Таг: народна банка
таг: народна банка
Финансиски образовано население – поефикасна економија, смета Богов
„Финансиското образование е од големо значење за поединците и за целото општество. Доколку поединците се финансиски описменети, тогаш можат да носат оптимални економски одлуки и ефикасно да управуваат со личните финансии. Финансиски образовано население придонесува за поефикасно функционирање на севкупната економија“, истакна денеска гувернерот на Народна банка, Димитар Богов, на промоцијата на двата едукативно-документарни филмови по повод одбележувањето на...
Богов: За предлог-буџетот за 2017 година најдобро си знае Владата
За предлог-буџетот за 2017 година најдобро знае Владата, ние како Народна банка ќе ја прилагодиме монетарната политика за да се оствари монетарна и стабилност на банкарскиот сектор, одговори гувернерот на Народна банка, Димитар Богов, на новинарско прашање за предлог-буџетот за 2017 година.
Во однос на остварливоста на проектираниот пораст и дефицит од 3 проценти, Богов додаде дека Народна банка почнува со...
Народна банка објави како ќе изгледа кованата пара „Мајка Тереза“
Народна банка го објави изгледот на кованата пара за колекционерски цели „Мајка Тереза“, која ја пушти во оптек на 11 август по повод прогласувањето на Мајка Тереза за светица.
Цената на кованата пара „Мајка Тереза“ изнесува 3.500 денари.
Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Македонија.
Странските инвестиции изнесуваат 122,92 милиони евра во првите шест месеци
Странските инвестиции во првите шест месеци од годината изнесуваат 122,92 милиони евра и се за 13,3 милиони евра повеќе во однос на истиот период лани, кога изнесувале 109,6 милиони евра, објави Народна банка.
Најголем прилив на странски капитал во земјава во истиот период има од Германија и тоа 15 милиони евра, потоа следуваат Италија со 8,6 милиони евра, Луксембург со 9,7 милиони...
Јавниот долг на Македонија достигна 6,7 милијарди евра
Во првиот квартал од годината, надворешниот бруто-долг изнесува 6.707, 4 милиони евра или 70,9 проценти од домашниот бруто-производ (БДП), што претставува пораст од 1,1 процентен поент од домашниот бруто-производ на квартална основа, објави Народна банка.
Споредено со крајот на првиот квартал на 2015 година, надворешниот бруто-долг се зголемил за 1,8 процентни поени од домашниот бруто-производ, во услови на пораст на јавниот и...
Домашниот економски пораст забавува
Во првото тримесечје домашниот бруто-производ оствари реален годишен пораст од 2 проценти, додека на квартална основа е забележан пад од 0,8 отсто, објави Народна банка во кварталниот извештај.
Од аспект на структурата на порастот, носечки сектори во првиот квартал се градежништвото, чиј пораст главно се поврзува со активностите во доменот на патната инфраструктура, и секторите трговија, угостителство и транспорт и сообраќај.
- Трет...
Kована пара „Мајка Тереза“ за колекционерски цели е пуштена во оптек
Народна банка издаде и пушти во оптек кована пара за колекционерски цели „Мајка Тереза“.
Народната банка ја издаде оваа кована пара по повод прогласувањето на Мајка Тереза за светица кое е предвидено за септември оваа година.
Цената на кованата пара „Мајка Тереза“ изнесува 3.500 денари.
Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Македонија.
Девизните резерви во јули се зголемиле
Во јули е забележано зголемување на девизните резерви, информираат од Народна банка.
Главен фактор за зголемувањето во овој период се трансакциите за сметка на државата, заради издадената еврообврзница, а во помал дел и девизните депозити на домашните банки кај НБРМ, како и интервенциите на НБРМ на девизниот пазар, коишто во текот на јули беа во насока на нето-откуп на девизи.
- Сите...
Се подобрува девизната ликвидност на банките
Сезонско зголемување на понудата на девизи од менувачи и истовремен пад на побарувачката на девизи од фирмите е забележано изминатиот месец, информираат од Народна банка.
- Трансакциите со физички лица, натамошното намалување на побарувачката и зголемувањето на понудата на девизи, придонесе банките да остварат релативно висок нето-откуп со овие клиенти. Поволните движења во трансакциите со клиенти придонесоа за подобрување на девизната...
Миноски не одговори дали и без обврзницата во буџетот има пари за плати и за пензии
Министерот за финансии Кирил Миноски, по завршувањето на редовната седница на Комитететот за финансиска стабилност, не одговори на новинарско прашање дали и без парите од еврообврзницата во буџетот има доволно средства за плати и за пензии.
Тој истакна дека парите од еврообврзницата ќе се користат за буџетските потреби за оваа и за следната година и дека имало потреба од нејзино издавање.
