fbpx
Таг: опозиција

таг: опозиција

Пратенички прашања во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја бојкотира седницата

Во 11 часот денеска во Собранието, премиерот Зоран Заев и министрите од владината коалиција по втор пат ќе одговараат на прашања од пратениците. Најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на седницата поради како што рекоа, продолжувањето на притворот на шестмината пратеници за нивното учество во насилството во Собранието од 27 април годинава. Кривичниот суд вчера одлучи да им го продолжи...

Опозицијата и понатаму нема да учествува во работата на Собранието

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и понатаму нема да учествуваат во работата на Собранието, потврдил за телевизија „Телма“ привремениот координатор на пратеничката група, Влатко Ѓорчев. Опозицијата ќе продолжи да ја бојкотира работата на законодавниот дом, бидејќи била револтирана од денешната одлука на Кривичниот суд во Скопје со која им се продолжи притворот за нови триесет дена на пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски...

Заев: Оставките на функционерите од Алијанса на Албанците се очекувани

Премиерот Зоран Заев рече дека оставката на замениците-министри од Алијансата за Албанците е очекуван чекор откако лидерот на оваа партија, Зијадин Села не ја прифатил понудата од Владата за потпретседателско место за реформи во Владата. Тој додаде дека нема да брза со разрешување на кадри во институциите како од претходната власт така и од Алијанса за Албанците, бидејќи како што рече, квалитетните...

Жбогар: По конгресот очекувам конструктивна, а не деструктивна ВМРО-ДПМНЕ

Се надевам дека по конгресот на ВМРО-ДПМНЕ следната недела, ќе добиеме опозиција која нема да биде посветена само на тоа деструктивно да ги спречи работите кои се случуваат, вели евроамбасадорот Самуел Жбогар во интервју за неколку медиуми, пренесува „Алсат М“. - Подобро е да имаме опозиција која ќе и конкурира конструктивно на Владата, со идеи, предлози и сугестии, како да...

Путин на претстојните претседателски во Русија избори ќе биде самостоен кандидат

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска на традиционалната годишна прес-конференција одговара на прашања на повеќе од 1.600 акредитирани новинари, а едно од прашањата беше и зошто се кандидира за претседател. Путин истакна дека „митот за личната власт во Русија е преувеличен“ затоа што се занемарува фактот дека и Владата врши голема работа. Тој истакна дека на претстојните претседателски избори ќе...

Заев верува дека преку дијалог ќе ја врати опозицијата во Собранието

Премиерот Зоран Заев денеска не сакаше да соопшти дали синоќа се одржал најавениот состанок со коалициските партнери околу пополнувањето на испразнетите министерски места, меѓу кои и она во Министерството за здравство. Заев рече дека штом ќе има решение за новите членови во Владата јавноста ќе биде извесетан. - Знаете дека има испразнети пратенички места кои треба да бидат пополнети од Државната...

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не сака опозиција и не е заинтересирана за реформи

Социјалдемократскиот сојуз, нивното парламентарно мнозинство и Владата на Република Македонија ја загрозуваат евро-атлантската перспектива на Република Македонија, соопшти денеска пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. „Со продолжените постапки на политички реваншизам, политички прогон и провокации кои не одат во насока на интересите на Република Македонија и нејзините граѓани, СДСМ јасно покажува дека не им е приоритет ниту европската агенда, ниту реформите во...

Разгледани 170 амандмани за предлог-буџетот, расправата продолжува утре во 11 часот

На второто продолжение на 12. седница на Комисијата за финансирање и буџет, кое продолжи и по 18 часот, беа разгледани околу 170 амандмани на предлог-буџетот, од вкупно 279, кои се предложени од ВМРО-ДПМНЕ и од Беса. На расправата, на која не учествуваа пратениците од опозицијата, беа прифатени шест амандмани, четири од ВМРО-ДПМНЕ и два од Беса, додека осум беа повлечени од...

Заев до Могерини: Продолжуваме силно, ама дома имаме „одредени политички околности“

Премиерот Зоран Заев, придружуван од вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, и од шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, денеска во Брисел се сретнаа со високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини. Заев на средбата се заблагодарил за посветеноста на ЕУ за Македонија да се врати на евроатлантскиот пат. - Сега е време да ги...

И покрај најавите за бојкот во Собранието, Владата очекува поддршка за реформите

Владата очекува опозицијата да ги покаже во пракса декларативните заложби за евроинтеграција на земјата, соопштија од Владата одговарајќи на прашање на „Мета“ дали имаат план „Б“, по најавите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека нема да учествува во носењето на законите и на реформската агенда поради притворањето на шест од нејзините пратеници. - Владата смета дека реформските приоритети предвидени во планот „3-6-9“...

