fbpx
Таг: оставка

таг: оставка

Груевски побара слобода за приведените и национално помирување

На денешниот марш на ВМРО-ДПМНЕ, партискиот лидер Никола Груевски побара слобода за Владо Јовановски, Игор Дурловски, Борис Дамовски, Митко Чавков, бидејќи, како што рече, тие не биле терористи, туку патриоти кои си ја сакаат татковината. Во говорот пред зградата на Владата, Груевски рече дека тие се лажно обвинети, трпат неправда и страдаат поради Македонија. За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, за кои Собранието на пленарна...

Заев не ја коментира оставката на Груевски, бара силна опозиција за поодговорна власт

Не сакам да си дозволам да коментирам работи на нашиот прв политички опонент и уште еднаш ќе повторам - силна опозиција ќе направи власта да биде поодговорна, потранспарентна, поотчетна и попосветена на граѓаните, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање за најавената оставка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. - Tоа се внатрешни процеси, кои членовите на ВМРО-ДПМНЕ заедно со раководството...

Тасев: Дали Груевски треба да остане на чело е работа што треба ВМРО-ДПМНЕ да ја расчисти

Секоја партија по избори мора да направи реформа ако сака нормално да ги пречека следните избори, но нашата партија нема да се меша во внатрепартиските работи на ВМРО-ДПМНЕ, вели за „Мета“ Никола Тасев, член на извршниот комитет на ВМРО-НП, на прашањето како гледа на најавата за оставка од Никола Груевски на претседателското место во ВМРО-ДПМНЕ. - Ставот на ВМРО -...

Ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да ја коментираат изјавата на Груевски за оставка

И владејачкиот СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат официјално да ја коментираат денешната изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, дека е подготвен да си поднесе оставка од позицијата прв човек на најголемата опозициска партија. Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, за „Мета“ изјави дека партијата нема да ја коментира најавата. - Неумесно е за нас да се мешаме во внатрепартиските работи...

Груевски: Ќе си поднесам оставка, се надевам дека тоа ќе помогне за разврска на кризата

Без разлика каков ќе биде исходот од анализата на изборите, јас ќе поднесам оставка пред органите на партијата, изјави денеска лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во интервју за „Курир“. - Вечерта по првиот круг на изборите, јас јасно кажав дека претседателот на партијата носи најголема одговорност. Потоа во телевизиско интервју појаснив дека секогаш во еден тим кој се натпреварува,...

Ердоган: Ќе поднесам оставка ако опозицијата докаже дека имам сметки во странство

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска во Истанбул изјави дека е подготвен да си поднесе оставка доколу опозициската Народно републиканска партија докаже дека тој има сметки во странство, јавуваат турските медиуми. - Ако можете да потврдите дека моите пари се во некои банки надвор од границата, јас ќе поднесам оставка од претседателската функција. Ако не можете да докажете, тогаш...

Мугабе поднесе оставка – славење на улиците на Зимбабве

Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе, поднесе оставка која веднаш стапува на сила, јавуваат светските агенции. Во писмото кое го испратил до парламентот се наведува дека оставката е доброволна. Претседателот на парламентот на Зимбабве веднаш ја прекина собраниската седница на која се расправаше за отповикување на Мугабе, а на улиците на оваа африканска држава веќе се слави. https://twitter.com/Ugaman01/status/933003766323990528 Претходно, поранешниот потпретседател, Емерсон Мнангагва, го...

Мугабе ја напишал својата оставка

Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе, се согласил да се повлече и составил писмо во кое ја дава својата оставка, јави телевизијата „Си-ен-ен“, повикувајќи се на воени извори вклучени во преговорите во Хараре. Според одредбите од договорот, Мугабе и неговата сопруга Грејс, ќе добијат целосен имунитет, но други детали засега не се откриваат. Владејачката Африканска национална унија на Зимбабве - Патриотски фронт...

Илјадници луѓе на протести во Зимбабве, го чекаат падот на Мугабе

Илјадници граѓани на Зимбабве ги преплавија улиците на главниот град Хараре, мавтајќи со националното знаме, и со песна го чекаат падот на претседателот, Роберт Мугабе. - Ова се солзи радосници. Целиот живот го чекав овој ден. Конечно сме слободни – изјави 34-годишниот Френк Муциндикв. Учесниците на протестот против Мугабе ги гушкаат војниците извикувајќи „Заминувај генерале наш“ и носејќи транспаренти со натпис...

Мугабе преговара со војската за својата иднина

Долгогодишниот лидер на Зимбабве, Роберт Мугабе, води директни преговори со војската за неговата иднина, пренесува „Би-би-си“. Медиумите во Зимбабве објавија фотографии од 93-годишниот Мугабе со началникот на војската на Зимбабве и двајца пратеници од Јужна Африка во неговата резиденција во Хараре. Мугабе од вчера се наоѓа во домашен притвор, откако војската ја презеде контролата во земјата. Извори блиски до војската соопштиле дека...

