fbpx
Таг: партија

таг: партија

Левица: Манипулатор го поднесе предлогот до судот да се повлечеме од изборите

Жарко Петрески од Скопје, кој се претставува како основач и член на Левица, до Основниот суд Скопје 2 поднел предлог за донесување привремена мерка за забрана за оваа партија да учествува на престојните предвремени парламентарни избори во декември. Здравко Савески, член на президиумот на Левица, за „Мета“ вели дека човекот што има поднесено предлог за донесување привремена мерка за забрана...

Турција издаде налог за апсење на лидер на курдска партија

Турција денеска издаде налог за апсење на лидерот на политичката партија на сириските Курди поради бомбашкиот напад во Анкара во февруари годинава. Се работи за лидерот на курдската Партија на демократското единство, Салих Муслим, како и за уште неколку пребегнати членови на забранетата курдистанска работничка партија.

Полска ја намали старосната граница за пензионирање

Полските пратеници гласаа за намалување на старосната граница за пензионирање и покрај прашањето како ќе се финансира новиот пензиски систем. Долниот дом денеска гласаше за тоа од октомври следната година, жените да можат да се пензионираат на 60 години, а мажите кога ќе наполнат 65 години. Според актуелниот систем, старосната граница за пензионирање требаше постепено да се зголемува и пензионирањето за...

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестиравме повеќе од една милијарда евра во енергетски проекти

Владата на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите десет години инвестираше повеќе од една милијарда евра во енергетски проекти и во модернизација на постојните енергетски капацитети, се вели во реакцијата на партијата на власт, на прес-конференцијата на претседателот на комисијата за енергетика на СДСМ, Митко Андреевски. Од владејачката партија додаваат дека успешно е либерализиран пазарот на електрична енергија, а почнало и искористувањето на обновливите извори на...

Албанија доби нова политичка партија – Либра

Социјалистичката партија на Албанија денеска, првпат по 2005 година, од својата внатрешна фракција доби противничка партија, Либра. Пратениците Бен Блуши и Мимоза Хафизи денеска ја официјализираа разделбата од Социјалистичката партија предводена од премиерот Еди Рама, по три години фракционерско дејствување во партијата и во парламентот. Формирањето на Либра доаѓа две недели по формирањето на партијата Предизвик за Албанија. Во своето обраќање, лидерот на...

ВМРО-ДПМНЕ: Слободан Богоевски за сите невистини ќе добие тужба за клевета

Лицето Слободан Богоевски, осуден за криминал за кој има одлежано казна затвор, синоќа ја искористи телевизија „Телма“ и времето што му беше дадено во емисија „Топ-тема“ за да изнесе лаги и клевети во обид да го наруши угледот на ВМРО-ДПМНЕ и на функционери од партијата, реагираат од владејачката партија по синоќешното интервју. За сите невистини што ги изнесе, како што...

Неделков: Се прави хајка против СОНК за да се разбие единството на синдикатот

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија е цел на напади и на организирана хајка од страна определени медиуми и политичка партија, кои имаат цел да го разбијат единството на синдикатот, вели претседателот на СОНК, Јаким Неделков. - Во изминатите седмици, наша проценка и тврдење е дека врз СОНК се врши организирана, диригирана и оркестрирана хајка за...

Во Албанија е формирана нова политичка партија

Во Албанија е формирана нова политичка партија која се нарекува Предизвик за Албанија, јавува дописничката на „Мета“ од Тирана. Основачите на оваа партија биле подготвени да работат искрено и трпеливо и покрај немањето голема финансиска и медиумска моќ како другите политички партии. Како што велат, имале волја, желба и идеи за да направат промени во државата. На следните избори ќе ги претставувале оние Албанци...

Изборите ја спречиле ВМРО-ДПМНЕ да учествува на самитот на сестринските партии

Распуштањето на Собранието и средбите со граѓани им биле приоритет на водечките кадри на ВМРО-ДПМНЕ и затоа не учествувале на Самитот на европските народни партии, кој се одржа вчера во Мастрихт, Холандија. Од владејачката партија, која е член на ова асоцијација на европските демохристијански партии, велат дека добиле покана, но навремено одговориле дека поради обврски, нема да присуствуваат на самитот. - ВМРО-ДПМНЕ...

