fbpx
Таг: партии

таг: партии

Ванхауте на партиите им дал нов закон за надлежностите на министрите

Олеснувачот во преговорите на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, Питер Ванхауте, доставил нов предлог-закон за надлежностите на министрите и на замениците-министри во новата заедничка влада. Предлогот бил сублимат од досегашните разговори на партиите, а, пред сè, се однесува на ингеренциите што треба да ги има новиот министер за внатрешни работи. Се дознава дека по овој предлог вчера партиите имале внатрепартиски...

Амбасадорите порачаа: ВМРО-ДПМНЕ да го почитува Пржино, СДСМ да не објавува „бомби“

Амбасадорите на САД, Велика Британија, Франција, Германија, Италија и на Европската унија денеска пред Влада прочитаа заедничка изјава за политичката криза и за Договорот од Пржино со која ги повикаа од ВМРО-ДПМНЕ да ги почитуваат обврските што ги прифатиле во Пржино, а од СДСМ да продолжат да ги исполнуваат нивните обврски од договорот, вклучувајќи ја и таа да не објавуваат повеќе...

За ВМРО-ДПМНЕ преговорите се активни, за СДСМ сè е на стенд-бај

Нема никаков знак дека и денеска нешто ќе се случува околу преговорите на политичките партии. Утре е можно Европската комисија да го затвора извештајот за напредокот на земјава, од што зависи дали на Македонија ќе ѝ биде одземена препораката. Најавите се дека продолжувањето на препораката зависи од тоа дали Договорот од Пржино ќе биде имплементиран. Од ВМРО-ДПМНЕ за „Мета“ велат дека преговорите...

Лидерите на партиите се договорија да продолжат преговорите

По два и пол часа преговори, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и на ДПА, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, се договорија разговорите за Договорот од Пржино да продолжат утре со билатерални средби. Белгискиот олеснувач Питер ван Хојте изјави дека очекува наредната недела преговорите да се интензивираат. - Се договоривме преговорите да продолжат и очекуваме да се интензивираат и да се надминат...

Груевски и Заев ќе се сретнат на полноќ

Лидерите на четирите партии, потписници на Договорот од Пржино, ќе се сретнат вечерва на полноќ во Клубот на пратеници. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ја потврдил оваа информација за Радио Слободна Европа. На средбата треба да присуствуваат и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на ДУИ, Али Ахмети, и на ДПА, Мендух Тачи. Четворицата лидери ќе разговараат за разликите што ги имаат околу...

„Брима Галуп“: Двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ

Според податоците добиени од истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Брима Галуп“, владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ има двојно поголема поддршка од опозицискиот СДСМ. За партијата на премиерот Груевски би гласале 23,5 проценти од граѓаните, додека за опозицискиот СДСМ - 12,4 отсто. Третото место го зазема ДУИ со 7,6 проценти поддршка, а четврта е ДПА со 3,5 отсто. Според анкетата, премиерот Никола Груевски има најголема доверба од...

Ван Хојте: Ако нема договор за ДИК до ноември, изборите во април се речиси невозможни

Белгискиот олеснувач Питер ван Хојте денеска рече дека ако нема договор за деталите на функционирањето на Државната изборна комисија до почетокот на ноември, избори во април се речиси невозоможни. Тој вели дека сега треба да се постави прашањето дали политичките партии воопшто сакаат да постигнат целосен договор, а според него, кочници има на сите страни. Како најголем напредок на овие работни...

Договор нема, пробиен и последниот рок

Политичките партии и синоќа не постигнаа договор околу прашањата за изборот на министри и законот за „бомби“. Со тоа е пробиен и последниот рок од Договорот од Пржино, кој истече на 20 октомври. Како што се дознава, и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ останале на своите барања. Владејачката партија бара новите министри да бидат само технички, додека СДСМ инсистират тие да имаат...

По средбата со Заев, лидерите на заедничка средба со Хан

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пристигна на средба со еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан. Тој е во придружба на Радмила Шекеринска, Рената Десковска, Дамјан Манчевски и на Оливер Спасовски. Претходно, еврокомесарот Хан се сретна со премиерот Никола Груевски и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Во придружба на Груевски беа министерот за надворешни работи, Никола Попоски, заменик-министерот за...

Ден на политички одлуки, посети, седници, закони – ќе бидат ли доволни 24 часа?

Безмалку сите настани што внесоа напнатост на политичката сцена изминатава недела ќе се прелеат во денешната агенда. Посета на високиот комесар за проширување и меѓусоседска политика на ЕУ, Јоханес Хан. Иако нема официјално објавен распоред на средби, Хан сигурно ќе се сретне со шефовите на четирите најголеми политички партии. Свечената седница на Советот на јавни обвинители, на која избраните седуммина помошници-обвинители од тимот...

