fbpx
Таг: осомничени

таг: осомничени

Скопската полиција месецов запленила 27.000 парчиња петарди и пиротехника

Екипи на Секторот за внатрешни работи Скопје месецов заплениле околу 27.000 парчиња пиротехнички средства и поднеле кривични пријави против две лица, осомничени за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). Во првиот случај, кривична пријава е поднесена против А.И. (59) од Скопје, во чие возило, при претрес, полицијата пронашла и...

Двајца жители на село Герман киднапирале и силувале 25-годишна жена

Секторот за внатрешни работи Куманово поднел кривична пријава против Б.С. (25) и Б.С. (32), двајцата од селото Герман, осомничени за киднапирање и за силување на 25-годишна жена од селото Нерав. Според пријавата, двајцата осомничени се товарат за противправно лишување од слобода и за силување. Судија на претходна постапка на двајцата им одредил притвор од 30 дена. Како што инфомрираат од МВР,...

Двајца радовишани осомничени за оштетување експонати во локалитетот Баргала

Секторот за внатрешни работи Штип поднел кривична пријава против две момчиња од Радовишко, осомничени дека на средината од ноември оштетиле 10 керамички садови во археолошкиот локалитет Баргала во Штип. Како што информираат од полицијата, станува збор за Б.У. (19) од радовишкото село Али Коч и С.С. (18) од селото Парналија, исто така кај Радовиш, кои, според пријавата, се товарат за оштетување или...

Швајцарија трага по четворица осомничени за нападите во Париз

Швајцарските власти соопштија дека во Женева е подигнато нивото на готовност и оти е почната потрага по осомничените кои швајцарските власти ги идентификувале во врска со терористичките напади во Париз од 13 ноември, при што загинаа 130 лица, а 352 беа повредени. Службата за безбедност на Обединетите нации во Женева соопшти дека швајцарските власти трагаат по четворица мажи за кои...

Уапсени лажните полицајци што ограбија двајца марокански мигранти кај Миравци

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија ги упасила и поднела кривични пријави против тројца жители на селото Миравци, кои лажно претставувајќи се како полицајци, во понеделеникот, неделава, нападнале и ограбиле двајца мигранти од Мароко, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за П.Ј. (42), П.М. (34) и З.Ј. (35), кои според пријавата се товарат за разбојништво. Според МВР, разбојништвото се...

Уапсени тројца грабнувачи на малолетничка во валандовско

Жител на валандовското село Калково ноќеска, околу 1 часот, во полиција пријавил дека неколку непознати лица ја грабнале неговата 15-годишна ќерка и со автомобил заминале кон Неготино и Радовиш, информираат од полицијата. По преземените мерки, полицијата дознала дека девојчето било грабнато од Е.М.(21), Ѓ.Д.(25) и М.А.(17), сите од селото Градашорци. Осомничените, по кратко време биле уапсени од екипа...

Oпозицијата ги бара имињата на битолчаните што се под истрага за „бомбите“

Битолските либерал-демократи бараат детални информации од Обвинителството во Скопје, со име и со презиме, за функционерите од Битола за кои се води истрага по објавените „бомби“ на опозицијата. Опозиционерите велат дека иако може да се нагаѓа, сепак во интерес на јавноста е Јавното обвинителство да прецизира кои се луѓето со иницијали В.Т. и С.Б. од Битола, против кои се отворени...

Тројца гевгеличани продавале лажни билети од „МЖ-Транспорт“ на мигранти

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија до надлежното обвинителство поднела кривична пријава против тројца гевгеличани, осомничени дека изработувале и им продавале на мигрантите лажни возни билети од „Македонски железници“, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, пријава е поднесена против Ќ.С. (44), С.В. (19) и В.М. (22), кои се товарат за фалсификување исправа. „Во периодот од 13 до 21 август 2015 година,...

Голема полициска акција во Париз, најмалку двајца убиени

Најмалку двајца осомничени се убиени при претрес во стан во париското предградие Сен Дени, во полициска акција за апсење осомничени за терористичките напади што во петокот минатата недела се случија во француската престолнина, јавуваат светските медиуми. Меѓу убиените, како што јавува „Би-Би-Си“, е и една жена, која се разнела самата, активирајќи самоубиствен елек. Полициската операција почнала утрово, околу 3.30 часот, според...

Запленети три килограми марихуана и уапсени тројца членови на криминална група

Министерството за внатрешни работи (МВР) запленило околу три килограми марихуана и уапсило тројца членови на организирана криминална група, осомничени за трговија со дрога. Како што соопштуваат од МВР, кривични пријави се поднесени против пет лица, М.А. (32), А.А. (37) и К.М. (55) од Скопје, Ф.Т. (33) од Струга и Д.Б. (29) од Република Албанија. Двајца од членовите на групата се...

