fbpx
Таг: пакистан

таг: пакистан

Педесет и три лица загинаа во невреме во Пакистан

Поројните дождови што го зафатија северозападниот дел на Пакистан однесоа 53 животи, а повредени се 60 лица, соопштија локалните власти. - Смртни случаи се пријавени во провинцијата Хајбер-Пахтунва по невремето кое почна доцна синоќа - изјави портпарол на провинциската управа за вонредни ситуации. Невремето предизвикало уривање на покриви од куќи во областа Кашмир, а неколку објекти во кашмирското село Сам Гунг се затрупани од...

Премиерот на Пакистан ја откажа посетата на САД

Пакистанскиот премиер Наваз Шариф ја откажа посетата во САД поради нападот во Лахоре, кој се случи во неделата и во кој загинаа 72 лица. Шариф требаше да замине во Вашингтон, за да учествува на Четвртата светска средба на високите лидери за нуклеарна безбедност, која ќе се одржи на 31 март. На средбата, пакистанската делегација ќе биде предводена од помошникот на претседателот по...

Папата Франциск го осуди самоубиствениот напад во Пакистан

Самоубиствениот напад во Пакистан е напад на христијаните и фрли тажна сенка на прославата на големиот христијански празник Велигден, изјави папата Франциск. Поглаварот на Римокатоличката црква им порача на верниците собрани на плоштадот Свети Петар во Ватикан дека мора да се направи повеќе за да се заштитат припадниците на малцинските религии ширум светот. - Сакам да ја изразам својата блискост со...

САД и ЕУ го осудија нападот во Пакистан

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини изрази сочувство на пакистанскиот народ и влада по терористичкиот напад во кој животот го загубија 72 лица, потврдувајќи ја истовреме и поддршката на ЕУ во борбата против тероризмот. - Во нападот во центарот на пакистанскиот град Лахоре, настрадаа голем број на семејства, многу од нив христијански, земајќи данок меѓу...

Пакистан: 72 загинати во Лахорe, 29 се деца

Пакистан се разбуди во шок од самоубиствениот напад во Лахорe извршен на католички Велигден, во кој се убиени 72 лица, од кои 29 деца. Според последните полициски податоци, повеќето жртви се муслимани, додека талибанците кои ја презедоа одговорноста рекоа дека мета биле христијанското малцинство. Фракција на пакистанските талибанци ја презеде одговорноста за нападот извршен на влезот на паркот Гулшан ел...

Расте бројот на загинатите во Лахорe – мета на нападот биле христијаните

Бројот на загинатите во самоубиствениот бомбашки напад во близина на градскиот парк во пакистанскиот град Лахорe се искачи на 65 лица, јавуваат локалните медиуми. Бројот на повредените, според последните информации достигна 300. Сепак, властите проценуваат дека ќе растат бројките на загинатите и повредените. Експлозијата одекнала во паркинг зоната, во близина на влезната капија на паркот „Гулшан ел Икбал“, во непосредна...

Десетици загинати и стотина повредени во бомбашки напад во Пакистан

Најмалку 65 лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени во напад на бомбаш-самоубиец пред парк вo источниот пакистански град Лахоре, соопштија властите. Експлозијата се случила пред влезната капија на паркот, на неколку метри од детските лулашки. - Најмалку 38 лица се убиени, а повеќе од 100 се ранети, Повеќето се жени и деца – изјави Мустансар Фероз, началник на локалната...

Пакистан: Масакр во автобус со владини службеници

Петнаесет лица загинаа, а 40 се повредени во експлозија на бомба во автобус кој превезувал владини службеници во пакистанскиот град Пешавар. Импровизирана направа била подметната под седиштата на автобусот, а експлодирала кога автобусот минувал низ дел од градот во кој се наоѓаат воени институции и резиденции, соопшти полицискиот претставник Абас Маџид Марва. Друг полициски претставник, Мубарак Зеб, изјави дека при нападот...

Во рудник во Пакистан загинаа осум рудари

Најмалку осум рудари загинаа, а четворица се водат како исчезнати откако во северозападен Пакистан по силен дожд дојде до рушење на рудникот. Локален официјален претставник, Дост Мохамад, рече дека рушењето на рудникот во пакистанскиот регион Оракзаи се случило синоќа. Војниците успеаја да спасат 29 рудари, иако нивните спасувачки напори биле отежнати поради дождот кој непрестано паѓал. Поради силниот дожд во други делови...

Киднапираниот авганистански дипломат пуштен на слобода во Пакистан

Поранешниот гувернер на авганистанската повинција Херат е ослободен во Пакистан, две недели откако беше киднапиран. Ослободувањето на Фазлулах Вахиди го потврди авганистански дипломат во Пешавар. Киднапираниот Вахиди е во добра здравствена состојба и наскоро ќе се сретне со семејството. Тој исчезна во Исламабад на 12 февруари, а многу детали за случајот и понатаму се нејасни. И самиот Вахиди вели дека не знае кои се...