Поради уцена притворен државниот секретар за транспорт на Романија

Обвинителите од Националната антикорупциска управа на Романија, вчера под обвинување за уцена го притворија Нинел Церцел, државен секретар во Министерството за транспорт на Романија. Случајот на антикорупционерите е поврзан со  инцидент од 31 октомври годинава, кога во еден од вагоните на воз натоварен со амониум нитрат избил мал пожар, а Министерството за транспорт и националната компанија ЦФР Марфа не го...

Иван Џолев е избран за нов претседател на Кривичниот суд

Со 11 гласа „за“ и два „против“, Судскиот совет го избра судијата Иван Џолев за претседател на Основниот суд Скопје 1. Помеѓу другите кандидати за претседател на судот беа претходниот претседател Владимир Панчевски, Ивица Стефановски, Верка Петковска, Осман Шабани, Ѓоко Ристов и Весна Димишкова. Судијата Оља Ристова ја повлекла кандидатурата за претседател на скопскиот Кривичен суд, информираа на седницата на Судскиот...

ВМРО-ДПМНЕ бара итна оставка од претседателот на ДИК, Чичаковски

Бараме неотповиклива оставка од претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски, затоа што локалните избори беа катастрофално и скандалозно спроведени, соопшти денеска на прес-конференција Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ. - Имаме ситуација во која во ДИК повторно се одлучува врз основа на политичките линии. Тоа ли беше целта кога, под наводници, експерти беа вметнати и внесени во ДИК. Имаме претседател на ДИК, Александар Чичаковски,...

Судскиот совет на 8 ноември ќе одлучува за избор на претседател на Кривичниот суд

Судскиот совет за идната среда ја закажа „итната седница“ на која ќе биде разгледана оставката на в.д. претседателот на Основниот суд Скопje 1, Стојанче Рибарев. Според дневниот ред, на седницата ќе биде усвоена и конечната ранг-листа на кандидатите за претседател на Основниот суд Скопје 1, а ќе биде донесена и одлука за избор на претседател на судот, по огласот што...

Мицкоски поднесе оставка во Советот на Град Скопје поради „сицилијанските избори“

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, си поднел оставка на функцијата член на Советот на Град Скопје, на кој беше избран на локалните избори, поради, како што изјави за „Мета“, „африканско-колумбиско-сицилијанските избори што ги спроведоа Зоран Заев и групата околу него“. - Како човек, како професор, не можам да учествувам и да давам легитимет на тела избрани на таков начин...

Итната седница на Судскиот совет за оставката на Рибарев – следната недела

Судскиот совет сè уште не ја закажал итната седница по оставката на в.д. претседателот на Основниот суд Скопје 1, Стојанче Рибарев, а како што изјави претседателот на Советот, Зоран Караџовски, таа најверојатно нема да биде одржана денеска и ќе биде закажана од понеделник. Во врска со тоа какво ќе биде решението на Судскиот совет околу изборот на шеф на Кривичниот...

Каталонскиот министер за економија си поднесе оставка и бара да се распишат избори

Министерот за економија во каталонската влада, Санти Вила, поднел оставка, соопштиле извори од владата за новинската агенција „Ројтерс“. Оставката ја поднел вчера, по одлуката на регионалниот претседател Карлес Пучдемон да одбие да распише избори и да ја остави можноста за еднострано прогласување независност од Шпанија. Санти Вила изјавил дека е против таквата декларација и дека повеќе се залага за распишување избори,...

Рибарев поднесе оставка од функцијата в.д. претседател на Кривичниот суд во Скопје

Судијата Стојанче Рибарев, актуелен в.д. претседател на Основниот суд Скопје 1, си поднесе оставка, потврдија од Судскиот совет. Како што соопштија оттаму, известувањето дека поднесува оставка Рибарев го доставил до Судскиот совет вчера. Пет дена претходно, тој испратил известување до Советот дека од истиот ден, односно 20 октомври, е на боледување и дека ќе го заменува судијката Дијана Груевска-Илиевска. „На 25 октомври...

За СДСМ обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за Анѓушев се лажни вести

„Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успешните политики во економијата од страна на Владата предводена од СДСМ и на вицепремиерот Анѓушев и затоа продолжува да шири нови лажни вести. Времето на привилегирани фирми и поединци заврши кога ВМРО-ДПМНЕ замина во опозиција. Новата реформска Влада обезбедува неселективна поддршка и помош на домашните претпријатија“, одговори СДСМ на...

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе го дозбогати Анѓушев, укинувајќи давачки за акумулатори

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција обвини дека Владата ќе ги укине давачките за литиум-јонски акумулатори само заради вицепремиерот Кочо Анѓушев, односно, како што рече Бојан Стојаноски, затоа што единствено неговата фирма „Брако“ користи такви акумулатори. Со тоа Кочо Анѓушев ја злоупотребува својата положба во власта на секој можен начин, порача Стојаноски и побара оставка од вицепремиерот. - Електрични литиум-јонски акумулатори користи...

Нова истрага покажа дека британската влада свесно го прекрила скандалот со инфицирана крв

Денес се објавија резултатите од јавната истрага за најголемиот здравствен скандал во Велика Британија. Станува збор за илјадници луѓе кои се заразиле со ХИВ и Хепатит Ц, како последица...