fbpx
Таг: партија

таг: партија

Партијата на пензионерите го обвини Сојузот на пензионерите дека е гласноговорник на власта

Раководството на Сојузот на пензионери на Македонија (СЗПМ), наместо вистински да се залага за подобрување на статусот и на правата на пензионерите во Република Македонија, од само ним познати причини, продолжува со јавни настапи во корист на актуелната владејачка политичка гарнитура, однесувајќи се како да е портпарол на власта и како СЗПМ да е политички плен што тие го „освоиле“...

Движењето за реформи на ДПА се регистрира како политичка партија

Од Движењето за реформи на ДПА на прес-конференција денеска соопштија дека успеале да се регистрираат како политичка партија во Основниот суд во Тетово. Евиденцијата деновиве треба да се објави во Службен весник и откако ќе помине предвидениот законски рок, новата партија ќе биде регистрирана во единствениот регистар на политички партии во Основниот суд Скопје 2. - Им се заблагодаруваме на...

Форумот на слободоумни патриоти не преговарал со Трифун Костовски

Форумот на слободоумни патриоти не преговарал со амбасадори, ниту со Трифун Костовски и со други политички и правни субјетки за формирање движење кое има цел да прерасне во политичка партија, се наведува во соопштението со кое од Форумот ги демантираат информациите што се појавија во јавноста околу формирањето движење предводено од бизнисменот Трифун Коствски, јавува „Телма“. „Форумот на слободоумни патриоти...

ЛП: Потребна е нова организација на влада, која ќе биде економски ориентирана

„На Македонија ѝ е потребна нова организација на влада која ќе биде економски ориентирана и ќе биде фокусирана на интересите на граѓаните. За таа цел Либералната партија ги реорганизира и своите комисии“, соопштија од партијата. Новиот концепт се базира на искуствата од најсилната економија во светот, САД, како и на британскиот кабинет, како модел присутен во ЕУ. - Нашата визија за...

Додека работните групи преговараат, ВМРО-ДПМНЕ се пребројува и остварува на терен

Месните комитети на ВМРО-ДПМНЕ деновиве се растрчани по членството, правејќи списоци за тоа кои се активни, кои пасивни, а кои нивни приврзаници се откажале од нив, дознава „Мета“. Како што дознаваме, оваа активност е планирана во пресрет на предвремените парламентарни избори, закажани за април 2016 година, а кои владејачката партија сериозно ги зела предвид и веќе работи на терен. Нивни...

Движење за реформи на ДПА: Со уцени и закани трае регистрацијата на партијата

Движењето за реформи на ДПА на Зијадин Села на прес-конференција, обвини дека во тетовскиот Основен суд се соочуваат со постојани уцени во текот на регистрацијата на партијата. Според нив процесот на регистрација на новата партија започнал пред 45 дена, но тетовскиот суд постојано барал дополнителни документи одолговлекувајќи ја постапката. - Сето ова време додека ги собиравме документите за регистрација на...

И Зои Константопулос ќе формира нова партија

Претседателката на грчкиот парламент, Зои Константопулос е спремна да формира нова партија, јавува „Грик рипортер“, повикувајќи се на извешатаи на весникот „Ефимерида тон Синтактон“. Константопулос наводно чека и официјално да и престане функцијата во парламентот и да се најават изборите, пред да ги започне процедурите за формирање партија. Весникот наведува дека партијата на Константопулос ќе соработува со новоформираната Лаики Енотита (Народно...

За Обединетите пензионери, зголемувањето на пензиите е владина манипулација

Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ), го осудува безобѕирното манипулирање на Владата со пензионерите, со најавата за божемно „зголемување“ на пензиите за 5 проценти , се вели во партиското соопштение. „Владата на Република Македонија, без трошка совест, го воведе терминот „зголемување на пензиите“, само во функција на сопствен маркетинг, а го суспендира член 37 од Законот за...

Партија на обединети пензионери: Власта е уплашена од соочувањето со народот на вистински демократски избори

„Откако се потпиша Договорот во Пржино и се договорија предвремени парламентарни избори, Владата и Груевски веќе ја почнаа својата предизборна кампања. Безобразно и безобзирно го злоупотребуваат јавниот сервис и националните телевизии со купените уредници“, реагираат од Партија на обединети пензионери. „Уплашена од соочувањето со народот на вистински демократски избори, власта се обидува да го саботира договорот за излез од политичката криза, надевајќи...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја узурпира Општина Центар

„ВМРО-ДПМНЕ најостро ја осудува агресијата која токму СДСМ ја прави врз Општина Центар и бескрупулозното узурпирање на општинската власт. СДСМ ја киднапира Општина Центар и ја користи само за свои партиски и политички цели. Добро е што застанаа зад Андреј Жерновски, за јавноста да види дека ова беззаконие и расипништво кое се практикува во Центар е заедничко на СДСМ и на...