Српски државјанин низ Македонија шверцувал мигранти од Пакистан и од Иран

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднел кривична пријава против 36-годишниот српски државјанин Н.Х., во чие возило полицијата вчера открила 33 илегални мигранти од Пакистан и од Иран, информира МВР. Според пријавата, српскиот државјанин се товари за криумчарење мигранти. Тој вчера, околу 18.45 часот, бил предаден во истражниот затвор „Скопје“, откако судија на претходна постапка му одредил мерка притвор од...

Талибанците најавуваат напади на школи во Пакистан

Талибанската фракција одговорна за масакрот на Универзитетот „Бача Кан“, на северозападот на Пакистан, денеска објави видеопорака во која се најавува дека ќе ги целат школи во земјата, нарекувајќи ги „расадници“ на лица кои го доведуваат во прашање законот на Алах. Во видеозаписот, кој брзо се ширеше преку „Фејсбук“, е прикажан Халиф Омер Мансур, чија фракција ја презеде одговорноста за нападот на...

Талибанците негираат дека стојат зад нападот во Пакистан

Портпаролот на пакистанските талибанци, Мухамад Корасани, негираше дека милитантната организација стои зад нападот на Универзитетот „Бача Кан“, на северозападот на земјата, во кој загинаа 21 лице, а ранети се околу 60. Изјавата доаѓа откако еден командант на талибанците изјави дека четворица негови борци го нападнале универзитетот. Пакистанската полиција соопшти дека нападот е завршен и оти убиени се четворица напаѓачи.

Нападнат универзитет во Пакистан, 20 убиени и 50 повредени

Неколку вооружени лица го нападнаа Универзитетот „Бача Кан“, во северниот пакистански град Чарсада, при што, наводно, се убиени 20 лица, а 50 се повредени. Околу 3.000 студенти и вработени, наводно, биле на кампусот за време на нападот. Пакистанската полиција потврди дека се слушнале две експлозии. Чарсада се наоѓа 50 километри од градот Пешавар, каде во 2014 година талибанците извршија масакр во...

Пакистан: 11 мртви во бомбашки напад

Најмалку 11 лица загинаа денеска во експлозија на бомба на северозападот на Пакистан, соопштија локалните власти. Во нападот се повредени 17 лица. Меѓу жртвите има и припадници на полицијата, цивили и едно дете. Бомбата експлодирала во близина на полициски пункт во околината на Пешавар, на пат кој води кон соседен Авганистан. Засега никој не ја презел одговорноста за нападот, но се претпоставува...

Во Пакистан убиени пет војници

Пет пакистански војници денеска загинаа во експлозија на бомба покрај нивното возило, во провинцијата Балучистан, соопштија претставниците. Ова е најнов напад во серијата инциденти во провинцијата, која е дел од планираниот пакистанско-кинески економски коридор, вреден 46 милијарди долари. Бомбата била поставена во округот познат по вадење јаглен, 50 километри источно од Квета, главен град на провинцијата. Експлозивната направа е активирана со далечински...

Пакистанскиот претседател ќе посредува меѓу Саудиска Арабија и Иран

Наваз Шариф, премиерот на Пакистан, в понеделник ќе отпатува во Саудиска Арабија каде што ќе се сретне со кралот Салмин, а во вторник во Иран за во Техеран да се сретне со претседателот Хасан Рохани. Посетата на Шариф е за да ја смири напнатоста меѓу двете сопернички сили. Во соопштението на пакистанската дипломатија се вели дека неодамнешната ескалација на напнатоста меѓу Саудиска...

Во Пакистан уапсени 42 осомничени милитанти

Во пакистанската провинција Пенџаб се уапсени 42 осомничени милитанти кои се товарат дека се поврзани со Исламска држава, соопштија денеска пакистанските власти. Министерот за правда, Рана Санауках, изјави дека апсењата се резултат на рации што во текот на септември се спроведени во четири града во провинцијата Пенџаб и оти меѓу уапсените е и шефот на ИД за Исламабад, Амир Мансур, неговиот...

Пакистан: 12 загинати во експлозија

Дванаесет лица загинаа, а 35 се повредени во експлозија на бомба пред владина институција во градот Мардан, на северозападот на Пакистан. Полицискиот претставник Сеад Хан Вазир изјави дека нападот се случил пред регионалната канцеларија на Националната служба за база на податоци и за регистрација, која издава лични карти. Полицијата и понатаму го истражува нападот, за кој сè уште никој нема преземено...

УНХЦР: Турција примила најмногу бегалци

Најголем број бегалци во 21 век примила Турција, а на второ место е Пакистан, покажуваат податоците на УНХЦР. Турција денеска е дом за околу 1,6 милиони бегалци. На крајот на 2014 година, вкупно 19,5 милиони лица имале статус на бегалци, додека 59,5 милиони лица имале статус на раселени лица поради причини како што се војна, глад, суша и сиромаштија. Во 2014 година...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...