fbpx

Во јануари 2019 ќе биде потпишан протоколот за членство во НАТО, соопшти Владата

-

Во јануари 2019 ќе биде потпишан протоколот за членство во НАТО со што Македонија ќе почне да учествува во НАТО структурите – но без право на глас, а од втората половина на оваа година започнуваат пристапните преговори со Алијансата, соопштија денеска од Владата.

По потпишувањето на протоколот за членство од Владата информираат дека започнува ратификацијата во сите 29 парламенти на државите членки на НАТО, согласно нивните домашни процедури. Ратификацијата трае околу една година, по што Македонија ќе стане полноправна членка на НАТО.

Во текот на пристапните разговори, Република Македонија ќе треба да потврди дека целосно ги прифаќа одредбите од основачкиот договор на НАТО и сите политички и правни стандарди на Алијансата, и да потврди дека го прифаќа процесот на одбранбено планирање на НАТО и врската со воените структури.

„Република Македонија ќе треба да декларира посветеност и спремност дека ќе се придржува на политичките стандарди на НАТО, на одбранбените и воени прашања, дека ќе одвои доволно средства за имплементација на сите обврски, дека целосно ќе учествува во структурите на Алијансата и други прашања поврзани со безбедноста. Освен тоа, Република Македонија ќе треба да изрази спремност дека ќе пристапи кон сите формални договори кои се дел од корпусот на меѓународни договори, протоколи и правила на НАТО“, велат од Владата.

Освен тоа, една од задачите ќе биде и изработување на програма за продолжување на домашните реформи како реформите за владеење на право, независност на судство, борба против корупција и организиран криминал, реформите во службите за безбедност и разузнавање како и целосна имплементација на Охридскиот рамковен договор и целосна имплементација на договорот со Грција.

Од Владата додаваат дека со тоа ќе се реализира стратешката цел на Македонија да стане членка на НАТО која е гаранција за стабилност, сигурност, неменливост на границите и зачувувањето на територијалните интегритет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...