fbpx
Таг: пакистан

таг: пакистан

Пакистан: Затворени училиштата на годишнината од нападите на талибанците

Училиштата во Пакистан денеска се затворени на годишнината на нападот на талибанците на училиште во Пешавар, во кој беа убиени 150 лица, од кои 144 ученици. Пакистан ја засили кампањата против милитантите и го прекина мораториумот на смртната казна за терористички напади. Одговорноста за нападот ја презедоа авганистанските талибанци.

Погубени четворица осомничени за масакрот во училиштето во Пешавар

Четворица бунтовници, осомничени дека учествувале во масакрот на талибанците во училиште во пакистанскиот град Пешавар, денеска се обесени, соопштија безбедносните служби на градот. Тоа се први погубувања поврзани со нападот кој се случи пред една година, а во кој загинаа повеќе од 150 лица, повеќето деца. - Четворица бунтовници вмешани во нападот на воено училиште утринава се обесени во затвор во Кохат - соопшти...

Лагард: ММФ ќе им помогне на земјите погодени од земјотресот

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард, изјави дека сочувствува со сите што се погодени од земјотресот во Авганистан и во Пакистан, порачувајќи дека ММФ се подготвени да одговорат на овој трагичен настан. Според неа, примарно е колку што се може да им се олесни на овие области и да се осигура безбедноста и благосостојба на тие што ја преживеаја трагедијата.

Повеќе од 300 загинати и 2.000 повредени во земјотресот што ги погоди Авганистан и Пакистан

Повеќе од 300 загинати и најмалку 2.000 повредени е моменталниот биланс од силниот земјотрес, со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала, што вчера ги погоди Авганистан и Пакистан, јавуваат светските агенции. Во меѓувреме, како што пренесува „Би-Би-Си“, интензивирани се напорите на спасувачките екипи за помош на жителите на погодените области. Спасувачки тимови се испратени во оддалечените планински области каде сè уште...

Сè поголем бројот на загинати во земјотресот во Пакистан и во Авганистан

Повеќе од 100 лица загинаа во силниот земјотрес што го погоди североисточниот дел на Авганистан и на Пакистан. Тресење на тлото од земјотресот со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала се почувствувало и на северот на Индија и во Таџикистан. Меѓу жртвите има и 12 девојчиња, кои се прегазени во стампедо што настанало по земјотресот, кога луѓето почнале да бегаат од една...

Најмалку 51 загинат во Пакистан и 19 во Авганистан во силниот земјотрес

Најмалку 51 лице загинале во Пакистан, а според медиумските извештаи, уште 20 луѓе ги загубиле животите во Авганистан, во силниот земјотрес што утрово ги погоди северните делови на Пакистан, Авганистан и на Индија, јавува „Би-Би-Си“. Земјотресот бил со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил во планините во регионот Хинду Куш, на длабочина од 212 километри, соопшти геолошкиот завод...

Пакистан: 12 загинати и 40 повредени во земјотресот

Повеќе од 12 лица загинаа во земјотресот со интензитет од 7,5 степени според Рихтеровата скала, кој ги погоди Пакистан, Авганистан и Северна Индија, јавуваат локалните медиуми, цитирајќи официјални претставници. Силни потреси се почувствувале во Њу Делхи, Исламадац и во неколку поголеми градови. Според пакистанските власти, 12 лица загинале, вклучувајќи и едно лице во Пешавар. - Примивме 50 повредени лица, а се очекува...

Силен земјотрес го погоди северот на Пакистан

Силен земјотрес утрово го погоди северениот дел на Пакистан, јавува „Би-Би-Си“. Засега нема информации за силината на потресот. Според првичните информации на „Би-Би-Си“, потресот бил почуствуван и во северниот дел на Индија и во Авганистан. Сè уште нема податоци за евентуално настрадани луѓе и за предзвикана штета.

Пакистанските власти ја знаеле локацијата на Бин Ладен

Пакистанските владини и воени власти точно ја знаеле локацијата на лидерот на Ал каеда, Осама бин Ладен, долго време пред американските специјални сили да го ликвидираат во Аботабад во мај 2011 година, соопшти поранешниот пакистански министер за одбрана, Ахмад Мухтар. Поранешниот министер, во интервју за индискиот канал „Ај-Би-Ен“, изјави дека пакистанскиот претседател, Асиф Али Зардари, и командантот на копнените сили,...

Нападите на талибанците го чинат Пакистан пет милијарди долари годишно

Нападите на талибанците ја чинат економијата на Пакистан повеќе од 5 милијарди долари годишно во изгубени инвестиции, изјави пакистанскиот државен секретар за финансии, Вакер Масуд Кан, додавајќи дека Исламабад ја држи отворена опцијата за уште една програма со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). - Нашиот народ претрпе ужасно страдање во последната деценија и поради тероризмот многу изгубивме во поглед на економските...

