fbpx

Груевски: Ќе си поднесам оставка, се надевам дека тоа ќе помогне за разврска на кризата

-

Без разлика каков ќе биде исходот од анализата на изборите, јас ќе поднесам оставка пред органите на партијата, изјави денеска лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во интервју за „Курир“.

– Вечерта по првиот круг на изборите, јас јасно кажав дека претседателот на партијата носи најголема одговорност. Потоа во телевизиско интервју појаснив дека секогаш во еден тим кој се натпреварува, било политички, спортски, бизнис или на кое и да е поле, најголемата одговорност по дефиниција ја носи првиот човек. Тие што добро ме познаваат и тие што добро разбираат политички пораки, ме разбраа. Независно каков ќе е исходот од анализата на изборите, дури и ако објективно мојата вина е мала или најмала или дури ако се утврди дека немам објективна вина за поразот, јас ќе поднесам оставка пред органите на партијата – вели Груевски.

Тој вели дека овој чекор е дел од неговите основни принципи и вредности. Според него, ВМРО-ДПМНЕ ќе организира вонреден конгрес, на кој покрај усвојувањето на извештајот за анализата на изборите, ќе се избере и претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

– Тоа го мислев и тогаш, вечерта на 15 октомври, но поради актуелноста на изборите, го кажав со политички речник, а тоа го мислам и сега и бидејќи двата круга на изборите поминаа, емоциите од кампањата стивнаа, можам да го кажам и најдиректно и понепосредно – додаде Груевски, кој вели дека за анализата од изборите ќе бидат потребни уште една-две седмици, а неговата оставка не е поврзана со нејзиниот исход.

Еве го делот од интевјуто за „Курир“ во кој се спомнува оставката:

Во јавноста главното прашање е дали Никола Груевски ќе остане претседател на ВМРО-ДПМНЕ или не. Дали тоа ќе зависи од исходот на таа анализа?

Груевски: …Независно каков ќе е исходот од анализата на изборите, дури и ако е таков дека објективно мојата вина е мала или најмала или дури ако се утврди дека немам објективна вина за поразот, јас ќе поднесам пред органите на партијата оставка. Партијата, согласно статутот ќе оргазнизира вонреден конгрес, на кој освен извештајот за анализта на изборите, ќе се избере и претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа го мислев и тогаш на 15ти октомври вечерта, но заради актуелноста на изборите го кажав со политички речник. Тоа го мислам и сега, и бидејќи двата круга на изборите поминаа, емоциите од кампањата стивнаа, и  можам да го кажам и најдиректно и понепосредно. Овој чекор е дел од моите основни принципи и вредности. Покрај ова се надевам дека тоа ќе помогне и во разрешувањето на целокупната политичка атмосфера.

Кога очекувате дека ќе заврши анализата и дали оставката ќе уследи по неа?

Груевски: За анализата веројатно ќе треба уште недела до две, а оставката може и не мора да е поврзана со нејзиното завршување, бидејќи не е поврзана со нејзиниот исход.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Од четврток ќе сообраќаат автобуските линии „100“ и „200“ за полесен пристап до Саемот на книгата

Од четврток, во редовниот линиски превоз на ЈСП Скопје ќе бидат вклучени линиите „100“ и „200“ со кои ќе се овозможи полесен пристап на посетителите до Меѓународниот саем на...