Договорени изборните закони, утре ќе се гласаат во Собрание

По 15 часа преговори, работните групи на партиите потписнички на Договорот од Пржино, утринава постигнаа договор за изборните закони, дознава „Мета“. Договорени се изборот и начинот на гласање во ДИК, гласањето на дијаспората и прочистување на избирачкиот список. Членовите на ДИК ќе се избираат по формулата „три плус три плус три“, што значи по тројца претставници од власта и од опозицијата и тројца...

Жолчна кавга во грчкиот парламент околу спорот за името

Жестока расправија за иницијативите на грчкото министерство за надворешни работи околу решавањето на спорот за името ја прекина дискусијата на грчкиот парламент за гласање на мерките и на обврските договорени со европските партнери. Лидерот на неонацистичката партија Златна зора, Никос Михалолиакос, среде парламентарната дискусија обелодени документ, допис од министерот за надворешни работи, Никос Коѕиас, со кој се бара од партијата да...

Ван Хојте: Партиите на добар пат да постигнат договор за изборниот законик

Белгискиот експерт Питер ван Хојте изјави дека партиите биле на добар пат да постигнат договор за изборниот законик, за што изрази задоволство. Сепак, тој кажа дека една партија, без да прецизира која, ги напуштила преговорите поради непочитување на Законот за специјален обвинител. Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, пред Клубот на пратеници каде што се одржуваа преговорите на работните групи за изборната...

Питер ван Хојте: Јас сум оптимист

Заврши билатералната средба на пратеникот од ДУИ, Артан Груби, со белгискиот олеснувач, Питер ван Хојте. Тие не сакаа да дадат изјава. Ван Хојте кратко рече дека е оптимист, а за друго не сакаше да коментира. Во 16 часот белгискиот експерт ќе има средба со претставници на СДСМ.

Талат Џафери: Право на медиумите е дали ќе ги остранат прислушуваните материјали

„Со тоа што законот за забрана за објавување и за располагање со материјали кои произлегуваат од незаконско следење на комуникациите го пуштив во собраниска процедура на 6 октомври, немав никаква намера, ниту да ги запрам преговорите, ниту да направам некаква штета. Го поднесов затоа што преговорите одеа добро и се очекуваше завршница и мислев дека наредниот ден заедно со изборниот...

Питер ван Хојте на билатерални средби со партиите во Собранието

Белгискиот експерт Питер ван Хојте, кој е олеснувач во преговорите на работните групи на партиите потписички на Договорот од Пржино, денеска има серија средби со претставниците на политичките партии во Собранието на Република Македонија, за да ги доближи нивните ставови околу прашањата поврзани со изборните закони. Во 12 часот, тој имаше средба со претставници на ДПА, а од 14 часот тече средбата со ДУИ. За...

Трајановски: Смешен и проѕирен обид да се амнестираат

За експертот за човекови права Жарко Трајановски, законот со кој се предвидува забрана за објавување на „бомбите“ е смешен и проѕирен обид на криминалната банда да воведе цензура и да се амнестира себеси. - Истата банда која е одговорна за незаконитото масовно прислушување на илјадници луѓе, кои во 2010 година законски му овозможија на УБК да има директен линк до телекомуникациските...

Партиите и сега ги мерат рејтинзите, но ги чуваат за пред избори

Политичките партии редовно прават анкети и го мерат пулсот на јавноста, но резултатите ги држат во тајност и ги користат за внатрешна употреба, а не за информирање на јавноста. Анкетите не се објавуваат и поради тоа што во овој период резултатите може да се многу променливи, или пак поради тоа што сегашните резултати едноставно не им одговараат на партиите. Иако секогаш...

„Тетово во хаос“ e мотото на протестот најавен за петок

„Тетово во хаос“ е мотото на протестот во организација на ПДП, кој ќе биде поддржан од опозициските партии од албанскиот и од македонскиот политички блок, еколошките организации и Студентскиот парламент од Државниот универзитет во Тетово. На протестот засега свое учество најавија претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска, и лидерот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски. Ќе се протестира за загадувањето во Тетово, проблемот со...

Партиите во Битола тргнаа во битка за пратеници

Шест месеци пред парламентраните избори, додека партијата на власт ги брои и ги пребројува потенцијалните гласачи, опозиционерите почнуваат со формирање штабови, нови кадровски решенија и со решавање на техничките и организациски проблеми. Либералдемократите во Битола избраа нов локален лидер, а СДСМ го крои новиот предизборен партиски штаб. Иако е вообичаено првиот човек на партискиот штаб да биде локалниот лидер на партијата,...

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...