Нова акција на МВР: Се вршеа претреси и се бараа лица поврзани со групата од Диво Насеље

Екипи на Министерството за внатрешни работи (МВР) утрово спровеле акција за пронаоѓање лица поврзани со терористичката група од Диво Насеље, во рамките на која биле извршени претреси на повеќе локации во Скопско и во Кумановско. Од МВР за „Мета“ ја потврдуваат акцијата и велат дека таа била спроведена по наредба на судија на претходна постапка за лоцирање лица кои се...

Притвор за петмина од уапсените во полициската акција „Молња“

Судија на претходна постапка на петмина од вкупно седуммината осомничени што денеска беа уапсени во полициската акција „Молња“, им одредил притвор од 30 дена, а на другите двајца - мерка куќен притвор, соопшти попладнево Основниот суд Скопје 1. Осомничените се товарат за помагање терористичка организација и тероризам, а еден од нив и за недозволено изработување, држење и тргување со распрскувачки материи. „Судијата...

Дванаесетмина уапсени во полициската акција, Обвинителството почнало истрага

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција почнало истрага против 12 осомничени, приведени во полициската акција што ноќва и утринава беше спроведена во повеќе градови во земјава, соопшти Јавното обвинителство. Еден од осомничените во акцијата е судија на висока позиција во Основниот суд Куманово, кој се товари за кривичните дела злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба и овластување. „Едно од...

Раководители на тетовската дирекција на УЈП осомничени за злоупотреба на положбата

Секторот за внатрешни работи Тетово поднел кривична пријава против Ѓ.К. (51), управник на Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи (УЈП) во Тетово, С.А. (62) од Македонски Брод, раководител во УЈП Тетово, и против непознат сторител од истата дирекција, кои се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување и штета врз буџетот на државата за сума од околу...

Откриени криминални групи кои пустошеле шуми на Плачковица

Секторот за внатрешни работи Штип, по интензивна истрага за спречување бесправна сеча и трговија со огревно дрво, открила повеќе криминални групи и поединци кои подолго време вршеле нелегална сеча на дрва и пустошеле шуми на неколку места на планината Плачковица, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). Според полициските информации, станува збор за осум приведени лица, против кои, по документирање и...

Двајца кумановци осомничени за злоупотреба на безвизниот режим

Регионалниот центар за гранични работи Север поднел кривична пријава против кумановците П.В.(56) и Д.С.(56), кои се товарат за злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската унија и на Шенгенскиот договор. Според полицијата, првоосомничениот П.В., откако за сума до 1.500 евра договорил транспрот на шестмина баратели на азил, го најмил Д.С. за 30 евра да ги пренесе лицата од...

Двајца осомничени за нападот во Бангкок и се предадоа на полицијата

Двајцата мажи, кои се означени како осомничени за бомбашките напади во Бангкок, и се предадоа на полицијата, тврдејќи дека се туристички водичи, соопштија тајландските власти. Безбедносните камери ги снимиле двајцата осомничени непосредно пред експлозијата во понеделникот на плоштадот Ераван. Мажите во црвена и во бела маица станале од клупата, непосредно пред главниот осомничен со жолта маица да седне на истата...

Нападот во Банкок не е дело на меѓународна терористичка група

Бомбашкиот напад што се случи во понеделникот во главниот град на Тајланд, Банкок не е дело на некоја меѓународна терористичка група, соопштиле властите во земјата, јавува „Би-Би-Си“. Портпаролот на владејачката воена хунта во земјата, полковникот Винтаи Суваре изјавил дека тоа бил прелиминарниот заклучок на истражните тимови за експлозијата во светилиштето Ераван во центарот на Банкок, во која загинаа 20 луѓе. Од...

Албански државјанин и жител на Радолишта осомничени за обид за убиство

Струшката полиција поднела кривична пријава против албанскиот државјанин Г.Б. (22) и Д.З. (39) од селото Радолишта, кои се осомничени дека на средината од декември минатата година со неколку истрели од огнено оружје се обиделе да го убијат А.С. (36) од селото Велешта. Според полицијата, осомничените на 16 декември, околу полноќ, со возило, марка „ровер“, што го управувал Д.З., пристигнале пред домот на...

Татко и син од Штип одгледувале марихуана во Кратовско

Двајца штипјани се осомничени дека одгледувале насади од канабис сатива (марихуана) во кратовското село Татомир, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Како што информираат оттаму, Секторот за внатрешни работи Куманово поднел кривични пријави до Јавното обвинителство против С.Ѓ. (59) и Т.Ѓ. (37), кои се товарат за неовластено производство и за пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Според...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...