сабота, 7 март, 2026
Meta.mk

Ознака: НаТочак | 25 резултати

НаТочак од кандидатите за локална власт во Скопје бараат град кој е пријателски за пешачење и за возење велосипед

26 август 2021

Иницијативата на НаТочак побара од кандидатите на локалните избори во Скопје и скопските општини, во своите програми да предложат конкретни мерки за одржлив и безбеден сообраќај и да се заложат за град кој е пријателски за пешачење и за возење велосипед. „Промените кои се случуваат во главниот град се со многу споро темпо, во некои […]

Поставен нов бел велосипед во Скопје како потсетување за несреќи со велосипедисти да не се случуваат

29 јули 2021

Граѓанската иницијатива НаТочак постави бел велосипед (ghost bike) за загинатиот велосипедист Билаљ Љамалари, на бул. Кочо Рацин кај Црвен Крст. Ова е втор бел точак, после оној кој беше поставен на Илинденска, пред Градскиот Парк, за 13-годишниот Давид Анѓеловски. Поставувањето на белиот велосипед вчера вечер беше направено во рамките на одржаната Критична Маса #87: Бараме […]

„НаТочак“: Планот за кулите спроти „Холидеј Ин“ е автоцентричен, нема пристап за пешаци и велосипедисти

20 јули 2021

Автоцентричен, без соодветен број на пристапи за пешаци и велосипедисти. Ваков е ставот на граѓанската иницијатива „НаТочак“ во однос на планот за изградба на кули спроти хотелот „Холидеј Ин“ во центарот на Скопје. Од иницијативата велат дека планот за оваа локација мора да се стопира и да се преработи. Во спротивно ќе се поткопаат декларативните […]

Прегазен велосипедист на пешачки среде Скопје, од МВР нема казни за узурпација на вело инфраструктура

14 јули 2021

На пешачки премин во центарот на Скопје, на булеварот Кочо Рацин, вчера загина велосипедистот Б.Љ. (54) по ударот од страна на патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С. (20) од селото Батинци, се наведува во билтенот на МВР. По судирот, велосипедистот бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде […]

Активистите бараат добро да се промисли проширувањето на улицата Цветан Димов во Чаир

24 јуни 2021

Новите коловозни ленти за автомобилите и за идниот БРТ во Скопје кои ги предвидуваат градските власти би можело да претставуваат „вистински пекол“ за пешаците и велосипедистите, предупредуваат граѓанските активисти. Од граѓанската иницијатива „На точак“ велат дека токму тоа би можело да се случи доколку се оствари најавата за проширување на улицата Цветан Димов во скопската […]

По 11 месеци од барањето за “Простор анти корона”, надлежните власти глуви, а велосипедисти гинат од возила

15 март 2021

Неформалното здружение за урбан велосипедизам На Точак и Здружението на граѓани Одржливи иницијативи, со поддршка на 40 формални и неформални организации во април минатата година упатија отворено писмо “Простор анти корона” до надлежните институции. Тие тогаш предложија на булеварите со повеќе ленти, најдесната лента да биде привремено наменета за велосипеди, додека велосипедската патека да биде […]

Тротоарите во Скопје окупирани од возила, „На Точак“ бара од општините да се позанимаваат со проблемот

25 јануари 2021

Пешаците и велосипедистите се движат на улици, додека возилата ги имаат окупирано тротоарите и велосипедските патеки низ Скопје. Од граѓанската иницијатива „На Точак“ изминатиов месец водат активна кампања #ТротоаритеНаСкопје по социјалните мрежи, во која тие го прикажуваат секојдневното окупирање на тротоарите од непрописно паркирани возила. Кампањата на оваа граѓанска иницијатива следува откако на крајот на […]

Скопскиот јавен превоз со преполовен број патници, да се мисли како да се врати довербата по ковид-19 [инфографик]

20 декември 2020

Ковид-19 пандемијата го преполови бројот на превезени патници во скопскиот јавен превоз. Во периодот јануари-септември 2020 година, со автобусите на ЈСП-Скопје и на приватните превозници се превезени 16,1 милиони патници, што е за 15.434.000 патници помалку во однос на идентичниот период лани, се вели во Извештајот за остварените резултати од работењето на ЈСП-Скопје во периодот […]

Јавен систем за самоизнајмување велосипеди во Скопје и догодина нема да се имплементира

19 декември 2020

Жителите и посетителите на Скопје и догодина нема да можат да користат јавен систем за самоизнајмување велосипеди. Скопје е еден од ретките европски главни градови во кои нема ваков систем што треба да ја надополни понудата за патување со јавен превоз, кој би им овозможил на граѓаните евтино и едноставно да изнајмат велосипед на една […]

НаТочак: Бројот на скопјани што користеле велосипед се зголемил во корона кризата

15 декември 2020

Итни мерки во јавниот простор во насока на стимулирање на велосипедскиот и пешачкиот сообраќај се потребни во Скопје, покажува онлајн анкетата на 1.615 испитаници спроведена во периодот од 8 до 22 ноември од граѓанската иницијатива НаТочак и Одржливи иницијативи во рамките на проектот „Да зборуваме за климатските промени“, спроведуван од Еко Свест, ЦНВП Македонија и […]

