Рибарев поднесе оставка од функцијата в.д. претседател на Кривичниот суд во Скопје

-

Судијата Стојанче Рибарев, актуелен в.д. претседател на Основниот суд Скопје 1, си поднесе оставка, потврдија од Судскиот совет.

Како што соопштија оттаму, известувањето дека поднесува оставка Рибарев го доставил до Судскиот совет вчера. Пет дена претходно, тој испратил известување до Советот дека од истиот ден, односно 20 октомври, е на боледување и дека ќе го заменува судијката Дијана Груевска-Илиевска.

„На 25 октомври 2017 година, в.д. претседателот на Основен суд Скопје 1, Стојанче Рибарев, до Судскиот совет на Република Македонија достави писмено известување дека поднесува оставка на функцијата в.д. претседател на Основен суд Скопје 1 и по неговото разрешување ќе продолжи да ја извршува функцијата судија на Врховниот суд на Република Македонија. Според наводите во известувањето, причините за поднесувањето на оставката се од лична природа“, стои во соопштението на Судскиот совет.

Оттаму додаваат дека имајќи ги предвид двете известувања, Судскиот совет во „најкраток можен рок ќе закаже и ќе одржи седница и ќе одлучува во рамките на своите законски надлежности“.

Оставката на Рибарев доаѓа во период кога најголемиот и најважниот суд е во фокусот на јавноста поради ревизијата што ја спроведува комисија на Министерството за правда, поради индициите за злоупореби на автоматизираниот систем за управување со судските предмети (АКМИС), односно за распределување судски предмети, меѓу кои и тие на СЈО, кај одредени судии.

Во Кривичниот суд Скопје се одлучува и по обвиненијата што ги поднесе СЈО, за кои се очекува наскоро да почне и судската постапка. Деновиве актуелна е и постапката за екстрадиција на поранешните началници на УБК, Горан Грујовски и Никола Бошковски, што ја води Министерството за правда, а Кривичниот суд треба да ги подготви списите за случаите што се водат против нив.

Инаку, Рибарев е судија во Врховниот суд, а за в.д. претседател на Основниот суд Скопје 1 беше избран на 13 март годинава, откако судијката Татјана Михајлова си поднесе оставка, исто така, додека беше вршител на должност на таа функција.

Основниот суд Скопје 1 веќе речиси една година нема претседател, откако на почетокот на декември минатата година му истече мандатот на Владимир Панчевски, кој во изминатиот период е мета на обвинувања за лошите состојби во судот, а неодамна во неговата канцеларија и во неговиот дом СЈО изврши претрес во врска со предистражна постапка што ја води ова обвинителство.

Судскиот совет на 20 јули годинава донесе одлука да објави нов оглас за кандидати за шеф на Кривичниот суд во Скопје, откако претходниот оглас пропадна.

Кривична пријава за полицаец што возел пијан

Полицаец доби кривична пријава бидејќи возел пијан и довел во опасност и се заканувал на други учесници во сообраќајот. Министерството за внатрешни работи информираше дека до Основното јавно обвинителство Скопје е...

Македонските научници и истражувачи ќе работат со колегите од ЕУ

Македонските научници и истражувачи ќе добијат поголеми можности за вклучување во европските истражувачки мрежи, каде ќе можат да работат на проекти од области како енергетска безбедност, одржливи материјали за изградба на...

Годинешниот, јубилеен Егзит ќе биде последен во Србија

Фестивалот Егзит објави дека годинешното, јубилејно 25 издание ќе биде последно што ќе се одржи во Србија. Познатиот фестивал е закажан за 10 до 13 јули на Петроварадинската тврдина во Нови...

Средношколци од Битола, Виница и Скопје зборуваа за предзвици поврзани со менталното здравје

Средношколци од четири училишта во Битола, Виница и Скопје ги споделија своите проблеми и предизвици поврзани со менталното здравје. Над 100 ученици учествуваа во кампањата за ментално здравје на учениците „Твоја...

Кривична пријава за полицаец што возел пијан

Полицаец доби кривична пријава бидејќи возел пијан и довел во опасност и се заканувал на други учесници во сообраќајот. Министерството за внатрешни работи информираше дека до Основното јавно обвинителство...