fbpx

Група малолетници фрлале молотови коктели кон тетовската Општина

-

По завршување на вчерашниот протест против загадувањето на воздухот, одржан на градскиот плоштад, околу 14 часот, група од 200 до 300 учесници, претежно малолетници, се упатиле кон објектот на тетовската Општина каде извикувале пароли, фрлале јајца и запалени молотови коктели, информираат од МВР.

„По кратко време, во присуство на родител и претставник од Центарот за социјални работи, бил извршен разговор со 13-годишен малолетник поради постоење основи на сомнение дека учествувал во фрлањето на молотовите коктели и по разговорот бил пушен. Истиот ден околу 19 часот бил приведен М.Е. (33) од Тетово, поради сомневање дека протестирајќи пред општинскиот објект во Тетово спречувал полициски службеник во вршење службено дејство, односно се обидел да му ја одземе камерата и му ја оштетил, а потоа го навредувал и му се заканувал. Со истиот е извршен разговор и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок“, се вели во соопштението од МВР.

Во настанот пред тетовската Општина нема повредени лица и не е предизвикана материјална штета.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...