Во Албанија е формирана нова политичка партија која се нарекува Предизвик за Албанија, јавува дописничката на „Мета“ од Тирана.

Основачите на оваа партија биле подготвени да работат искрено и трпеливо и покрај немањето голема финансиска и медиумска моќ како другите политички партии.

Како што велат, имале волја, желба и идеи за да направат промени во државата. На следните избори ќе ги претставувале оние Албанци што не сакале да гласаат за досегашните политички партии.

Меѓу другото, мотивот за формирањето на оваа партија бил и затоа што „партиите во Албанија страдале и биле заложници на нивните лидери“.