Нуркачите ја накитија подводната елка во Охридското Езеро

Фото: Нуркачки клуб „Амфора“, фејсбук профил

Членовите на нуркачкиот клуб „Амфора“ од Охрид по едногодишна пауза заради коронавирусната пандемија ја продолжија традицијата. Тие во јавноста ги споделија моментите на украсување на подводната елка во водите на Охридското Езеро со кои посакаа да е среќна и весела Новата 2022 година.

Сите кои за празниците ќе го посетат Заливот на коските кој се наоѓа до полуостровот и автокампот Градиште, меѓу селата Пештани и Трпејца ќе може да уживаат во погледот на новогодишна елка под вода.

Охридските нуркачи оваа традиција ја одржуваат веќе 19 години. Лани за првпат по 18 години не накитија подводната елка. подводна елка за новогодишните празници. Наместо тоа, тие се поделија во групи од по тројца-четворица нуркачи, слично на протоколите за дистанца и нуркаа на три различни локации кај Заливот на коските, кај Трпејца и кај изворите на Црн Дрим кај Свети Наум.