Белгискиот експерт Питер ван Хојте изјави дека партиите биле на добар пат да постигнат договор за изборниот законик, за што изрази задоволство.

Сепак, тој кажа дека една партија, без да прецизира која, ги напуштила преговорите поради непочитување на Законот за специјален обвинител.

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, пред Клубот на пратеници каде што се одржуваа преговорите на работните групи за изборната регулатива изјави дека денеска со одлуката на Советот на јавни обвинители е прекршен Договорот од Пржино и Законот за специјалното јавно обвинителство.

– Ние сега се повлекуваме од преговорите на консултации во партијата. За нас Договорот од Пржино не е повеќе активен. За сите следни чекори кои ќе ги преземеме понатаму, ќе бидете информирани – изјави Спасовски.