fbpx
Таг: НАТО

таг: НАТО

Катич: ЕУ смета дека Владата на Македонија води добра политика

Словенија ја потврдува поддршката за евроатланската интеграција на Македонија и заедно со државите членки на НАТО се надева дека Македонија успешно ќе го помине тој пат, а граѓаните ќе го направат вистинскиот избор на референдумот во септември и наскоро ќе седнете на истата маса како полноправна членка на НАТО, порача министерката за одбрана на Република Словенија, Андреја Катич, која...

СДСМ: Мицкоски, граѓаните се на прво место, тие не се статистичка грешка

Несериозноста и антидржавното однесување на Христијан Мицкоски отидоа дотаму што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ јавно изјави дека за него граѓаните се статистичка грешка. Граѓаните не се и нема да бидат некаква грешка, како што вели Мицкоски. Граѓаните се најважни, тие се на прво место, порача СДСМ реагирајќи на вчерашната изјава на Мицкоски. „Која е причината што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште...

Помпео: Референдумот е можност на граѓаните за одговор кој е од витална важност

Државниот секретар на САД, Мајкл на 21 август се сретна со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, кому му честиташе за историскиот Договор од Преспа меѓу Македонија и Грција, соопшти Стејт департментот. Како што наведуваат од таму, Помпео изразил поддршка за Преспанскиот договор, чија имплементација ќе овозможи државата да се приклучи кон НАТО како Северна Македонија и ќе го...

Хан: Референдумот е избор помеѓу европска иднина и изолација

Еврокомесарот за добрососедска политика и проширување, Јоханес Хан, вели дека жали поради недостаток на национално единство во Македонија во врска со референдумот за договорот со Грција и ги повикува граѓаните да го искористат своето право со цел да ја обликуваат својата иднина и иднината на својата земја. Според него, референдумот е можност за граѓаните да направат избор помеѓу европската иднина...

Спасовски: Ситуацијата е стабилна, минорни се силите кои сакаат референдумот да не успее

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вели дека во пресрет на референдумот ситуацијата во земјата е стабилна, институциите функционираат, но вели дека постојат сили кои гледаат шанса, преку нарушување на безбедноста, да остварат некакви свои цели, да се спротивстават членството во НАТО и во Европската Унија. Тој во интервју за МИА, потенцира дека тоа сепак се минорни сили кои не...

САД дава поддршка Македонија да стане членка на НАТО, рече Димитров по средбата со Помпео

Министерот за надворешни работи Никола Димитров вчера во Вашингтон имаше официјална средба со државниот секретар Мајк Помпео кој дал силна поддршка Македонија наскоро да стане 30-та членка на НАТО. - Ова е многу важен момент за македонската дипломатија. Со државниот секретар Мајк Помпео денеска имавме средба што силно охрабрува - изјави Димитров по средбата. Тој додаде дека тајмингот на средбата е...

Во јануари 2019 ќе биде потпишан протоколот за членство во НАТО, соопшти Владата

Во јануари 2019 ќе биде потпишан протоколот за членство во НАТО со што Македонија ќе почне да учествува во НАТО структурите - но без право на глас, а од втората половина на оваа година започнуваат пристапните преговори со Алијансата, соопштија денеска од Владата. По потпишувањето на протоколот за членство од Владата информираат дека започнува ратификацијата во сите 29 парламенти на...

Ахмети – Пломп: Сите кои сакаат интеграција во ЕУ и НАТО ќе го поддржат референдумот

Сите оние кои сакаат интегрирана Македонија во НАТО и Европската Унија ќе го поддржат референдумот на 30 септември, вклучувајќи ја и опозицијата, бидејќи евроатланската интеграција на земјата е исто така нивна програмска определба, истакнал лидерот на Демократската унија за интеграции Али Ахмети на средбата со амбасадорот на Холандија во Македонија, Ваутер Пломп. Во соопштението од ДУИ се наведува дека Ахмети...

Димитров: Македонија се зацврствува со Договорот, никој нема да не дели и распарчува

Со Договорот со Грција, Македонија се зацврстува на светската мапа како држава. Никој нема да не дели и распарчува, напротив земјава станува полноправна членка на НАТО и почнува преговори со ЕУ, изјави шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров во интервју за „Телевизија 24“. Тој од идниот четврток еднаш неделно на „Прашајте го министерот“, ќе одговара на директни прашања од граѓаните...

Пломп најави експертска помош од Холандија за Македонија

Премиерот Зоран Заев денеска имаше средба со амбасадорот на Кралството Холандија Ваутер Пломп на која била изразена поддршка на политиките што водат кон евро-атлантски интеграции на Република Македонија. – Очекувам мнозинството граѓани да гласаат за евро-атлантска иднина на Република Македонија на претстојниот референдум - рекол премиерот Заев, соопшти владината прес-служба. На средбата, како што се наведува во соопштението, е констатирано дека...