ВМРО-ДПМНЕ не подготвува одговор на граѓанскиот марш, ама спрема партиски собир

ВМРО-ДПМНЕ засега не планира марш или собир на отворено кој би бил реакција на тој што вчера го направи СДСМ во Скопје. Сепак, членови од партијата на власт велат дека најавен им е собир в недела (16 октомври) во затворен простор во Скопје, на кој, евентуално, би се промовирала програмата и новиот слоган на партијата. - Тоа би значело почеток на кампањата...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да објасни на кој начин стекна имот вреден 60 милиони евра

Со 60 милиони евра приграбени пари од џебот на граѓаните на Македонија, обвинетиот Груевски и неговата партија на власт, ВМРО-ДПМНЕ, купиле партиски имот распространет на 33.000 квадратни метри, се вели во соопштение на СДСМ. Во него се додава дека владејачката партија треба да им објасни на граѓаните на кој начин стекнала имот вреден 60 милиони евра. „Доколку се утврди дека овој имот...

ВМРО-ДПМНЕ: Забавувањето на економскиот пораст е последица на кризата создадена од Заев

Светска банка јасно и недвосмислено посочи дека забавувањето на економскиот пораст, странските инвестиции, а со тоа и зголемувањето на буџетскиот дефицит за да се задржи порастот, се директна последица на политичката криза, која во Македонија ја создадоа аболираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на соопштението на дополнителниот-заменик министер за финансии, Кире Наумов. Според партијата на...

Партија на обединети пензионери: Власта подгрева меѓуетнички тензии

Партијата на обединетите пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ) упати повик за обединување за преку ставање на граѓанинот во центарот на интересот на државата, конечно и вистински да се демократизира македонското општество што ќе ги спречи манипулациите насочени кон држење на земјата во заложништво, од страна на поединци и на политички врхушки. „Со вознемиреност го следиме повторниот и непромислен обид на...

ПДП реагира на неажурноста на судовите и на внатрешни превирања во партијата

Партијата за демократски просперитет (ПДП) денеска на прес-конференција реагираше, како што рекоа, на неажурноста на судовите околу судскиот спор во врска со впишувањето на претседател на партијата во судскиот регистар на политички партии. - Основниот суд во Тетово има донесено решение како претседател на партијата да ме впише мене. Оваа одлука беше оспорена од одредени луѓе и обжалена до Апелацискиот...

ВМРО-ДПМНЕ три дена молчи за тоа колку чини новиот партиски имот на Широк сокак

Разгранокот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во Битола три дена молчи во врска со прашањето колкав имот купи во градот и колку пари плати за него. Од ова лето партијата на власт во Битола е сместена во нови простории, сопственост на партијата. Советниците од опозициската Либерaл-демократска партија од Битола денска на прес-конференција вторпат јавно го поставија прашањето до општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ...

Левица: Вчерашниот напад е само уште еден од низата против нашата партија

Левица најостро го осуди инцидентот во кој нивни член заради критика на парадирањето на поранешниот премиер Н.Г во поплавените подрачја, е физички нападнат од член на неговата придружба. „Левица ја оценува како бесрамна реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ во која нашиот член се нарекува провокатор на СДСМ и во која отсуствува осуда на физичкиот напад извршен во присуство на лицето кое е на...

Ахмети: Секој член да работи со голема посветеност на остварување на нашите национални цели

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по повод 14-годишнината од основањето на партијата, испрати честитки на сите соработници, членови, симпатизери, колеги, како и на сите граѓани. „Петти јуни 2002 година ќе остане засекогаш значаен датум за сите нас, денот кога сите заедно одлучивме да воспоставиме наследнички субјект и потомци на Ослободителната национална армија, Демократската унија за интеграција. Нашата 14-годишнина доаѓа во многу тешки...

Груевски: Засега не се враќам на позицијата премиер

Одлучив засега да не се враќам на позицијата претседател на Владата, бидејќи не сакам да оставам впечаток дека потезите што ги влечам се само во правец да постигнам некоја лична цел или позиција. Сакам да покажам и дека може да се функционира и поинаку, а пак да се биде успешен и многу корисен - вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола...

ВМРО-ДПМНЕ ја почна кампањата, нема да прави митинзи, туку средби со граѓани

ВМРО-ДПМНЕ денеска ја почна изборната кампања, но не со митинзи, туку со директна комуникација со граѓаните, информираат за „Мета“ од владејачката партија. Оттаму велат дека ваков начин на кампања ќе практикуваат поради тоа што не е вообичаена ниту состојбата во која се наоѓа државата. Засега не сакаат да откријат дали ќе прават и митинзи. Државната изборна комисија (ДИК) денеска треба да...

МВР: Кривична пријава против Савески поради демолирањето на канцеларијата на Иванов

Членот на партијата Левица, Здравко Савески, кој утрово беше повикан и задржан во полициската станица Пролет во населбата Кисела Вода, се товари дека за време на протестот на 13 април, со дел од толпата демонстранти влегол во народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, каде запалил фотографија со ликот на претседателот и фрлил предмет кон канацеларијата, соопшти попладнево МВР. Против Савески...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...