Ковачевски: Комисијата за буџет може и утре да ја заврши работата

Општиот претрес на предлог-буџетот за 2018 година на Комисијата за финансирање и буџет заврши и попладнево продолжува амандманската расправа. Денеска е седмиот ден од комисиската расправа и остануваат уште три дена до законскиот рок од 10 дена, до кога расправата за предлог-буџетот треба да заврши во матичната комисија. - Ако завршиме побргу со расправата по однос на амандманите, кои се 279,...

Расправата за буџетот продлжува утре – ќе се разгледуваат предложените амандмани

Комисијата за финансирање и буџет ја прекина денешната седница и го закажа нејзино продолжение за утре во 11 часот. По една недела пауза, комисијата денеска продолжи да работи без присуство на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која засега сè уште нема одлучено дали целосно ќе го напушти Собранието. Претседателката на Комисијата, Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ, минатата недела на неопределено ја одложи работата на...

Заев не ја коментира оставката на Груевски, бара силна опозиција за поодговорна власт

Не сакам да си дозволам да коментирам работи на нашиот прв политички опонент и уште еднаш ќе повторам - силна опозиција ќе направи власта да биде поодговорна, потранспарентна, поотчетна и попосветена на граѓаните, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање за најавената оставка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. - Tоа се внатрешни процеси, кои членовите на ВМРО-ДПМНЕ заедно со раководството...

Димовски: Ставот за поддршка на планот „3-6-9“ е променет поради политичкиот реваншизам

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, рече дека ставот на партијата за поддршка на владините реформи од планот „3-6-9“ е променет, јавува телевизија „Алсат-М“. Димовски додаде дека на оваа промена влијаеле последните случувања, односно одземањето на имунитетот на шесте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. „СДСМ покажа дека нема потреба од опозиција во Собранието. Отсега понатаму сè е можно. Нашиот став е променет многу поради политичкиот реваншизам“, вели Димовски. Собранието...

Ердоган: Ќе поднесам оставка ако опозицијата докаже дека имам сметки во странство

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска во Истанбул изјави дека е подготвен да си поднесе оставка доколу опозициската Народно републиканска партија докаже дека тој има сметки во странство, јавуваат турските медиуми. - Ако можете да потврдите дека моите пари се во некои банки надвор од границата, јас ќе поднесам оставка од претседателската функција. Ако не можете да докажете, тогаш...

Груевски му се пожалил на Хан дека СЈО користи незаконски стекнати материјали

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на вчерашната средба му посочил на еврокомесарот за проширување и за соседска политика Јоханес Хан, дека опозицијата не е вклучена во реформските процеси и дека освен барањето јавна поддршка, нема суштинско вклучување во процесот на изработување на реформите. Груевски, се вели во партиското соопштение, истакнал дека има политички притисок врз судството, кој создава страв кај...

Османи побарал поддршка од Иванов за да се обезбеди консензус со опозицијата за името

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, денеска имал средба со претседателот, Ѓорге Иванов, кого го информирал за посетата во Брисел со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и за пораките што ги добиле од министрите за надворешни работи на земјите членки на Унијата. Од Секретаријатот за европски прашања информираат дека Османи му реферирал на Иванов и за реформските пакети на Владата од делот...

ВМРО-ДПМНЕ најавува „многу амандмани“ на законот за јазиците

Денешното, осмо продолжение на 15-тата седница на Собранието, на која како и вчера се расправа за предлог-законот за употреба на јазиците минува главно со изнесување на истите аргументи од пратениците од опозицијата и власта. Мал отскок од поделеноста на дискусиите на двете спротивставени страни направи независната пратеничка, Ирена Стефоска. Таа порача дека со законско решение за јазиците мора да се почитува...

Заев очекува раздвижување околу името, разговарал и со Иванов за процесот

Премиерот Зоран Заев очекува до крајот на овој месец да се раздвижат работите околу напорите за решавање на спорот за името со Грција, за што, како што потврди, веќе било разговарано и со претседателот на државата, Ѓорге Иванов. - Останува надежта дека во вака силно изразени пријателски околности со соседите и со Грција имаме поголеми шанси да изнајадеме решение. Очекувам...

ЕП ќе помага во дијалогот меѓу власта и опозицијата во Собранието

Претседателот на Собранието, Талат Џафери и европратеникот и известувач за Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл, кој е во дводневна посета на земјава, на денешната средба разговарале за можноста за отпочнување на дијалог меѓу различните пратенички групи во Собранието, под покривителство во Европскиот парламент. Ваквиот дијалог, како што се наведува во соопштението од средбата, има за цел да придонесе...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...