гласањето за доверба е на иницијатива на грчкиот премиер, кој се обидува да обезбеди доволно гласови за ратификација на Преспанскиот договор,...

Новите амандмани на Уставот објавени во „Службен весник“

Амандманите од 33 до 36, заедно со Уставниот закон за нивно прогласување, коишто со 81 глас „за“, беа усвоени на 75-тата седница на Собранието во петокот, се објавени во 6-от број на „Службен весник“ во оваа година, односно на 12 јануари 2019 година. Со овие измени на Уставот, името на земјава по стапувањето на сила на Преспанскиот договор ќе биде...

Постигнат е договор со БЕСА на Касами за уставните измени

Постигнат е договор со крилото на БЕСА на Биљал Касами да се гласа за измените на уставот, изјави на прес-конференција попладнево портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов. Тој не прецизираше што е договoрено, но истакна оти тоа ќе биде објаснето преку партиски соопштенија. Рече дека продолжението на седницата на која ќе се гласа за уставните измени треба да биде закажана од...

БЕСА на Африм Гаши: Ние ќе гласаме за уставните измени

Тројцата пратеници од БЕСА кои припаѓаат на делот што за претседател го признава Африм Гаши, а не Биљал Касами, ќе гласаат за уставните измени. Како што соопшти Гаши, тие се цврсто решени за евроинтеграциите и ќе ги поддржат измените на Уставот заради исполнување на обврските од Преспанскиот договор. Тоа е од висок интерес за Албанците, нагласи тој. „БЕСА со своите три...

Спасовски: 27 април нема да се повтори

Во моменти кога се очекува финалното усвојување на уставните измени, во услови на тензични протести пред Собранието, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска од Радовиш директно не одговори на прашањето дали е можна ескалација на настаните, како на 27 април 2017 година, кога демонстрантите упаднаа во Собранието и беа брутално претепани повеќемина пратеници и новинари. -Треба да знае македонската...

Кривична пријава за скопјанец што на Фејсбук им се заканувал на пратеници

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, во координација со Основното јавно обвинителство - Скопје, почнал постапка поради објава на Фејсбук од страна на Б.Б. (49) од Скопје. Од полицијата велат дека тој „предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието“ и „ширел расистички и ксенофобичен материјал“. Б.Б. вчера бил повикан на службен разговор во полициска станица, а...

Преамбулата ќе се измени, Заев и Села се договориле за поддршка на уставните измени

По денешната средба во скопскиот хотел „Холидеј Ин“ со премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, лидерот на Алијанса за Албанците (АА), Зијадин Села порача дека со Заев постигнале договор пратениците од оваа партија да гласаат за измената на Уставот. Тој ече дека на инсистирање на Алијансата, во преамбулата на Уставот ќе се отстрани подвојувањето на граѓаните. - Средбата беше во...

Села ја чека средбата со Заев, БЕСА на Касами тврди дека не блокира

Крилото на движењето БЕСА предводено од Биљал Касами вели дека не ја блокира евроатлантската интеграција на Македонија, а гласовите на нејзините пратеници ќе зависат од тоа како ќе се одвива дебатата, порача пратеникот Фадил Зендели денеска, јави  „Порталб.мк“. Прашан неколкупати дали ќе гласаат за уставните измени ако не се исполнат нивните барања Македонија да се дефинира како мултиетничка држава, албанскиот...

Новинари најавија тужба против државата за „крвавиот четврток“

Најмалку 15 новинари, кои известуваа од македонското Собрание при насилниот упад и дивеењето на 27 април, најавија дека ќе поднесат тужба против Република Македонија за надомест на штета. Како што велат Горан Трпеноски, Душица Мрѓа и Боби Христов, иницијатори на тужбата, ќе биде тужена државата според членот 166 од Законот за облигационите односи – „Одговорност поради терористички акти, јавни демонстрации...

16 граѓански организации побараa итно да се повлечат измените на Кривичниот законик

Вкупно 16 граѓански организации денеска од претседателот на Собранието и од пратениците-предлагачи, побараа итно да го повлечат Предлогот на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик, по скратена постапка. Тие сметаат дека со промената во членовите на Кривичниот законик, ќе им се овозможи во предметите кои ги води СЈО да се изречат помали казни или делата да застарат...

Со 79 гласа поминаа измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Со 79 гласа „за“, на 78-та седница на Собранието, денеска беше изгласан предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. За законот гласаа и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од коалицијата, а Лилјана Затуроска порача дека опозицијата ќе поднесе предлог за измена и дополнување на денеска изгласаниот закон, кого сепак го нарече „почеток на неопходните реформи“. Здружението...

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...