fbpx
Таг: Општина Тетово

таг: Општина Тетово

Општина Тетово сокрива податоци за Општинскиот инспекторат

Општина Тетово одбива да разоткрие детали за работата, структурата и за вработените во Општинскиот инспекторат, непочитувајќи го своето ветување дека ќе биде транспарентна, пишува „Порталб“, посочувајќи дека овие податоци треба да бидат јавни, бидејќи вработените се плаќаат од народни пари. Редакцијата пред повеќе од еден месец, врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, поднела барање...

Општина Тетово ќе урива бунгалови на Шара оти странскиот инвеститор ги изградил од камен

Општина Тетово треба да урива туристички бунгалови изградени во селото Шипковица од странски инвеститор, бидејќи не се изградени од лесен материјал, како што е назначено во дозволата, туку биле изградени од камен и малтер, јави „Порталб“. Ваквата одлука ја донела Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, неприфаќајќи ја жалбата на Хрватот...

Ќе се чека нов тендер за чистењето на коритото на Пена во Тетово

Купиштата отпадоци во коритото на реката Пена во Тетово ќе останат таму уште некое време, бидејќи, како што велат од Општина Тетово, ниту една компанија не се пријавила на тендерот за чистење на речното корито во долниот тек и за изградба на насип, пишува Порталб.мк. „Станува збор за изградба на насип на крајот од течението на реката, на излезот од...

Општините во Полог ќе започнат проект за подобро управување со цврстиот отпад

Деветте општини во Полошкиот регион ќе спроведат проект за интегрирано управување со отпад, финансиран од швајцарскиот Државен секретаријат за економски прашања (SECO). Грантот за реализација на проектот изнесува 7,8 милиони франци, соопшти градоначалничката на Тетово, Теута Арифи. - Предвидено е за една година да се доврши физибилити студијата и системот за менаџирање на отпадот. Од денеска започнува практичниот дел од...

Без дозвола за градба, се подготвува теренот за изградба на џамија на Попова Шапка

Без дозвола за градба, во туристичкиот центар Попова Шапка, се вршат градежни активности за изградба на џамија, потврдуваат од секторот за урбанизам при Општина Тетово. - Викенд-населбата на Попова Шапка е под надлежност на Општина Тетово. За оваа викенд-населба сè уште не е изработен детален урбанистички план и секоја нова градба што се гради е дивоградба. За парцелата каде што...

Голем одрон го затрупа патот кон тетовско Бањиче

Вчера попладне на патот кој води кон рекреативното место Бањиче во Тетовско, наспроти објектот на хидроцентралата на реката Пена, паднал голем одрон од земја и од камења. Според Секторот за сообраќај и патишта при Општина Тетово, одронот за неколку часа е отстранет, но оттаму апелираат овој патен правец да не се користи, освен во случај на голема потреба, затоа што...

Општина Тетово ќе продолжи да го помага Центарот за аутизам во Тетово

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, го посети здружението на албански психолози кое работи на евиденција и на едукација на деца со аутизам во рамки на Центарот за аутизам, а финансиски е поддржано од Општина Тетово. - Денеска сум во посета на еден проект, што почна како идеја на психологот Миген Хамзаи, за евиденција и за работа со деца со аутизам. Со оваа идеја...

Арифи: Ќе го чекаме Уставниот суд да „пресече“ за локалните избори

Потпретседателката на ДУИ, градоначалничка на општина Тетово, Теута Арифи, изјави дека за разврска на политичката криза најважно е да се избере претседател на Собрание. Таа не ја исклучува можноста за лидерска средба, нагласувајќи дека „ДУИ никогаш не бегала од средби, било да се лидерски или на други нивоа“. - Најважно е да се избере претседател на Собрание. ДУИ никогаш не...

Со пари од странски организации ќе се уредува депонијата Русино

Со пари од УНДП и на швајцарската агенција за развој, ќе се уредува регионалната депонија Русино. Ова денеска го изјави градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, по средбата со министерот за животна средина и за просторно планирање, Башким Амети. Проектот, како што рече Арифи, има цел целосно да го реши проблемот со сметот во Полошкиот Регион. - Од УНДП и од швајцарската...

„Еко-герила“ бара засилена контрола врз производствените капацитети во Тетово

Здружението „Еко-герила“ преку писмено соопштение упати јавен повик до инспекторатот за екологија на Општина Тетово, да извршува почести проверки на разни производствени капацитети лоцирани на територијата на општина Тетово, во согласност со законските обврски. - Треба почесто да се контролира дали производствените капацитети ги исполнуваат еколошките критериуми за интегрирани Б-дозволи. Жителите на населбите, каде што се наоѓаат овие производствени капацитети,...

