fbpx
Таг: Палестина

таг: Палестина

Израел најавува евакуација на граѓани кои живеат на два километри од границата со Либан

Израелските сили одбранбени сили најавија дека ќе ги евакуираат сите израелски граѓани кои живеат до два километри од границата со Либан, пишува Гардијан. Станува збор за евакуација на 28 домови. Оваа најава следи по тензијата меѓу Израел и Либан предизвикана од терористичкиот напад на Хамас. По напад со ракети во Израел од либанската паравоена организација Хезболах, Израел го нападна Либан...

Нетанјаху: Израел ќе ги разбие „крвожедните чудовишта“ на Хамас

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за првпат денеска свика вонредна владина седница во Тел Авив, велејќи дека националното единство покажано во последните денови испратило порака дома и во странство, пренесе Гардијан. Премиерот Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе го „растури“ Хамас, од како што рече „крвожедните чудовишта“. Говорејќи на седницата, која започна со молк за 1.300 израелски жртви кои беа убиени од...

Нема докази дека Украина му дала оружје на Хамас

Повикувајќи се на официјално соопштение  на Одбранбеното разузнавање на Украина, Украинска правда пишува дека Русија се подготвува да ја дискредитира Украина со цел да влијае на ставот на сојузниците и на снабдувањето со западно оружје. Безбедносни експерти за странски проверувачи на факти велат дека Украина е во егзистенцијална битка со Русија и не е логично да продава оружје на...

Палестинците во грч брзаат кој југот на Газа, додека израелската војска врши воени дејствија

Палестинците во грч брзаат да избегаат од северот на Газа денеска, откако израелската војска нареди повеќе од половината од населението да се евакуира во југот на територијата и врши теренски упади, пред очекуваната копнена офанзива, точно една седмица по крвавиот напад на екстремистичкото движење Хамас на израелска територија, јавува новинската агенција „Асошиејтид Прес“. Израел ги обнови повиците на социјалните медиуми...

Не е точно дека Хамас го заробиле израелскиот генерал Нимрод Алони

Според адмиралот Даниел Хагари, портпарол на израелската војска, генералот Алони не е во рацете на Хамас. Хагари на новинарите во саботата им изјавил дека тврдењата оти Алони е заробен се невистинити. Алони јасно може да се види дека кратко се појавува во видео каде високи воени лица разговараат за последните случувања во Израел. Состанокот е од саботата и беше...

ЕК ја стопира помошта за Палестина

Европската комисија (ЕК), вчеравечер порача дека почнува итно ревидирање на помошта што ЕУ ја дава на Палестина, по нападите на Хамас врз Израел во саботата. Објавата беше проследена со остра и едногласна осуда „на терористичките напади на Хамас врз Израел во текот на викендот“. „Покрај постоечките безбедносни контролни механизми, целта на оваа ревизија е да се биде сигурен дека ниту...

МНР: Уште 10 македонски државјани го напуштија Израел, евакуација бараат 100 други

Уште 10 македонски државјани преку различни транспортни канали го напуштија Израел, со што вкупната бројка за изминативе два дена надмина 30 наши државјани што го напуштија Израел, информираат од Министерството за надворешни работи (МНР). Тие појаснуваат дека четворица државјани заминале со лет до Атина, петмина до Подгорица, а едно лице со лет до Истанбул. „Амбасадата на Северна Македонија во Тел...

Израелските сили се повлекоа од Џенин на Западниот брег

Израелските сили се повлекоа од градот Џенин на Западниот брег откако претходно ја извршија една од најголемите воени операции на окупираниот Западен брег во изминативе години, пишува Гардијан. Како резултат на ваквите дејствија, досега животот го загубија 12 Палестинци и еден израелски војник. Локалните медиуми го цитираа портпаролот на израелската војска Даниел Хагари дека сите војници го напуштиле Џенин и...

Советот за безбедност на ОН го осуди убиството на палестинско-американскa новинарката Ширин Абу Аклех

Советот за безбедност на Обединетите нации остро го осуди убиството на палестинско-американската новинарка Ширин Абу Аклех кое се случи на 11 мај, како и ранувањето на уште еден новинар во Џенин на Западниот Брег, пренесе Аспошиејтед Прес. Советот вчера вечер едногласно усвои декларација која беше на дневен ред на предлог на САД. Норвешката амбасадорка во ОН, Мона Јул изрази посебна загиженост...

Во Скопје протест за поддршка на палестинскиот народ, Нетанјаху ѝ се заблагодари на земјава за поддршката на Израел

Викендов низ светот се одржаа пропалестински протести, а денеска и во Скопје имаше протест за поддршка на палестинскиот народ. Социјалниот центар „Дуња“ и „Гласни идеи“ на плоштадот Македонија го организираа протестот во знак за солидарност со палестинскиот народ и нивниот отпор. Левичарскиот протест помина во апел за да сопре окупацијата на Газа и нејзиното бомбардирање од страна на Израел,...

