Поставен нов бел велосипед во Скопје како потсетување за несреќи со велосипедисти да не се случуваат

Фото: Фејсбук профил НаТочак

Граѓанската иницијатива НаТочак постави бел велосипед (ghost bike) за загинатиот велосипедист Билаљ Љамалари, на бул. Кочо Рацин кај Црвен Крст. Ова е втор бел точак, после оној кој беше поставен на Илинденска, пред Градскиот Парк, за 13-годишниот Давид Анѓеловски.

Поставувањето на белиот велосипед вчера вечер беше направено во рамките на одржаната Критична Маса #87: Бараме мерки за ноќните ѕверки, на која учествуваа стотици велосипедисти, а нивните пораки од скопските улици беа да не се повтори уште еден случај како тој на Давид или Билаљ, да не изгубиме уште еден велосипедист на скопските улици, да не дозволиме убијци да шетаат на слобода бидејќи системот го дозволува тоа.

Од НаТочак се залагаат за донесување на стратешки документ за безбедноста „Визија нула“ за Скопје, која е една од нивните главни заложби за наредниот период.