fbpx

Преамбулата ќе се измени, Заев и Села се договориле за поддршка на уставните измени

-

По денешната средба во скопскиот хотел „Холидеј Ин“ со премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, лидерот на Алијанса за Албанците (АА), Зијадин Села порача дека со Заев постигнале договор пратениците од оваа партија да гласаат за измената на Уставот.

Тој ече дека на инсистирање на Алијансата, во преамбулата на Уставот ќе се отстрани подвојувањето на граѓаните.

– Средбата беше во духот на договор и компромис. Зборувавме околу барањата кои ги има Алијансата за Албанците. Јас со задоволство можам да тврдам денеска, и се надевам дека така ќе биде и наредните денови и со гласањето во Собранието, дека од денеска нема да имаме две категории на граѓаните, како што беше досега. Значи, не „граѓани, како и другите“, туку ќе има само граѓани и ќе продолжува со македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ и т.н. Ова го кажувам со задоволство дека како партија дадовме придонес сите граѓани да бидат попретставени и повеќе да се чувствуваат рамноправни со сите други граѓани. Стоиме како АА на ставот дека Македонија треба да биде членка на НАТО и ЕУ. Од друга страна, има и работи во кои во принцип се согласуваме, но треба да се бараат начини како тоа да се изведе. Ние како Алијанса за Албанците нема да кренеме раце од нашето барање за албанскиот јазик да биде дефиниран како албански јазик, а не како „друг јазик“. За ова уште не сме постигнале договор и компромис – рече Села.

Премиерот Заев исто така изрази задоволство што е постигната спогодба и потврди дека ќе има бришење на некои зборови од преамбулата, за да не се создава впечаток дека некои граѓани тука се привремено.

– Да изразам задоволство од конструктивните разговори и чувствителноста што АА ја покажува и кон македонскиот народ. Досега во предлог-амандманите е прифатен предлогот на АА и Зијадин Села да се тргне делот „кои живеат во границите“ за да не биде дека граѓаните Албанци, Роми, Власи, како времено да се тука. Денеска го тргнавме и она другото „граѓани“, зашто од технички аспект е дуплирано, „граѓани“ стои двапати и така правиме чувство дека сите сме еднакви пред Уставот. Сега во преамбулата ќе стои „македонскиот народ и дел од албанскиот народ, дел од турскиот народ, и т.н“ – рече Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...