fbpx
Таг: одложен

таг: одложен

Одложена седницата на Европскиот Совет на која требаше да се одлучува за преговорите со Македонија

Членовите на Европскиот Совет одржаа видео-конференција и одлучија да го одложат одржувањето на состанокот на Европскиот Совет, којшто беше закажан за 26 и 27 март, јавуваат светските медиуми. Причина за одложувањето е актуелната состојба со корона вирусот. На овој решавачки состанок на Европскиот совет требаше да се донесе одлука за почеток на претпристапните преговори на Македонија со ЕУ. Освен...

ВМРО-ДПМНЕ го одложи протестот за Темелко за следната недела

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го одложи протестот за притворот на градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко, што беше најавен за вечерва пред Владата и го презакажа за 3 декември, соопшти партијата. Протестот беше најавен како реакција на продолжувањето на притворот на Темелко, но Кривичниот суд викендов донел решение со кое ја укина ваквата мерка и ја замени со куќен притвор. Како што потврдија...

Синдикатот на „Југохром“ бара итна средба со Димитриев

Синдикатот на „Југохром Алзар - Јагуновце“ бара итна средба со техничкиот премиер, Емил Димитриев, поради ситуацијата со комбинатот, чии печки се исклучени поради пробивањето на рокот за изградба на пречистителна станица. Од синдикатот реагираат на игнорирањето од страна на Владата на нивниот последен допис и бараат средбата со Димитриев да се случи најдоцна в понеделник. Оттаму наведуваат дека за утре, синдикатот...

Одложен тридневниот штрајк на грчката железница

Грчките железничари одлучија да го одложат најавениот тридневен штрајк, кој почна денеска. Штрајкот кој требаше да трае до среда на полноќ, ќе се одвива само денеска, а од утре ќе се нормализираат патничкиот и товарниот железнички сообраќај во државата. Одлуката за одложување на штрајкот ја донесоа двата синдикати на вработените во грчката железница по денешната средба со претставници на Фондот...

Одложен распитот на командирот на „Алфи“ поради увид во доказите од „Тортура“

Распитот на шесттемина осомничени во случајот „Тортура“, меѓу кои е и командирот на полициската единица „Алфа“, Ивица Антевски - Пуки, кој беше закажан за денеска, е одложен бидејќи осомничените барале дополнително време за увид во доказите од предметот, соопшти Кривичниот суд. Судијата на претходна постапка, по согласнот на обвинителот на СЈО и на адвокатите на осомничните, кои биле присутни на...

Одложен распитот на четворицата осомничени во случајот „ТНТ“

На барање на адвокатите, денеска во Основниот суд Скопје 1 повторно се одложи распитот на четворицата осомничени во случајот „ТНТ“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за уривањето на комлексот „Космос“ на бизнисменот Фиат Цаноски. Како што информираат од Кривичниот суд, одбраната од судијата на претходна постапка побарала дополнително време за да го заврши увидот во предметот и во...

Денот на дрвото го одложи рочиштето за случајот „Пуч“

Поради акцијата „Ден на дрвото“, сите судења во Основниот суд Скопје 1, закажани за 2 декември, меѓу нив и рочишето за случајот „Пуч“, се одложени и пезакажани за друг ден, соопштија попладнево од судот. „Заради одржување на акцијата „Ден на дрвото“, на 2 декември 2015 година, кој ќе биде неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, ја информираме јавноста...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...