fbpx
Таг: пакистан

таг: пакистан

Најмалку 39 екстремисти убиени во Пакистан

Безбедносните сили на Пакистан убиле најмалку 39 осомничени милитанти во операции ширум земјата по самоубиствениот напад на суфистичко светилиште во јужен Пакистан, соопштија пакистанските власти. Во операциите, кои се изведени во текот на ноќта, се уапсени уште 47 лица, вклучувајќи некои во провинцијата Синд, каде се случил самоубиствениот напад. Во нападот на светилиштето загинаа најмалку 75 лица, од кои 20 деца,...

Најмалку 70 загинати во напад на ИД на верски храм во Пакистан

Најмалку 70 луѓе се убиени, а 150 се ранети во самоубиствен бомбашки напад што денеска се случил во верски храм на југот на Пакистан, соопштила пакистанската полиција, јавуваат светските медиуми. Одговорноста за нападот ја презела екстремистичката организација Исламска држава (ИД). Според пакистанската полиција, напаѓачот го активирал експлозивот, кој се наоѓал под неговата јакна, додека верниците го изведувале традиционалниот танц во...

Седум загинати при експлозија на бомба на протест во Пакистан

Бомба експлодира за време на протестниот собир во источниот пакистански град Лахор, убивајќи најмалку седум лица, соопшти полицијата. Локален полициски претставник изјавил дека експлозијата се случила кога човек со мотоцикл влетал во повеќе стотини аптекари, кои протестираат поради измените на законот за продажба на лекови. Во експлозијата се ранети околу 40 лица. Фракција на Талибанците ја презеде одговорноста за нападот.

Припадник на обезбедување уби авганистански дипломат во Пакистан

Припадник на обезбедување усмртил авганистански дипломат во пакистанскиот град Карачи, јавуваат светските агенции. Харис Кан, портпарол на авганистанскиот конзулат во Карачи, изјави дека третиот секретар на конзулатот, Мухамед Заки Абду, починал од повредите откако бил застрелан. Чуварот, кој е авганистански националист, е приведен, изјави претставник на пакистанската полиција Азад Кан. Како што соопштија двајцата претставници, мотивот за убиството сè уште не е познат....

Најмалку 18 загинати во бомбашки напад во Пакистан

Најмалку 18 луѓе загинале, а повеќе од 50 се повредени, во експлозија на бомба на пазар во градот Парашинар, во северозападната племенска зона Курам во Пакистан, јавуваат светските агенции. Помошниот управник на областа, Шахид Кан, изјавил дека експлозијата одекнала додека пазарот бил полн со луѓе, додавајќи дека засега никој не ја презел одговорноста за нападот. Лекар во главната болница во Парашинар...

Пакистан: Најмалку 26 лица починале од отровен алкохол

Најмалку 26 лица од областа Пенџаб, во источниот дел на Пакистан, починале, а дванаесетмина се тешко болни откако пиеле отровен алкохол во неделата за Божиќ, соопштиле локалните власти, пренесува „Би-би-си“. Починатите, од кои 24 биле христијани, а двајца муслимани, консумирале домашна ракија, која ја набавиле од засега непознато место. Полицијата почнала истрага за да открие каде бил направен и продаден...

Авион со 40 патници и членови на екипажот се урна во Пакистан

Авион на пакистанската авиокомпанија „Пакистан интернешнл ерлајнс“ со 40 патници и членови на екипажот денеска се урнал кратко по полетувањето од аеродром во северозападниот дел на земјата, потврдиле од полицијата и од цивилната авијација, јавуваат светските агенции. Од авиокомпанијата претходно соопштиле дека еден од нивните авиони од типот АРТ-4 исчезнал од радарските системи. Авионот се урнал во село недалеку од градот Хавелијан,...

Во пожар во Пакистан загинаа 11 лица, 75 се повредени

Најмалку 11 лица загинаа, а повеќе од 75 се повредени во голем пожар кој изби во хотел во пакистанскиот град Карачи. Како што пренесуваат светските медиуми, пожарот се случил во хотелска кујна, а причината за избивањето уште не е позната. Помеѓу загинатите има и странски државјани, а поголемиот дел од повредените се префрлени во болница со повреди на екстремитетите откако скокнале...

Ердоган го обвини Западот дека ја помага ИД

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, за време на официјалната посета на Пакистан, изјави дека Западот ја потпомага Исламска држава. Во обраќањето пред пратениците на пакистанскиот парламент, Ердоган рече дека Западот ги поддржува терористите и додаде дека оружјето пронајдено кај екстремистите е произведено во западните земји. Турција е членка на НАТО, а коалицијата предводена од САД се бори против ИД во Сирија и...

Пакистан протерува наставници поврзани со Фетулах Ѓулен

Пакистан наложи депортација на повеќе од 450 лица, меѓу кои 130 наставници, поради нивни наводни врски со имамот Фетулах Ѓулен, а во пресрет на најавената посета на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган. Како што се наведува, наставниците и членовите на нивните семејства ќе добијат 72 часа да ја напуштат земјата. Анкара го обвинува Ѓулен дека организирал неуспешен воен пуч во Турција,...