СДСМ: Kако ВМРО-ДПМНЕ ја „пополни“ дупката од 3,5 милиони евра за изборите во 2011 година?

Во соопштението на СДСМ испратено до јавноста, опозициската партија прашува како ВМРО-ДПМНЕ ја „пополни“ дупката од 3,5 милиони евра, констатирана во извештајот на ВМРО-ДПМНЕ за изборите во 2011 година. - На што мислеше ревизорот кога во ревизорскиот извештај за 2013 година за финансирањето на партијата на Груевски, напиша дека „изразено е мислење со резерва за вистинитоста и за објективноста на...

Обединети пензионери го поздравуваат постигнатиот политички договор

Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ) го поздравува постигнатиот политички договор со кој конечно се создаваат основни претпоставки за почнување на политичката и правна разврска на кризата создадена од автократскиот начин на владеење на власта. Во партиското соопштение се додава дека кризата е последица од недостиг од чувство за државните и национални интереси на власта, неспособноста на партизираните...

НДМ: Академиците да напишат стратегија, за апели го имаме претседателот Иванов

Народно движење за Македонија реагира на вчерашната изјава на Владо Камбовски, претседател на Македонската академија на науките и на уметностите, дека улогата на Академијата ја гледа во тоа таа да создава клима на толеранција и дека на општеството му бил потребен квалитетен скок напред. „За НДМ таквите совети на МАНУ се слаби без да се каже како да се направи...

ДОМ: Брзо решение на политичката криза за да не стане регионална и меѓуетничка

Партијата ДОМ бара брзо решение на политичката криза за да не добие други размери, па да стане регионална и меѓуетничка. Од партијата на учесниците во преговорите им порачуваат да се водат од интересот на граѓаните и на Република Македонија, па да ги стават настрана своите политички агенди и маркетиншки трикови од предизборна кампања. „Тоа значи фокус на отстранување на причините...

„Бранковистите“ порачуваат: Поважно од СДСМ е обединувањето на народот!

Пораката на поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски, дадена во синоќешното интервју на телевизија „Телма“, во која тој инсистира на обединување во редовите на најголемата опозициска партија, предизвика голем интерес во јавноста, на социјалните мрежи, но и меѓу некогашните негови први соработници, кои сега, главно, се надвор од активностите на опозицијата. Емилијан Станковиќ, Јани Макрадули, Гордан Георгиев и Ана Павлова-Данева ќе...

Груевски, единствен кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Само една кандидатура, онаа на актуелниот претседател Никола Груевски, била доставена до партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ до рокот што истече денеска во 15 часот, во пресрет на конгресот на владејачката партија за избор на претседател, кој ќе се одржи утре и задутре во Куманово, пишува „Курир“. Според партиските извори на овој медиум, зад кандидатурата на Груевски застанале голем број делегати, основачи...

Пензионерите бараат задолжителна конфискација на нелегално стекнатиот имот

Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ) ги отфрла како неприфатливи иницијативите изнесени во јавноста, политичко-правнататa криза во државата да се решава со донесување закон за амнестија за инволвираните субјекти. - Секакво амнестирање поединци и групи што ги газат човековите права и слободи, вршат груби нерегуларности во изборниот процес или се носители на коруптивен криминал и грабеж, претставува дерогирање...

Во ВМРО-ДПМНЕ е вистинската Антикорупциска!

Паралелно со антикорупционерите, кои денеска дадоа свечена изјава пред Трајко Вељаноски, функционира и партиска антикорупциска комисија на ВМРО-ДПМНЕ, за која се вели дека е „Антикорупциска - вистинска“! Оттаму и сомнежите дали Државната комисија за спречување на корупцијата не е само параван за работата на комисијата за антикорупција што функционира во рамките на партијата на власт. Во ВМРО-ДПМНЕ главен на оваа комисија е...

Кекеновски: ВМРО-ДПМНЕ не е акционерско друштво, па да ме исклучува така

На иницијатива на основачите и на ветераните на ВМРО-ДПМНЕ, партијата од своето членоство го исклучила професорот Јове Кекеновски, јавува „Република онлајн“. Како што пишува порталот, повикувајќи се на свои извори, дисциплинската комисија на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Бутел, донела одлука за исклучување на Кекеновски од партијата. Како причини биле наведени неговите обиди за нарушување на угледот на ВМРО-ДПМНЕ и...

Вооружен маж упадна во седиштето на владејачката партија на Турција

Вооружен маж упадна во седиштето на владејачката турска Партија на правдата и развојот (АКП) во Истанбул. Набргу е уапсен и нема жртви. Мажот го скршил прозорците на последниот кат на зградата во предградието Кратл, на азиската страна од Истанбул и развеал турско знаме на кое е додаден мотивот бел меч. Агенцијата „Доган“ првобитно јави дека двајца упаднале во АКП. Инцидентот се случил за...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...