Тетовските гимназијалци сè уште учат во салата на општинската зграда

-

Учениците од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ од Тетово, кои следат настава на македонски јазик, и по речиси два месеци од почетокот на учебната година, учат во несоодветни услови во салата на зградата на Општина Тетово. Тие сè уште чекаат да се реновираат објектите на старото медицинско училиште, каде треба да го продолжат воспитно-образовниот процес.

– Тука нема услови за следење настава, немаме табли, во една просторија не нè собира сите, па мора да учиме со скратени часови – вели ученичка од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“.

Од секторот за образование во Општина Тетово, изјавија дека објектите на стара медицина, биле подолг период запуштени и на градежните работници им требало повеќе време за да ги реновираат.

– Зградите беа во руинирана состојба. Но, се надеваме дека реконструкцијата на една од зградите ќе биде завршена до крајот на неделава, а потоа веднаш ќе почнеме да ја реновираме втората зграда. Би требало и таа за кратко да биде готова и месецов конечно учениците да почнат да следат настава во овие објекти – изјави Ахмед Ќазими, раководител на секторот за јавни дејности при Општина Тетово.

Тетовските гимназијалци кои следат настава на македонски јазик, оваа учебна година ја почнаа со протестен марш, револтирани што властите подолг период не им обезбедуваат соодветни простории за учење. Тие изминативе неколку години учеа во зградата на Работничкиот универзитет и основното училиште „Гоце Делчев“, каде немаше соодветни услови за учење. По неколкудневните протести, Општина Тетово одлучи на гимназијалците да им ги отстапи објектите на старото медицинско училиште.

САД ќе го прекинат финансирањето за вакцини за сиромашните земји, но ќе продолжат со одредена помош за ХИВ и туберкулоза

Администрацијата на Трамп има намера да ја прекине финансиската поддршка на САД за Гави, организацијата која помогна во набавката на клучни вакцини за децата во земјите во развој, спасувајќи милиони животи...

Студентската правобранителка на УКИМ: Да ја споделиме маката и да бараме систем кој работи за нас

По низата случувања во академската заедница во текот на изминатите две недели кои следуваа по трагедијата во кочанската дискотека „Пулс,“ попладнево со став се огласи студентската правобранителка на Универзитетот „Св. Кирил...

Српските студенти организираат изложба на кучиња за собирање средства за фамилиите на жртвите од пожарот во Кочани

Студенти на Факултетот за ветеринарна медицина во Белград во недела организираат изложба на кучиња со цел да соберат средства за семејствата на жртвите од пожарот во Кочани. „Ги покануваме сите љубители на...

Започнаа годишните билатерални разговори со НАТО

Денес и утре тим од НАТО – Алијансата предводен од високиот политички експерт и известител за нашата држава Стјуарт Ендрјус ќе учествува на билатералните одбранбени разговори со Алијансата, соопштија од Министерството...

САД ќе го прекинат финансирањето за вакцини за сиромашните земји, но ќе продолжат со одредена помош за ХИВ и туберкулоза

Администрацијата на Трамп има намера да ја прекине финансиската поддршка на САД за Гави, организацијата која помогна во набавката на клучни вакцини за децата во земјите во развој, спасувајќи...