Град Скопје делумно ги прифаќа предлозите од „На Точак“ за развој на велоинфраструктурата догодина

14 декември 2020

Буџетот на Град Скопје за 2021 година е во финална фаза на подготовка и градските власти делумно ќе ги прифатат доставените предлози на граѓанската иницијатива „На Точак“ за развој на велосипедската инфраструктура, унапредување на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот и целосно ослободување на кејот на реката Вардар. „Предлозите на иницијатива „На Точак“ за Буџетот на […]

За повеќе велосипеди на улиците, догодина мора да се развива велосипедската мрежа, безбедноста и кејот на Вардар

27 ноември 2020

Од граѓанската иницијатива „На Точак“ сметаат дека 2021 година треба да биде ударна година за велосипедскиот сообраќај во Скопје, во која ќе се вложи во велосипедските патеки и ленти, односно во развој на велосипедската мрежа, а ќе се работи и на унапредување на безбедноста во сообраќајот за велосипедистите и на целосно ослободување на кејот на […]

Велопатеките во Скопје достигнаа 110 километри, „На Точак“ со конкретни предлози до градските власти за догодина

9 октомври 2020

Должината на велосипедските патеки на територијата на Скопје годинава достигна околу 110 километри, информираат градските власти. Во изминативе три години биле изградени или реконструирани околу 30 километри од велосипедските патеки, информираат за „Мета.мк“ од Град Скопје. Тие во моментов работат на изведба на велосипедска патека на улицата Благоја Стефковски во населбата Маџари, како и на […]

Денот без автомобили го одбележуваме симболично, стапката на моторизација незапирливо расте (инфографик)

22 септември 2020

Светскиот ден без автомобили, 22 Септември, и годинава со симболични настани се одбележува од страна на државните институции и општините низ земјава. Функционерите по правило токму денешниот ден го користат за фотографирање како се движат пешки до работа или како возат велосипеди. Сепак, официјалните статистички податоци покажуваат дека стапката на моторизација на населението во земјава […]

Маџари и Сингелиќ ќе добијат велосипедска врска со Центар, активистите го бараат истото и за Чаир

14 септември 2020

Скопските населби Маџари и Сингелиќ ќе добијат велосипедско поврзување со централното градско подрачје во рамките на тековната реконструкција на булеварот Александар Македонски. Градот Скопје за прв пат ќе врши експропријација на земјиште за да се изгради велосипедска патека по овој булевар, преку која граѓаните од овие две населби ќе можат да патуваат со велосипед до […]

Велосипед во македонските возови и понатаму не може да се превезе, „На Точак“ со петиција

9 август 2020

Граѓанската иницијатива „На Точак“ пред парламентарните избори ја започна петицијата #МојатаЦрвенаВелоЛинија, со која на политичарите (пратеници и членови на извршната власт) им поставија 10 конкретни барања за унапредување на велосипедскиот сообраќај во земјава. Меѓу нив, на високото четврто место се наоѓа барањето Македонски железници да овозможат превоз на точаци во возовите низ земјава. Онлајн петицијата […]

И со и без корона вирус, исти се проблемите за возење велосипед во земјава (видео)

22 јули 2020

Прашањето за тоа колку велосипедите се важно превозно средство за граѓаните во земјава повторно се актуелизираше со пламнувањето на бројот на заболени лица од ковид-19. Брзото ширење на корона вирусот преку блиските контакти на граѓаните доведе до сериозни потешкотии во функционирањето на јавниот превоз во градовите, како и до зголемен интерес на граѓаните за користење […]

Автомобилите ни се омилени, но опаѓа бројот на домаќинства што имаат велосипед (инфографик)

7 јули 2020

Лани само 33,5 отсто од македонските домаќинства поседувале велосипед во својот дом, но затоа 65,7 отсто од нив изјавиле дека имаат автомобил. Податоците на Државниот завод за статистика за 2019 година покажуваат рекордни бројки за двете превозни средства, но за жал негативни за развојот на велосипедскиот превоз во земјава. Во изминативе години постепено се намалува […]

Автомобилите ни се омилени, но опаѓа бројот на домаќинства што имаат велосипед (инфографик)

1 јули 2020

Лани само 33,5 отсто од македонските домаќинства поседувале велосипед во својот дом, но затоа 65,7 отсто од нив изјавиле дека имаат автомобил. Податоците на Државниот завод за статистика за 2019 година покажуваат рекордни бројки за двете превозни средства, но за жал негативни за развојот на велосипедскиот превоз во земјава. Во изминативе години постепено се намалува […]

За да го намали загадувањето, Град Скопје ќе ги следи препораките од државниот кризен штаб

16 мај 2020

Започна намалувањето на вонредните мерки со кои се ограничи движењето на граѓаните, кои беа воведени со цел да се спречи ширењето на корона вирусот. Со забавување на човековите активности што и штетат на Земјата се намали загадувањето. Тоа го покажуваат и последните податоци за намалувањето на присуството на ПМ-2,5, ПМ-10 честичките и азотниот двооксид во […]

Страна 1 од 2