Тројца загинати во самоубиствен напад во Пакистан

Најмалку три лица загинаа, а десетици се повредени во самоубиствен напад на северозападот на Пакистан, соопштија локалните власти. Мета на нападот било полициско возило во областа Џамруд, рече локалниот претставник Шаукатулах Африди. Возилото им припаѓало на племенските полициски сили Касадар. Во нападот повредени се најмалку 43 лица, кои се хоспитализирани во Пешавар. Војската од октомври минатата година се бори против групата Пакистански...

Пакистански министер убиен со бомба во својот дом

Провинцискиот министер на пакистанската провинција Панџаб загина во експлозија во својата куќа, а покрај него настрадале уште девет лица. - Во нападот е убиен министерот Шуја Ханзада – навеле локалните власти на градот Шади Кан, околу 70 километри од Исламабад. Во куќата на министерот за време на ескплозијата се одржувал состанок, а на учесниците им се срушил кровот. Полицијата претпоставува дека експолозијата...

Најмалку 11 мртви во пад на хеликоптер во Пакистан

Најмалку 11 лица загинаа во пад на воен хеликоптер во планискиот регион во Северозападен Пакистан, соопшти пакистанската полиција. Хеликопотерот кој служел за пружање медицинска помош, бил на пат кон североисточниот дел на областа Гилгит кога се срушил во близина на дистриктот Мансехра, рекол полициски службеник. Тој навел дека спасувачите досега од урнатините извлекле 11 тела и додал дека причината за несреќата е...

Пакистан: За тероризам на воен суд

Пакистанскиот Врховен суд денеска донесе пресуда со која се овозможува на осомничените за тероризам да им се суди пред воен суд, што е последна во низата мерки на власта во кампањата против тероризмот, по минатогодишните напади на талибанците на школо, кога загинаа 150 лица, од кои повеќето деца. Правниот советник на владата, Зафрулах Хан, рече дека со пресудата е овозможено...

Талибанскиот лидер Мула Омар починал пред две години во Пакистан

Лидерот на талибанците, Мула Омар, починал пред две години во болница во Пакистан, изјавил за „Би-Би-Си“ портпаролот на авганистанските безбедносни служби, Абдул Хасиб Седики. Според Седики, Мула Омар починал од здравствени проблеми во 2013 година во болница во Пакистан. Од авганистанската влада, пак, соопштиле дека во тек е истрага во врска со тврдењата за смртта на Омар. Изминатиов период во медиумите се...

Поплавите однесоа 28 животи во Пакистан

Најмалку 28 лица загинаа, а повеќе од 100.000 лица се загрозени од поплавите предизвикани од монсумските дождови во Пакистан, соопштија денеска хуманитарните агенции. Европската канцеларија за хуманитарна помош соопшти дека во провинцијата Читрал, на северозападот на Пакистан, тешко се оштетени патиштата, мостовите и посевите. Најсиромашната пакистанска провинција Балучистан, исто така, е тешко погодена. Метеоролозите најавуваат силни дождови во текот на викендов, што...

Повеќе од 780 луѓе починаа од жештината во Пакистан

Повеќе од 780 луѓе загинаа во топлотниот бран што ја погоди пакистанската покраина Синд, по што премиерот на земјата побара од Националната служба за вонредни состојби да преземе итни мерки за да го заштити населението. Во борбата со екстремно високата температура учествува и војската, која веќе постави посебни центри за прва помош. Поголемиот дел од жртвите се постари лица од сиромашни семејства, од...

Бројот на жртви од топлотниот бран во Пакистан достигна 450 лица

Повеќе од 450 луѓе умреле во последните три дена во топлотниот бран што го погоди југот на Пакистан, соопштија локалните власти, што е двојно поголем број од бројката објавена вчера. Најголем број од починатите се во Карачи, најголемиот град во земјата, со 20 милиони жители, каде температурата достигнува и до 45 Целзиусови степени, а често се случуваат и прекини на електричната енергија...

Топлотен бран во Пакистан однесе 224 жртви

Најмалку 224 лица починале поради високата температура што ги погоди Карачи, најголемиот град во Пакистан, и други области во јужната провинција Синд. Според здравствените работници, најмногу луѓе  починале во Карачи, град од 20 милиони жители, каде минатите неколку дена температурата достигнала до 45 Целзиусови степени. Во јуни 1979 година во тој град е регистрирана температура од 47 степени, што е рекордна температура за тој...

Во Пакистан од топло починаа повеќе од 120 лица

Најмалку 122 лица починаа од топлотниот бран во најголемиот пакистански град Карачи и во други делови во јужната провинција Синд. Од саботата, само во Карачи животот го загубиле 114 лица, а осуммина во три други области на провинцијата Синд. Температурата во големиот пристанишен град, во изминатите два дена достигна до 45 Целзиусови степени, што е блиску до рекордните 47 степени, регистрирани...

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...