fbpx
Таг: Nikos Kozias

таг: Nikos Kozias

Коѕиас в четврток слетува на „Скопје“

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас в четврток ќе пристигне во официјална дводневна посета на Македонија, извести македонското Министерство за надворешни работи. Посетата на Коѕиас в четврток ќе почне со неговото слетување на меѓународниот аеродром „Скопје“, само повеќе од месец откако со одлука на македонската влада името на овој аеродром беше сменето од „Александар Велики“ во „Скопје“. На 30 март,...

Заев: Недозволиви се закани, омаловажувања и сеење страв пред домовите на пратениците

Премиерот Зоран Заев смета дека со протестите што се организираат пред домовите на пратениците се вршат неколку кривични дела и тој лично ќе ги заштити нивните деца, врз кои демонстрантите сеат страв и терор. Заев ова го изјави пред Основниот суд Скопје 1, по одржувањето на денешното рочиште за случајот „Поткуп“. - Протестите се уставно право, дозволиво е протестирање на...

Коѕиас неделава во Скопје со предлогот од седум точки

Нацрт-предлогот за решавање на спорот за името со седум точки, грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас ќе го донесе неделава во Скопје, слетувајќи на меѓународниот аеродром „Скопје“, пишува грчкиот весник „Катимерини“. Според весникот, името, опсегот на неговата употреба, јазикот, идентитетот, трговските марки, кратенките и акронимите се седумте точки што ги содржи нацрт спогодбата. Според „Катимерини“, предлогот за решение е...

Коѕиас: Доаѓам во Скопје со план 20 страници, првиот дел за името е готов

Јас претпочитам име што во меѓународни рамки ќе зборува дека тој дел на Македонија е сега делот на ФИРОМ, Скопје, со Албанци и Словени и дека тој дел нема ништо заедничко со грчка Македонија - не сакам да се случуваат забуни, вели Никос Коѕиас, грчкиот министер за надворешни работи во интервју за грчката телевизија „Алфа“. Коѕиас објаснувајќи дека месецов ќе дојде...

МНР за средбата во Виена: Продолжуваат напорите за наоѓање решение

Министрите за надворешни работи се согласија да ги продолжат напорите под покровителство на ОН, соопшти македонското Министерство за надворешни работи, известувајќи за денешната средба на личниот пратеник на Генералниот секретар на ОН, Метју Нимиц со министрите за надворешни работи на  Македонија и Грција. Средбата се одржа во канцеларијата на ОН во Виена. „По конструктивната средба која е дел од напорите за...

Нимиц во Скопје на средби со државниот врв и Мицкоски и Ахмети

Посредникот од ОН во преговорите за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, утре ќе биде во Скопје на официјална посета и разговори со државниот врв и министерот за надворешни работи Никола Димитров, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Како што соопшти Министерството за надворешни работи, Нимиц утре во 12 часот ќе се сретне со...

Димитров: Македонија и Грција ќе формираат работни групи за преговори за името

Македонија и Грција се согласија да формираат работни групи предводени од министрите за надворешни работи, кои ќе водат преговори за решавање на 25-годишниот спор за името, изјавил министерот за надворешни работи, Никола Димитров за агенцијата „Ројтерс“. Тој очекува првата средба на новите групи да се одржи во февруари, при што директно ќе се преговара за можни решенија за спорот. - Се...

Димитров: Нема „ревидирање на историјата“ со Грција, туку само средба на историчари

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска негираше дека со неговиот грчки колега Никос Коѕиас договориле „ревидирање на историјата“. - На средбата во Солун не беше разговарано за ова. На средбата во Њујорк разговаравме за средба на историчари и експерти коишто ќе почнат да разговараат за ова. Тоа е договорено. Можно е министерот Коѕиас да има план ова да го...

Коѕиас: Прашањето за името треба да биде решено во 2018 година

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, за грчкиот весник „Катимерини“, изјави дека владата има намера да го реши спорот за името со Македонија. Тој вели дека националната рана, која е отворена пред 26 години, треба да биде излекувана до 2018 година, пишува „Катимерини“. - Верувам дека прашањето треба да биде решено до првата половина на 2018 година - вели грчкиот...

Коѕиас: Нимиц ќе се сретне со преговарачите од двете земји за три-четири седмици

Посредникот од ОН во преговорите за спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, ќе се сретне со преговарачите од двете земји за три до четири седмици, најавил во четвртокот грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, на двочасовниот брифинг со уредниците за надворешна политика во грчките медиуми, известува грчкиот „Њусбомб“. Во поглед на спорот, Коѕиас рекол дека е...

Димитров: Преговорите со Грција дефинитивно ќе почнат до крајот на годинава

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во интервју за „Дојче веле“ дадено при неговата посета на Германија, изразува силна увереност дека преговорите со Грција за спорот околу името, кои подолго време беа во застој, ќе продолжат до крајот на годинава. - За време на посетата на грчкиот министер Никос Коѕиас, минатата среда во Скопје, ги дискутиравме мерките за градење доверба....

Османи почнува редовни консултации со амбасадорите од Западен Балкан

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска ја одржа првата средба со амбасадори на земјите од Западен Бакан, која, како што рече е увод во постојани координативни средби. Во средбата во Секретаријатот за европски прашања (СЕП) учествувале претставници на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и на Црна Гора. На средбата се разговарало за регионалната соработка на земјите од Западниот...

Нимиц и Коѕиас задутре ќе се сретнат во Брисел

Посредникот Метју Нимиц, специјален пратеник на генералниот секретар на ОН за преговорите за спорот за името меѓу Македонија и Грција, и грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, ќе се сретнат утре во Брисел. Како што извести канцеларијата на Нимиц, средбата е на барање на Грција. Според соопштението од ОН, целта на средбата, која следи по посетата на Нимиц на Македонија,...

Коѕиас телефонски разговарал со Заев

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, вчера телефонски разговарал со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Веста за телефонската комуникација меѓу Коѕиас и Заев ја соопшти грчкото Министерство за надворешни работи. Според проценките во грчките медиуми, се работи за симболичен политички гест од грчка страна. Телевизијата „Скај“ коментира дека ова е политички гест кој ја покажува стратешката реалистичност на грчката дипломатија. Коѕиас пред...

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...