СДСМ: Мицкоски да каже дали е за НАТО и ЕУ или за одбрана на криминалот

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште не се изјасниле за референдумот, немаат јасен став за најважните прашања за државата и граѓаните. Цела деценија ВМРО-ДПМНЕ зборуваше за референдум и право на граѓаните да го изберат патот по кој ќе се движи државата во иднина, а сега, кога референдумот е извесност немаат јасен став, велат во соопштение до јавноста од владејачката...

Ахмети: Членството во ЕУ и НАТО ќе ни донесе напредок, стабилност и мир

Секретаријатот за европски прашања денеска во Клубот на пратеници организираше панел дискусија „Патот до Брисел преку Охрид“ за одбележување на 17 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор со кој се направи спој помеѓу Охрид како внатрешна интеграција и Брисел како надворешна интеграција на државата. Премиерот Зоран Заев рече дека Охридскиот рамковен договор гарантира дека насилството нема да биде начин...

Заев: Време е за одлука, одиме напред во НАТО и ЕУ

Време е за одлука! Одиме напред во НАТО и ЕУ, напиша премиерот Зоран Заев на неговата официјална „Фејсбук“ страница. „Со договорот македонскиот идентитет е заштитен. Граѓаните на Македонија влегуваат гордо во НАТО и ЕУ“, напиша Заев на постот на кои се додадени хаштазите #МКвоЕУ #МКвоНАТО #ФактиЗаДоговорот. На постот е прикачено и видео на кое се прикажани споменикот „Илинден“ во Крушево, Матка,...

Скапароти: Со нетрпение очекувам да станете 30. членка на НАТО

Вашата држава гради светла иднина и напредува. НАТО ја споделува вашата посветеност на демократијата, владеењето на правото, како и безбедноста и стабилноста во регионот. Вашата континуирана поддршка е важна не само за Западен Балкан, туку за цела Европа. Со нетрпение очекувам да станете 30. членка на НАТО, порача командантот на Командата на американските сили во Европа и Врховната команда...

Командантот на НАТО за Европа, генерал Скапароти во посета на Македонија

Командантот на Командата на американските сили во Европа и Врховната команда на НАТО за Европа, генерал Куртис Скапароти денеска престојува во посета на Македонија. Тој ќе се сретне со премиерот Зоран Заев. Претходно, генерал Скапароти официјално ќе биде пречекан во Министерството за одбрана, каде ќе има средба со делегација на МО и Армијата, предводена од министерката за одбрана Радмила Шекеринска....

Богоевски ја лаже и манипулира јавноста, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Павле Богоевски ја лаже и манипулира целата македонска јавност, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на пратеникот од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и коалицијата. „Во договорот јасно стои дека македонскиот јазик ќе биде единствениот јазик кој во Обединетите нации ќе биде запишан со фуснота, за разлика од тоа како е запишан во моментов. Македонското државјанство ќе биде...

Димитров: Бегањето од референдумот не е патриотизам

Не смееме да заборавиме дека пропуштивме многу европски возови и дека патот кон нашата стратегиска цел е сe потесен и потежок. Наша должност е да направиме сe што можеме за да се качиме на овој воз, бидејќи никој не знае кога и дали ќе има друг, вели министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за МКД.мк. На тврдењата од...

Иванов: Со Договорот со Грција правно се укинува македонскиот народ

Претседателот Ѓорге Иванов во своето обраќање по повод 2 Август – Илинден од Мечкин камен од Крушево, голем дел од својот говор го посвети на Договорот со Грција, за кој рече дека е „резултат на славољубие“. „Заслепени од рефлекторите, на некои наши политичари како личната слава да им е помила од достоинството и судбината на цел еден народ. Се зборува...

Иванов: Македонија заслужува членство во НАТО без дополнителни услови

Претседателот Ѓорге Иванов на средбата со Метју Палмер, вршител на должноста заменик помошник државен секретар во Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави за Европа и Евроазија, потенцирал дека не го прифаќа Договорот постигнат помеѓу Македонија и Грција бидејќи со него се крши Уставот, законите и се рушат државните институциите и претставува договор кој е на штета на македонските национални...

Џафери: Договорот со Грција во Службен весник по референдумот заедно со Законот за јазици

Официјалниот дел на кампањата за референдумот ќе започне на 10 септември, а во кампањата ќе учествуваат сите оние кои што сакаат да учествуваат, а во кој контекст ќе учествуваат, дали ќе го поддржат или ќе бојкотираат или ќе повикаат да се гласа против зависи од нив, рече претседателот на Собранието Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите. -Веќе скоро три...

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и...