Трамп и Путин телефонски разговарале за судирот помеѓу Израел и Палестина

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп денеска телефонски разговарале за решавање на судирот помеѓу Израел и Палестина. - Само што разговарав со претседателот на САД, господинот Трамп. Секако, зборувавме за решавање на судирот помеѓу Израел и Палестина - изјави Путин пред средбата со палестинскиот претседател Махмуд Абас, кој е во посета на Москва. Путин потенцираше дека...

Трамп ги доведе во прашање мировните преговори меѓу Израел и Палестина

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја доведе во прашање можноста за продолжување на мировните преговори меѓу Израел и Палестина, префрлајќи ја одговорноста за тоа на палестинската страна, пренесува „Би-би-си“. Како што изјавил Трамп во Давос, Палестинците „покажале непочитување“ кон САД, по неговата одлука да го признае Ерусалим за главен град на Израел. - Кон САД мора да биде искажана...

САД поддржуваат решение за две држави на Израелците и Палестинците

САД ќе го поддржат решението за две држави за Израелците и Палестинците, ако двете страни се согласат околу ова прашање, му пренел американскиот потпретседател Мајк Пенс на египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси. По средбата со египетскиот претседател за време на посетата на Египет, Пенс на новинарите им изјави дека САД се длабоко посветени да го рестартираат мировниот процес на Блискиот...

Трамп се закани дека ќе ја прекине помошта за Палестинците

Соединетите Американски Држави би можеле да ја прекинат помошта за Палестинците, кои, „повеќе не сакаат да разговараат за мир“ порача американскиот претседател, Доналд Трамп, пренесува „Би-би-си“. Трамп на „Твитер“ напиша дека, „САД не добиле ниту признание, ниту почит за помошта од стотици милиони долари што годишно им ја даваат на Палестинците.“ https://twitter.com/realDonaldTrump/status/948322497602220032 Заканите на Трамп следуваат по острите реакции на Палестинците на...

Израелски авиони гаѓаа воен комплекс на Хамас во Газа

Израелските воздухопловни сили утрово погодиле воен комплекс на исламското екстремистичко движење Хамас во појасот Газа, како одговор на претходно истреланата ракета од палестинска страна, која падна во отворено подрачје на југот на Израел, јавуваат светските агенции. Во тој инцидент немаше жртви и повредени, а не беше причинета ниту материјална штета. Агенциите, повикувајќи се на палестински извори, наведуваат дека и во израелската...

Палестинците го отповикаа својот дипломатски претставник во САД

Палестинците денеска соопштија дека го отпoвикале својот дипломатски претставник во Соединетите Американски Држави за „консултации“, неколку недели откако американскиот претседател Доналд Трамп го призна Ерусалим како главен град на Израел, јавува „Би-би-си“. Палестинскиот претседател Махмуд Абас изјави дека нема да прифати никаков мировен план од САД по одлуката на Трамп, која предизвика протести и судири во појасот Газа. На 21 декември...

Генералното собрание на ОН гласаше против одлуката на САД за Ерусалим

Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) ја усвои резолуцијата со која се бара од САД да ја повлечат одлуката за признавање на Ерусалим за главен град на Израел. Резолуцијата ја поддржаа 128 членки на ОН, меѓу кои и Македонија, девет гласаа „против“, 35 беа „воздржани, а 21 членка воопшто не гласаа. Портпаролот на палестинскиот претседател Махмуд Абас по гласањето...

Светот да го признае Ерусалим за престолнина на Палестина, порача Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска на вонредниот самит на Организацијата за исламска соработка (ОИС) во Истанбул ги повика сите земји во светот да го признаат Ерусалим за престолнина на Палестина. - Ерусалим е нашата црвена линија. Израел е окупаторска и терористичка држава - изјави Ердоган на почетокот на самитот посветен на прашањето за Ерусалим. Ердоган, покажувајќи фотографија од палестинско момче...

Хамас испука ракети, Израел бомбардираше од воздух, двајца Палестинци загинаа

Двајца Палестинци се убиени во судирите со израелската војска во Газа, а од почетокот на судирите биле повредени 1.100 луѓе, соопшти палестинското Министерство за здравство. Судирите продолжија вчера и денеска, како ескалации на муслиманското востание по признавањето на американскиот претседател Доналд Трамп на Ерусалим за главен град на Израел. Израелските војници застрелале 30-годишен маж близу Кан Јунес, додека учествувал во...

Трамп го призна Ерусалим за главен град на Израел

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека дошол моментот кога Ерусалим треба официјално да биде признат како претстолнина на Израел. „Одлучен сум дека дојде време официјално да се признае Ерусалим како претстолнина на Израел. Тоа е најдобро и е во интерес на САД во процесот на решавање на ситуацијата на Блискиот Исток“, изјави Трамп. Тој рече дека САД се решителни во определбата...
Број 659 на стрипот „Алан Форд“ нацртан од Вероника Гуити. Фото: Мета.мк.

За прв пат во 55 години, стрипот „Алан Форд“ го црта жена

Со мајскиот, 659-ти број на култниот италијански стрип „Алан Форд“, издавачот и сценарист Макс Бункер ја претстави уметницата Вероника Гуити како нова членка на тимот. Во уредничкиот коментар во 659-тата...