Инспекции во општините со кои раководат кадри на ДУИ

Инспекциски контроли во сите канцеларии на Општина Тетово извршил утринава трудовиот инспекторат при Министерството за труд и социјална политика. Оваа информација за „Мета“ ја потврдија од Општина Тетово. Според наши извори, се контролирало дали се почитува законот за забрана за пушење. Според записникот на трудовиот инспекторат, во ниту една од општинските канцеларии не е затекнато лице кое пуши. Но, во...

Надлежните делумно го чистат снегот од патиштата и од улиците во Тетово и во околината

Патните правци кон некои шарпланински села не се доволно исчистени, а во Тетово од снег се чистат само главните улици, велат граѓани од Полошкиот Регион. - Патот што води кон нашето село, Селце на Шар Планина, не се чисти. Треба локалните власти повеќе да се ангажираат и да ги чистат патиштата од снегот. Некои возила не можат да се движат по...

И во 2017 година Тетово ќе го мачат истите инфраструктурни и комунални проблеми

Дивата депонија, каде тетовското комунално претпријатие го претовара сметот, и оваа година ќе биде рак-рана на градот. На таа локација се таложат илјадници тони смет, кој повремено се пали. - Ние повеќе не веруваме дека проблемот со депонијата конечно оваа година ќе се реши. Секоја година локалните власти само ветуваат, а ние секоја година се задушуваме во чад и во...

Протест на жители од тетовско Сараќино поради узурпација на игралиште и на пат

Жители од тетовското село Сараќино одржаа мирен протест пред зградата на Општина Тетово, од каде побараа да им се врати дел од земјиштето на фудбалското игралиште и дел од локалниот пат, кој, како што велат, им е узурпиран од нивниот соселанец Аритон Тодоровски. Велат дека игралиштето му припаѓало на селото, а патот го користеле неколку генерации. - Сега сме без...

Тетовските гимназијалци сè уште учат во салата на општинската зграда

Учениците од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ од Тетово, кои следат настава на македонски јазик, и по речиси два месеци од почетокот на учебната година, учат во несоодветни услови во салата на зградата на Општина Тетово. Тие сè уште чекаат да се реновираат објектите на старото медицинско училиште, каде треба да го продолжат воспитно-образовниот процес. - Тука нема услови за следење настава,...

Исечени дрвјата во спортскиот центар во Тетово

Откорнати се сите дрвја во спортскиот центар во Тетово, кој беше единствената слободна зелена површина во градот. Сечата ја извршил новиот закупец на овој простор, кој месецов почна да го реконструира центарот. Од Општина Тетово велат дека сечата на дрвата е направена нелегално. „Оваа површина преставува градежно изградено и уредено земјиште со намена за спорт и за рекреација. Општина Тетово...

Сообраќајната сигнализација во Тетово не функционира

Семафорите на булеварите Благоја Тоска и Индустриска во Тетово постојано се во дефект. Во делови од Тетово недостига и хоризонтална сигнализација. Граѓаните реагираат дека вакви пропусти ја доведуваат во прашање безбедноста на пешаците и на возачите. - Секоја недела се расипуваат семафорите. Тоа создава голем метеж низ градот и не се чувствуваме безбедни. Нема доволно обележани пешачки премини, затоа и често се случуваат...

Советот на Општина Тетово формираше претпријатие за стопанисување со спортски објекти

Мнозинството советници на Општина Тетово на денешната седница на Советот, изгласаа одлука за формирање јавно претпријатие за стопанисување со спортски објекти. Новото претпријатие ќе стопанисува со стадионите во Тетово, спортскиот центар, а повремено и со спортските сали во зависност од договорите со основните и со средните училишта, кои управуваат со овие објекти. На ваквата одлука се спротиставија советниците од ДПА и...

Жителите на гостиварско Сушица со блокади ќе бараат изградба на патот кон селото

Кал и дупки длабоки половина метар. Во ваква состојба е патот кој води до гостиварското село Сушица. Мештаните велат дека земјениот пат уште повеќе се уништува од камионите на комуналните претпријатија од Полошко, кои по оваа делница го транспоритаат сметот до регионалната депонија Русино, која се наоѓа на само неколку километри од нивното село. Жителите од Сушица за наредната недела...

Група малолетници фрлале молотови коктели кон тетовската Општина

По завршување на вчерашниот протест против загадувањето на воздухот, одржан на градскиот плоштад, околу 14 часот, група од 200 до 300 учесници, претежно малолетници, се упатиле кон објектот на тетовската Општина каде извикувале пароли, фрлале јајца и запалени молотови коктели, информираат од МВР. „По кратко време, во присуство на родител и претставник од Центарот за социјални работи, бил извршен разговор...

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...