fbpx

Протест на жители од тетовско Сараќино поради узурпација на игралиште и на пат

-

Жители од тетовското село Сараќино одржаа мирен протест пред зградата на Општина Тетово, од каде побараа да им се врати дел од земјиштето на фудбалското игралиште и дел од локалниот пат, кој, како што велат, им е узурпиран од нивниот соселанец Аритон Тодоровски. Велат дека игралиштето му припаѓало на селото, а патот го користеле неколку генерации.

– Сега сме без игралиште и без пат, не можеме да стигнеме до нашето мало, патот ни е ограден и блокиран, мора да вртиме околу за да стигнеме до нашите домови. Тодоровски ни кажува дека за ова што го узурпирал има имотен лист. Како го добил, не знаеме, но не може нешто што сме го користеле со векови, сега одеднаш да му припадне на едно семејство – изјави жител од Сараќино.

Од семејството Тодоровски кое го оградиле патот и дел од игралиштето, велат дека за оградените површини поседуваат имотен лист.

– Тоа земјиште е наша сопственост. Но, ако Општина Тетово нè обесштети, ние ќе го вратиме земјиштето на селото или, пак, може за замена да ни даде друга парцела – изјави Тодоровски.

Од Општина Тетово кратко нè информираа дека примиле претставници од месната заедница од село Сараќино, на кои им било кажано дека проблемот ќе се реши институционално.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...