сабота, 13 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: нуркачи | 13 резултати

Нуркачите ја накитија подводната елка во Охридското Езеро

декември 26, 2021

Членовите на нуркачкиот клуб „Амфора“ од Охрид по едногодишна пауза заради коронавирусната пандемија ја продолжија традицијата. Тие во јавноста ги споделија моментите на украсување на подводната елка во водите на Охридското Езеро со кои посакаа да е среќна и весела Новата 2022 година. Сите кои за празниците ќе го посетат Заливот на коските кој се […]

Нуркачкиот центар „Амфора“ предупредува дека Охридско Езеро се полни со отпад од четири реки (галерија)

јуни 8, 2021

Нуркачкиот центар „Амфора“ го реализираше успешно проектот „Подводна еко патрола”, чија цел беше да се откријат вливовите на реките преку кои најмногу се загадува Охридското Езеро со цврст отпад. Беа опфатени четири реки: Черава, Грашница, Далјан и Сатеска. „Состојбата со вливот на реките во езерото е алармантна. Овој проблем е одамна познат во пошироката јавност. […]

Се враќа слатководниот рак во Охридското Езеро

февруари 18, 2020

Членовите на нуркачкиот клуб „Акватек“ за време на едно од зимските нуркања, открија нови примероци слатководен рак, којшто е редок вид, во водите на Охридското езеро. Од „Акватек“ информираат дека колониите се откриени на 10 метри длабочина. Овие прастари жители на Охридското Езеро пред три децении беа на раб на исчезнување поради чума која беснеела […]

Од пештерата во Тајланд спасени и последното момче и тренерот

јули 10, 2018

Специјалците „фоки“ од тајландската Воена морнарица предмалку соопштија дека од пештерскиот систем, каде беа заглавени од 23 јуни годинава, се спасени и последното момче и тренерот. Излегувањето од отворот на пештерите Там Луанг на нуркачите и на момчето, беше поздравено со бурен аплауз и френетични извици. Четиримина нуркачи остануваат внатре во пештерите „за секој случај“, […]

Реализирана прва акција за чистење на дното на езерото Матка

мај 21, 2017

Нуркачите на спелео-нуркачкиот клуб „Врело“ од Скопје, нуркачи од Охрид, Кавадарци и Битола успешно реализирале спуштање низ езерото Матка од подводната пештера Врело се до местото викано Широко езеро (на половина од браната до пештерите) со цел на лоцирање и означување на подводен одпад, и негово понатамошно отстранување. Акцијата ја реализирале нуркачи кои биле помогнати […]

Нуркачите алармираат дека пастрмката сè помалку ја има

јануари 18, 2017

Синоќа во Охрид премиерно беше прикажан документарниот филм на „Амфора“ – „Танцот на пастрмките“, во рамките на активностите за празникот Богојавление – Водици. Филмот се снимал пет години, исклучиво во зимска сезона, во месеците декември, јануари и февруари, период кога се мрести охридската пастрмка, кој охриѓани го викаат „татиљ“ или тотална забрана за ловење. Нуркачите […]

Кај Струга откриени потопени бродови од 1887 година

јули 31, 2016

Нуркачите Никола Паскали, Александар Булески и Кире Ристески, кои се членовите на клубот „Ботом тајм“, откриле потопени бродови во водите на Охридското Езеро. – Станува збор за два брода – влекачи кои влечат пет т.н. „вагони“ за транспорт на различни добра низ езерото. Истите се произведени во далечната 1887 година во Италија, а намерно биле потопени […]

Кумановец со прострелна рана во главата пронајден во бунар во село Доброшане

јуни 30, 2016

Безживотно тело на маж, со прострелна рана на десната слепоочница, е најдено во бунар во близина на црквата „Света Мина“, во село Добрешане, Кумановско, соопшти денеска Јавното обвинителство. Тим нуркачи на Министерството за внатрешни работи го извадиле телото од бунарот, а надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово извршил увид на местото. За случајот […]

Пронајдено телото на турскиот државјанин што исчезна во Мавровско Езеро

септември 2, 2015

По дводневно пребарување, вчера, околу 16 часот, во водите на Мавровско Езеро, во атарот на селото Леуново, било пронајдено безживното тело на турскиот државјанин Ватансевер С.(66), кој во неделата, пливајќи кон спротивниот брег, исчезна во водите на езерото. Од полицијата информираат дека телото, на околу 200 метри од брегот, го пронашле членови на спелео-нуркачкиот клуб […]

Страна 1 од 1