-...
Миноски и Богов ги повикаа банките да го одврзат ќесето за компаниите
Банките да ги ослободат средствата и да инвестираат во корпоративниот сектор, порачаа денеска министерот за финансии, Кирил Миноски, и гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Димитар Богов, по завршувањето на редовната седница на Комитететот за финансиска стабилност.
- Политичката криза имаше ефект кој резултираше со порестриктивна политика од страна на банките, па тие се воздржуваа од инвестиици во корпоративниот...
Народна банка пушти во оптек нова кована пара
Народната банка ја пушти во оптек кованата пара за колекционерски цели „владимирска“ од серијата „Икони на Пресвета Богородица“.
Оваа кована пара е изработена од сребро, а цената на „владимирска“ изнесува 3.800 денари.
Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.
Се зголемува кредитирањето на населението, а се намалува на фирмите
Банките одобриле повеќе кредити на населението, а кредитирањето на корпоративниот сектор во април и во мај било намалено, информираат од Народна банка.
- Стагнацијата на кредитите во еден дел е одраз на отписот на достасани, ненаплатени побарувања, во согласност со одлуката на НБРМ донесена во декември 2015 година, но веројатно е и реакција на неизвесниот амбиент и на падот на...
Народна банка интервенирала со 129 милиони евра на девизниот пазар
Девизниот пазар во јуни се стабилизира и по два месеца на нето-продажба, банките овој месец оствариле нето-откуп на девизи од физичките лица, информира Народна банка.
- Дополнителен фактор за повисока понуда на девизи беа и менувачниците, чијшто нето-откуп од физичките лица забележа пораст, како на месечна основа, така и на годишна основа. Со оглед на ваквите движења, во првата половина од...
НБРМ: Политичките случувања ја забавуваат економијата и ја зголемуваат неизвесноста
Податоците за домашниот бруто-производ (БДП) за првиот квартал од годинава укажуваат на понизок пораст на економијата од очекуваниот, објави Народна банка.
- Домашните неекономски фактори поврзани со политичките случувања во земјата дополнително ја зголемуваат неизвесностa околу остварувањата и оцените за економската активност во следниот период - информираат од Народна банка.
Во однос на инфлацијата, се вели дека таа и понатаму умерено се зголемува, а...
Законски измени за одговорност за шпекулантите со економски информации
Гувернерот Димитар Богов најави дека Народна банка ќе побара измени во законската регулатива за одговорност на лицата и на медиумите кои шират шпекулаци кои можат да го загрозат банкарскиот сектор и да предизвикаат негативни економски последици.
Богов ова денеска го истакна на Комисијата за финансирање и буџет, а поводот се априлските шпекулации за наводна девалвација на денарот и вештачки создадената криза на менувачкиот...
Девизните резерви намалени, но пазарот е стабилен
Девизните резерви квартално се намалени, заклучно со средината на јуни. Главен фактор за намалувањето на девизните резерви во овој период се интервенциите на Народна банка на девизниот пазар, како реакција на зголемената побарувачка за девизи, во услови на нестабилен политички амбиент.
- Од 19 април до 23 мај, Народна банка интервенираше на девизниот пазар со продажба од 129 милиони евра,...
Побавен пораст на економијата од предвидувањата со последните проекции
Затегнувањето на монетарната политика на почетокот на мај е доволна реакција за притисоците на девизниот пазар и врз депозитната база на банките, предизвикани од домашни фактори од неекономски карактер, соопштуваат од Народна банка.
- Во последниот период, видливи се знаци на стабилизирање на очекувањата и на довербата на економските субјекти, а оцените за здравоста на економските фундаменти и понатаму се...
Странските инвестиции во првите три месеци изнесуваат 58,7 милиони евра
Странските инвестиции во првите три месеци изнесуваат 58,7 милиони евра, што е за 8,7 проценти помалку во однос на истиот период лани, објави Народната банка.
Најмногу странски инвестиции има од Лихтенштајн 7,6 милиони евра, Италија 4,35 милиони евра, Австрија 3,4 милиони евра.
Во однос на сектори, најмногу странски инвестиции има во транспортна опрема, моторни возила, во градежништвото, текстил, финансиско посредување, освен...
Народна банка: Штедењето во денари на долг рок е најисплатливо
Штедењето во денари на долг рок е најисплатливо, затоа што овие депозити нудат највисока каматна стапка, пишува на страницата на „Фејсбук“ на Народна банка.
- Така, според последните расположливи податоци со март 2016 година просечната каматна стапка на долгорочните денарски депозити на населението (над 2 години без валутна клаузула) изнесува 3,7 проценти, додека каматната стапка на краткорочните депозити во евра...