ИД ја презеде одговорноста за нападот на полициската академија во Пакистан

Милитантите на Исламска држава ја презедоа одговорноста за нападот на полициската академија во пакистанскиот град Куети, во кој загинаа 59 кадети, а 100 се ранети. Пакистанските власти обвинија друга милитантна група за ноќната опсада на академијата, но ИД ја презеде одговорноста за нападот и понуди фотографии од тројцата наводни напаѓачи. Неколку десетици полициски кадети загинаа кога група напаѓачи со појаси со...

Во бомбашки напади во Пакистан, 18 загинати и 92 повредени лица

Најмалку 18 лица загинаа, а 92 се повредени во два одвоени напади во Пакистан, кои се случија во период од неколку часа. Дванаесет лица денеска загинаа, а 52 се повредени откако две бомби експлодираа пред зграда на окружниот суд на северозападот на Пакистан, рече претставник на спасувачките служби. - Досега пронајдовме 12 тела на адвокати, полицајци и на цивили. Покрај тоа,...

Пакистан ја затвори границата со Авганистан

Пакистанските власти денеска соопштија дека граничниот премин со Авганистан е четврти ден по ред затворен затоа што авганистанските демонстранти на тоа место запалиле знаме на Пакистан. Неименуван пакистански претставник денеска изјави дека одлуката за повторно отворање на границата ќе биде донесена кога ќе се решат „одредени дипломатски прашања“ меѓу двете земји. Локалните власти соопштија дека гувернерот на покраината Кандахар во петокот...

Терористи од Пакистан упаднале во Индија

Повеќе од 60 вооружени терористи од Пакистан влегле на територијата на Индија, јавува весникот „Тајмс оф Индија“, повикувајќи се на информација на индиските специјални служби. Весникот наведува дека терористите, од кои повеќето се припадници на сепаратистичката група Хизб ул Муџахидин упаднале во Индија, користејќи ја нестабилната ситуација во државата Џаму и во Кашмир. Според податоците на индиското разузнавање, терористите имаат...

Пакистан пресече синџир на продажба на новороденчиња

Пакистанските власти уапсиле неколку вработени во болница во Пешевар кои киднапирале и препродавале новороденчиња. Полицијата соопшти дека тие се осомничени дека заменувале новороденчиња со мртви бебиња, а потоа ги продавале. Бебињата достигнувале цена од 650 до 2.850 долари. Препродавачите на бебиња признале дека продале девет новороденчиња, соопшти полицијата. Безбедносните сили при апсењето спасиле едно киднапирано бебе.

Расте бројот на жртвите во нападот на болницата во Пакистан

Деведесет и тројца загинати и стотина повредени е последниот биланс од терористичкиот напад во пакистанскиот град Квета, јавува „Раша тудеј“. Експлозијата одекнала пред една болница, а повеќето жртви се адвокати и новинари, кои таму се наоѓале поради убиството на реномираниот адвокат Билал Каси, претседател на адвокатското здружение во Белуџистан. Разгранок на Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот.

Експлозија во болница во Пакистан – 57 загинати и десетици повредени

Педесет и седум лица загинаа, а десетици се повредени во бомбашкиот напад на болница во пакистанскиот град Квета. Пакистанското министерство за внатрешни работи соопшти дека истрагата е во тек и оти не се отфрла можноста да станува збор за бомбаш-самоубиец. Експлозијата, за која засега никој не презема одговорност, се случила откако во болницата било донесено телото на претседателот на адвокатското...

Во Пакистан 23 лица починале од труење со бонбони

Најмалку 23 лица настрадаа, а десетина се хоспитализирани поради триење со слатки во Пакистан, за кои полицијата се сомнева дека содржеле пестициди, потврдија денеска властите. Умар Хајат, жител на областа Карор во провинцијата Пенџаб, купил слатки на 17 април за да го почести своето семејство и пријателите, поради раѓањето на внук. Во полицискиот извештај се наведува дека од бонбоните починал таткото...

Авганистан го повика Пакистан на борба против талибанците

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани го повика Пакистан да се бори против талибанците наместо да ги повикува на мировни преговори. Гани ја даде изјавата пред авганистанскиот парламент, една недела откако талибанците во Кабул убија 64 лица, а ранија повеќе од 340. Тој, исто така, рече дека Исламабад треба да почне воена операција против талибанците чии лидери се наоѓаат во Пакистан и кои им...

Пет лица загинаа во земјотресот во Пакистан

Во земјотресот што вчера го погоди Пакистан загинаа пет лица, соопштија денеска локалните власти. Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала, забележан е во провинцијата Кибер Пактунква, на границата со Авганистан. Во потресот се повредени пет лица и оштетени се околу 20 куќи. Последниот силен земјотрес во Пакистан бил во октомври 2015 година, кога загинаа 280 лица и беа оштетени повеќе илјади...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...